Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Зголемувањето на минималната плата позитивно ќе влијае и на продуктивноста и на конкурентноста

0
By Biljana on February 10, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 10, 2022 11:19

Зголемувањето на минималната плата како мерка која е дел од владината програма, не значи само еднократен пораст на минималната плата, туку се предлага едно системско и одржливо решение понудено преку новата методологија.

„Зголемувањето на минималната плата од 15.200 денари на 18.000 денари е еднократно зголемување на минималната плата со цел да се зголеми учеството на минималната во просечната плата. Но, она што е клучно е дека станува збор за системско решение преку новата методологија за усогласување на минимална плата со 50 % од порастот на просечната плата и
50 % од процентот на индексот на живеење“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за „Агенда 35“ на МРТВ.

Тој истакна дека се очекува тоа давлијае на зголемување на продуктивноста, како и на конкурентноста на економија и дека ова е мерка која се надополнува на мерките што се преземаат за поддршка на стопанството и инвестициите, истражување и развој, зајакнување на човечкиот капитал и конкуреноста, а со тоа и на стапките на раст.

Во интервјуто потенцира дека годинава главни предизвици кои ќе влијаат на проекциите на раст се енергетската криза која почна во втората половина од минатата година, а особено во четвртиот квартал и цените на европските пазари што се отсликуваат и кај нас.

„Како и за време на пандемијата, кога креиравме и реализиравме пакети за поддршка придонесувајќи падот на БДП да биде ублажен за 4,2 % во 2020 година, реагиравме проактивно и во однос на енергетската криза. За да нема застои и да се обезбеди редовно снабдување на електрична енергија и цената на регулираниот пазар да биде ублажена, во ноември и декември 2021 година се обезбедени 90 милиони евра и во текот на оваа година околу 80 милиони евра. Дополнително една од мерките беше и намалувањето на ДДВ за електрична енергија, потоа пониската цена која ја понуди ЕСМ од цената на чинење, за да нема поголем раст на цената на електричанта енергија кај домаќинствата. Друга мерка е и поддршката на ранливите категории кои добиваат поддршка за електрична енергија и опфаќа над 35000 домаќинства и 9000 пензионери, како и мерката за енергетска сиромаштија што се спроведува откако по прогласување на енергетската криза“, потенцира министерот Бесими, додавајќи дека се мерки кои се преземени за да може нашата економија да ја надмине состојбата со енергетската криза.

Порача дека во кризен период треба да се реагира веднаш и ургентно за да се спаси економијата и да се ублажат ефектите, а дека на среден рок се поставуваат темелите на фискалната одржливост.

„Тоа го направивме во минатата година во Буџетот во 2021 година каде дадовме една петгодишна рамка. Буџетскиот дефицит од 8,2 % во 2020 година во 2021 година го намаливме на 5,4 %, а беше проектиран на 6,3 %.Оваа година имаме проекција на буџетскиот дефицит од 4,3 % и со проекција до 2026 година да се сведе на ниво од 2,2 %. Тоа значи дека помал буџетски дефицит со повисоки стапки на раст ќе придонесе кон намалување на јавниот долг. При тоа на среден рок проектиравме забрзување на економскиот раст. Ако во 2021 година очекувавме 4,1 % (или повеќе), во 2022 година проектираме раст од 4,6 % и истиот во наредните години да надмине 5 % на годишно ниво“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

минимална плата Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.