Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Притвор и куќен притвор од 30 дена добија двајцата уапсени на Скопскиот аеродром осомничени за трговија со прекурсори. Двете лица кои во текот на вчерашниот ден беа приведени на Скопскиот аеродром осомничени за сторено кривично дело „Недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ се спроведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. По произнесување на осомничените и Јавниот обвинител, судијата донел решенија и на осомничениот Н.К. му определил мерка притвор во траење од 30 дена, а на осомничениот М.З. му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена. Како што…
Зелената агенда, унапредувањето на процесот на децентрализација и сузбивањето на сивата економија, беа темите за кои разговараа министерот за финансии Фатмир Бесими и постојниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. Во делот на зелената агенда, како што информира Министерството за финансии, значајно е што Северна Македонија е во групата на девет земји на глобално ниво кои ќе добијат поддршка од Фондот за цели за одржлив развој (SDG фонд) за проектот „Инструмент за финансирање зелени проекти за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени“. Целта на проектот е полесен пристап до средства за проекти за обновлива енергија и енергетска…
Нова техника за визуелизација на тумор на мозокот, била за прв пат изведена на Клиниката за неврохирургија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Веста ја објави неврохирургот Венко Филипче: „Денеска на Клиниката за неврохирургија со мојот колега, д-р Владимир Рендевски, идниот заменик министер за здравство, на операција за прв пат изведовме нова техника што врши визуелизација односно флуоросцентно обојување на туморите. Оваа примена на напредна технологија, значајно придонесува за прецизно отстранување на тумор на мозокот кај пациентите. На колегите од Клиниката им благодарам за асистенцијата. На пациентот му посакувам што побрзо опоравување“, пиша Филипче на официјалниот профил на Фејсбук.
Бочварски вели оти тоа ќе биде еден од идните приоритети на двете држави. Министерот за транспорт врски, Благој Бочварски денеска потврди дека меѓу комисиите за транспорт и инфрастуруктура на владите на Северна Македонија и Бугарија е разговарано за изградба на интерконтекторот за гас од Петрич до Струмица. „Министерот ме информираше дека ќе се заложи да ги разгледа сите состојби моментално коишто ги има во Бугарија, но и ние од наша страна и потоа секако ресорните министерства. Овде зборувам за Министерството за економија и транспорт и врски како дел од единицата која што работи на изградба на магистралните гасоводи заедно со…
ССМ најавува дека утре во периодот од 13.30 до 14.30 ќе ја блокира главната сообраќајница во Скопје, улицата Димитрие Чуповски пред Стопанската комора. Претседателството и Советот на Сојузот на синдикати на Македонија како највисоки тела на синдикатот утре од 13:30 до 14:30 часот ќе ја блокираат улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи во центарот на Скопје во знак на незадоволство од нивниот предлог за методологијата на минималната плата. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски во изјава за МИА вели дека за нив е неприфатлив предлогот на работодавачите според кој минималната плата би изнесувала 16.164 денари. „Со она што го нудат…
Успешно е надминат проблемот со 11-годишната Ембла Адеми од Гостивар, девојче со Даунов синдром, која од денеска повторно се врати во училишните клупи во основното училиште „Башкими“. Таткото на Ембла, Илир Адеми во изјава за НоваТВ вели дека лично добил ветување и од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и од градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари дека неговата ќерка во иднина ќе учи во редовна настава со другите деца. „Ембла денеска ќе присуствува на редовна настава во втората смена. Иако, се уште нема позитивна реакција од родителите на другите деца кои покренаа петиција мојата ќерка да биде надвор од…
Предлогот на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на минималната плата влегува во Парламентот. Веста на официјлната страна на Фејсбук ја објавија од ССМ, неколку минути откако почна состанокот на економско -социјалниот совет во Владата, каде трите страни, синдикатите, работодавачите и Владата треба да се договорат околу методологијата за зголемување на минималецот. Од ССМ велат дека измените на Законот за минимална плата е веќе ставен на Дневен ред во Парламентот. „Претседателот на Собранието, Талат Џафери на 62 седница на Собранието во скратена постапка, по предлог на двајца пратеници, како 7 точка на Дневниот ред го стави предлогот на ССМ…
Откупот на тутунот тече непречено и според состојбите може да заврши пред законскиот рок, 31 март, изјави Љупчо Николовски министер за земјоделство. Тој при денешното доделување на договорите за земјоделците за земање под концесија на државното земјоделско земјиште, најави увид во состојбите и текот на откупот. Како што изјави Николовски, досега се откупени околу 16.500 тони од реколтата по просечна цена од околу 197 денари. „За околу 74 проценти од вкупно склучените договори за откуп на тутунот е веќе откупено производството. Досега се откупени околу 16.500 тони тутун од околу 22.000 тони за кои се склучени договори. Околу 94 проценти…
Најмалку пет случаи сомнителни на подваријантата „стелт oмикрон“ ќе бидат секвенционирани во Институтот за јавно здравје, дознава НоваТВ. Сепак, во лабораторија на приватна клиника во Скопје, денеска бил потврден и првиот случај на оваа подваријанта, BA.2 сојот. Според информациите на НоваТВ, првиот детектиран „стелт“ во земјава, со вирусот се заразил на 25 јануари, а примерокот во кој била изолирана подваријантата „стелт“ би изработен вчера. Пациентот за НоваТВ потврди дека е со многу лесна клиничка слика, имал температура во првите 24 часа, а потоа никакви други симптоми. Бил вакциниран со две дози вакцина пред 11 месеци и не патувал во странство.…
Учениците и студентите од земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ преферираат настава во живо или комбиниран модел. Најголем број од младите во регионов, над 70%, не сакаат да продолжат со онлајн настава и сметаат дека ниту тие, а ниту професорите не вложуваат доволно напори за квалитетна настава преку интернет што резултира во ниско до средно ниво на стекнато знаење и несоодветна едукација. Ова го покажува онлајн истражувањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) спроведено помеѓу ученици и студенти од Северна Македонија, Србија и Албанија во текот на месец Јануари 2022 година. Впечатлив и заеднички став на младите од…
Вработените во реалниот сектор се сомневаат дека има позитивна клима за зголемување на минималната плата, освен ако ваквиот процес не го субвенционира Владата како што беше во претходните три покачувања. Во услови на инфлација, енергетска криза, покачени сметки за струја и зголемени цени на прехранбени продукти, срамота е да зборуваме за минимална плата од 18.000 денари, вели Кристина Ампева од Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ – Штип. Во изјава за НоваТВ Ампева вели оти огромно разочарување е што дијалогот за минимална плата се води помеѓу синдикатите и Владата без да бидат вклучени здруженијата кои ги штитат работничките…
Портпаролот на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ, преку статус на Фејсбук се извини за кажаното на гостувањето во „Утрински брифинг“. „Во денешното гостување на Утрински брифинг на прашањето за високата смртност во нашата земја од ковид одговорив: ‘Има статистики кои се водени од претходната комисија за заразни болести кои сериозно ќе ги разгледаме, затоа што да имаше манипулација со бројките, но апсолутните бројки укажуваат на тоа дека сме на 6 или 7 место по смртност’. Би сакал да појаснам, пред се поради големиот интерес на новинарите што точно значи “манипулацијата” со бројките. Не се работи за манипулација на…