Author: Борјан Јовановски

На парлааментарните изботри во Шпанија сите анкети до последниот ден говореа во полза на десничарската Народна партија. Анкетите говореа за голема победа на. Владата на социјалистот Педро Санчез во екот на претседавачкиот мандат со ЕУ, сите верува дека ќе мора да го напушти кормилото после големиот пораз на локалните избори. Па сепак во Шпанија во последен момент се случи голем пресвтрт кај гласачкото тело. Неочекувано во сред јули во ек на туристичката сезона и летните одмори, на гласање излегоа дури 70% од гласачите. Оваа мобилизација на гласачкото тело је предизвика лидерот на Народната партија, Мануел Фејо кој во неколку јавни…

Read More

Жителите на преспанското село Долно Дупени се во опасност од присуството на мечки кои веќе трет ден упаѓаат во селото. -Три дена се бркам со мечката која се намерачила на мојот мед. Првата вечер успеав да ја избркам со камања. Втората пуштав гласно радио кај сандаците со мед но вчера вечер сепак успеа да ми искрши дваесетина сандаци- вели еден жител на селото Долно Дупени. Присуството на мечката ги вознемири и другите жители на ова село. -Јас ја видов на патот пред мојата куќа. Таа не се плаши од ништо и не знам што ќе се прави- вели друг жител…

Read More

Скрининг процесот во пристапните преговори е пред крај. Во септермври се очекува Европската комисија да ги објави извештаите од овој скрининг процес во кои детално се забележуваат сите детали кои ќе бидат предмет на преговарачкиот процес.Извештајот на ЕК за Алвбанија и Македонија потоа ќе биде доставен до Совето на министрите каде што секоја земја членка ќе го даде своето мислење. Во меѓувреме Македонија во текот на есента треба да го усвои Акцискиот пплан за малцински права и антидискриминација кои преизлегува како обврска од преговварачката рамка. Заедно со овој Акциски план Македонија есенва ќе ги изготви и патоказите во областа на…

Read More

Дали европската рамка е фер и принципиелна ? Не Дали ставот на Бугарија кон нас е европски? Не, воопшто Дали се чувствуваме изневерени од ЕУ по Преспанскиот договор? Да, многу Дали паѓа тешко да се донесе одлука за промена на Уставот во вакви околности? Да! Дали изолацијата и закочување на европскиот процес е опасност за нас? Да, и тоа голема… Мислам дека нема со одговорите на сите овие прашања ќе се согласи големо мнозинство Македонци вклучително со одговорот на последното прашање за опасноста од изолација, во актуелните геополитички констелации , доколку не го исполниме и овој услов за влез во…

Read More

Една од темите на самитот на НАТО во Вилнус беше стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан. Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека американскиот претседател Џозеф Бајден зборувал и за безбедносниот проблем на Западен Балкан за време на неговото обраќање на самитот на НАТО во Вилнус. „Ме теши фактот што претседателот Бајден ја допре оваа точка во својот говор пред Советот, бидејќи безбедносниот проблем на Западен Балкан денес можеби не е во иста мера како големиот проблем на Украина, но не е толку мал за тој да се третира како неважен“, рече Рама, цитиран од албански медиуми. Тој посочи дека „тоа…

Read More

Пишува: Борјан ЈОВАНОВСКИ На 30 јуни 2023 година во Осло, Норвешка на Оперативниот борд на Инвестициска рамка за Западен Балкан одобрени се 14 проекти за земјите од Западен Балкан. Од 14 одобрени проекти, 3 проекти се апликации на Република Северна Македонија и тоа: 1. Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор. Грантот е во износ од 2,2 милиони евра а вкупната инвестиција од 27,5 милиони евра е поддржнана со заем од Светска банка. 2. Зајакнување на мрежата за пренос на струја во југоисточниот регион. Грантот е во износ од 8 милиони евра а вкупната инвестиција од 34,7 милиони евра е…

