Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Значајна поддршка од УНДП за проекти за зелена транзиција

0
By Biljana on February 3, 2022 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 3, 2022 15:34

Зелената агенда, унапредувањето на процесот на децентрализација и сузбивањето на сивата економија, беа темите за кои разговараа министерот за финансии Фатмир Бесими и постојниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.

Во делот на зелената агенда, како што информира Министерството за финансии, значајно е што Северна Македонија е во групата на девет земји на глобално ниво кои ќе добијат поддршка од Фондот за цели за одржлив развој (SDG фонд) за проектот „Инструмент за финансирање зелени проекти за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени“. Целта на проектот е полесен пристап до средства за проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност за домаќинстватa и за малите и средните претпријатија. Проектот ќе се имплементира од страна на агенциите при Обединетите нации – УНДП, Меѓународна организација за миграција (IOM) и Економска комисија на ОН за Европа (UNECE) – во партнерство со ЕБРД.

Во делот на сузбивањето на неформалната економија започната е кампања за подигнување на свеста за значањето од намалување на сивата економија „Внеси боја во сивата економија“, а во завршна фаза е развојот на индикаторите за мониторирање на неформалната економија, додека во делот за унапредување на фискалната децентрализација воспоставени се два нови фонда – Фонд за изедначување и Фонд за успешност на општините.

Минатата година, потпишан е и меморандум за соработка со УНДП, со цел унапредување и поддршка на реформите во управувањето со јавните финансии: фискална децентрализација, даночни политики (трансферни цени, размена на информации за даночни цели) и неформална економија. На состанокот, Бесими и Григорјан разговарале и за идните активности во делот на овие реформи.

Зелена агенда УНДП Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.