Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Борјан Јовановски
Маргарита Цаца Николовска, претседателката на работната група за уставни измени во „Клик Плус“ на ТВ21 ги демантираше најавите од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека со внесување на Бугарите во Уставот, почнува процесот на промена на државата во бинационална. „Шпекулациите дека со промена на преамбулата ќе дојде до промена на идентитетот на државата и дека ќе бидеме бинационална држава, и дека ќе го изгубиме јазикот се прашања кои се со цел да поттикнат нешто кое не е потребно. Во овој момент на Македонија како држава и е потребно да работи на остварување на стратешката цел, она што е да се…
Разговараше: Борјан Јовановски Вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за НоваТВ одговара на нашите прашања за односите со Бугарија, за скринигот, шансите за интензивирање на преговарачкиот процес и изгледите да се достигне двотреинското мнозинство неопходно за уставните измени. НОВА:Критики неодамна добивте и поради забраната за eверопратеникот Ковачев да влезе на територијата на РСМ. Како се справувате со ова? Кој е вашиот одговор до Брисел по критиките од Вархеји и претседателката на ЕП? Маричиќ: Сите потребни детали се споделени со нашите европски партнери, со кои сме во дневна комуникација. Пред неколку дена се одржа Заедничкиот парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација, на…
Вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за нова одговара на нашите прашања за (зло)употребата на евроспкото знаменце во случајот на пакетот закони поврзани со изградбата на коридорот 8, за односите со Бугарија, за скринигот, шансите за интензивирање на преговарачкиот процес и изгледите да се достигне двотреинското мнозинство неопходно за уставните измени. Со Бојан Маричиќ разговараше Борјан Јовановски НОВА: Во собраниската процедура се измените на законите поврзани со договорот со Бектел. Владата го употреби европското знаменце. Каква е врската на овој пакет закони со европските интеграции? Маричиќ: Евроинтеграциите значат развој, економска стабилност и просперитет, а тоа не е можно без развиена инфраструктура.…
Специјалниот претставик на германската влада за Балканот Мануел Сарацин денеска во Скопје порача дека Северна Македонија е на вистинскиот пат да ја реализира својата стратешка цел, но во следниот период мора да се фокусира на обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка, на владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата, за да ја задржи динамиката на напредок кон ЕУ. Тој исто така нагласи дека како и досега Македонија ја има силната и принципиелна поддршка од европските партнери, но дека многу поважно е да имаме политички консензус и проактивност од сите политички партии за евроинтегративниот процес. На средбата со вицепремиерот…
Оваа година е клучна за проширувањето на ЕУ поради промените во начинот на кој тоа се прави и со новите балкански членки кои носат можности за заедницата на ЕУ, рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на конференцијата за Балканот на ЕУ во вторник во Софија. Комесарот за проширување упати порака до земјите кандидати за членство дека е време да се носат храбри одлуки. „Перцепцијата за Европа е ставена на друг тест. Руската агресија во Украина предизвика компликации во некои европски земји. Според нив, само нивното пристапување во ЕУ ќе им гарантира мир и просперитет, а членството во ЕУ води токму…
Европските избори ќе се одржат меѓу 6 и 9 јуни 2024 година, се вели во писмото на шведскиот министер за ЕУ, чија земја претседава со Советот на ЕУ упатено до претседателката на парламентот Роберта Мецола. Во писмото се велиа дека, бидејќи земјите-членки не можат да донесат едногласна одлука за датумот на изборите, актуелниот изборен закон на ЕУ стандардно ги одредува изборните денови на почетокот на јуни. „Како што знаете, Изборниот акт на ЕУ утврдува дека за промена на датумите е потребна едногласна одлука на Советот, по консултација со Европскиот парламент. Бидејќи ниту еден од алтернативните датуми не ја собра потребната…
Комесарката за истражување и иновации на Европската комисија , Марија Габриел, поднесе оставка од нејзината функција и го презема предизвикот да формира нова бугарска коалициска влада. Габриел минатата недела беше избрана од лидерот на нејзината партија Бојко Борисов за следен бугарски премиер. Бугарскиот претседател Румен Радев во понеделникот и го додели институционалниот мандат за формирање влада. Габриел како член на ГЕРБ и десниот центар се приклучи на извршната власт на ЕУ како комесар за дигитални прашања во 2017 година и го презеде портфолиото на истражување, иновации, образование и култура на почетокот на сегашниот мандат, во 2019 година. Нејзиното искуство во…
Денеска Турците одлучуваат за нивната иднина. Овие избори во Турција се оценуваат како најзначајни во Европа во оваа 2023 година. Изборите коинцидираат со 100 годишнината од основањето на секурланата турска република од Мустафа Кемал Ататурк во 1923 година. Во една од анкетите деновиве објавени на глобалните ТВ мрежи еден млад човек во Истанбул на прашањето што ќе се случи доколку победи Ердоган, тој одговори: „Планираме да започнеме длабока жалост. Нашата земја каква што ја знаеме повеќе нема да ја има“. Турција денеска треба да одлучи дали се враќа на постулатите на славниот Ататурк и неговата заложба за Турција со европски…
Група од неколку земји членки на ЕУ решија да гио ставаат на маса контроверзното прашање за одлучување со едногласност во сферата на заедничката надворешна политика. Групата на пријатели како што се нарекуваат овие земји членки сметаат треба да се поттикне гласањето со квалификувано мнозинство во Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на ЕУ. Целта на Групата на пријатели е да ја подобри ефективноста и брзината на нашето одлучување во надворешната политика. Во контекст на руската агресивна војна против Украина и растечките меѓународни предизвици со кои се соочува ЕУ, членките на Групата се убедени дека на надворешната политика на ЕУ и…
ЕУ реши да го следи примерот на САД во борбата против корупцијата вон нејзините граници. “Корупцијата ја поткопува демократијата, владеењето на правото, човековите права, мирот и меѓународната безбедност и одржливиот развој. Сериозните акти на корупција, исто така, можат да ги загрозат мирот и меѓународната безбедност, овозможувајќи тероризам, организиран криминал и други злосторства. Затоа, мораме да го прошириме опсегот и да се справиме со корупцијата ширум светот” вели високиот претставни, на ЕУ, Јозеф Борел. Со предлог кој ЕК го достави до Советот на министрите и Европскиот парлемент се воспоставува нов режим на санкции насочен кон сериозните корупциски дела ширум светот. Со…
Од 92 место во 2020, 57 во 2022 година Македонија направи нов голем скок на листата на Репортери без граници искачувајќи се на 38 место во последниот извештај на оваа организација за слободата на медиумите во светот. На ова најново рангирање Македонија е убедливо најдобра во целиот регион пред Словенија и Хрватска кои се на 50 и 42 место. Албанија и Србија се на 96 и 91 , Грција на 107 место. Најдобри на ранг листата традиционално се скандинавците и Ирците. На дното на рангирањето, се исто така традиционално , Кина и Северна Кореа. Ранг листата на Репортери без граници…
По обидот за атентат врз бугарскиот обвинител, извршната власт на ЕУ треба оваа недела да усвои предлог за борба против злосторствата низ целиот блок преку зајакнување на антикорупциските тела, усогласување на дефинициите и казните и олеснување на прекуграничните истраги. Предлогот на мерките кои треба да се превземаат го водат потпретседателите на Комисијата, Вера Јурова и Маргаритис Схинас, а поставен за усвојување од Колеџот на комесари кои редовно се одржува во среда. Земјите на ЕУ добро се снаоѓаат во меѓународната ранг-листа за борба против корупцијата но дефиницијата за тоа што претставува корупција – како и средствата за известување и борба против…