Read More

Претседателот Џо Бајден вчера се состана со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Белата куќа и повтори дека Алијансата е обединета во одбраната на Украина онолку долго колку што е потребно за да се бори против руските сили. „Го зајакнавме источното крило на НАТО, јасно ставивме до знаење дека ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО. Повторно велам: Посветеноста на Соединетите Држави на членот 5 на НАТО е цврста“, рече Бајден, повикувајќи се на основната одредба од повелбата според која нападот врз една земја членка се смета за напад против сите. Пред средбата со Бајден , Столтенберг…

Read More

Косово наскоро би можело да се соочи со санкции од евроатлантската заедница, изјавија повеќе високи и дипломатски извори за EURACTIV, додека албанскиот премиер Еди Рама ја откажа планираната средба со косовскиот премиер Албин Курти во средата, наведувајќи ги најавените мерки против Косово како една од причините. . ЕУ овие мерки против Косово ги предвидува во координација со САД Санкциите споменати во интерна дипломатска нота дадена вклучуваат замрзнување на фондовите на ЕУ, запирање на процесот на визна либерализација и процеси за членство во меѓународните институции. Мерките исто така предвидуваат пасивен став кон кампањата за депризнавање на Србија, реорганизирање на меѓународното воено…

Read More

Влошувањето на ситуацијата во Косово и напнатата политичка ситуација во други земји во регионот вклучително и Македонија во моментов не се во прилог на напорите во ЕУ за побрзо приклучање во Европската унија, иако тоа сега се смета за неопходно од мнозинството членки на Унијата поради геополитички причини и стабилноста на европските вредности. Ова било тема на лидерите на Германија и Франција, Олаф Шолц и Емануел Макрон кои кон крајот на минатата недела се сретнаа приватно во Потсдам, пишува парискиот весник „Фигаро“, повикувајќи се на француски официјални извори дека мора да се смислат, како што се вели „повеќе формати“ за…

Read More

Да бидеме искрени, за целиов хаос околу европските интеграции што ни се случува дома виновна е ЕУ. Нејзината конфузија, бирократска инертност, отсуство на лидерство и визија и нивните внатрешни поделби. Одлуката на Макрон да го блокира стартот на преговорите во 2019 со фамозната инвенција за новата методологија имаше фатални последици врз кредибилитетот и исклучителната кохезиска снага во македонското општество која ја генерираа европските интеграциски процеси. Едноставно бевме излажани. На тоа се надоврза дрското бугарско однесување што конечно го создаде ова што денеска го живееме. Стравот од нови блокади е реален исто како и горчливиот вкус на ранетото национално достоинство но….Дали…

Read More

Европскиот парламент наскоро ќе излезе со предлог за дискфалификација на Унгарија како од ротирачкото претседавање со Европскиот Совет поради кршење на принципите на владеењето на правото . Според актуелниот распоред Будимпешта би требало да го преземе претседавањето со ЕУ во втората половина на 2024 година. Според нацрт-резолуцијата, што треба да се гласа на 1 јуни, Парламентот ја доведува во прашање способноста на Будимпешта да претседава со ЕУ во контескт на полтиките на Орбан .. Доколку Советот на министри не постапи по однос на оваа одлука , Парламентот предупредува дека ќе преземе „соодветни мерки“, се вели во нацртот. Ако се случи…

Read More

Данската премиерка Мете Фредериксен е сериозен кандидат за преземање на кормилото на НАТО по поканата за посета на Белата куќа. Вашингтон објави дека претседателот Џо Бајден ќе ја прими Фредериксен следниот месец, што ги поттикна шпекулациите во седиштето на НАТО за тоа дали САД ќе го поддржат данскиот лидер за нов шеф на НАТО, функција традиционално резервирана за Европеец, но со благослов од Вашингтон. Актуелниот генерален секретар, Јенс Столтенберг, треба да ја напушти функцијата на крајот на септември по повеќекратно продолжување – иако е можно тој да остане на функцијата уште неколку месеци доколку лидерите на алијансата не се договорат…

Read More