Author: НОВА ТВ

По неговите 12 години како премиер на Израел, можно е конечно да дојде крај на владеењето на Бенјамин Нетејаху од десничарската партија Ликуд. Нафтали Бенет, лидерот на крајно десничарската партија Јамина (што во превод значи „десница“), вчера објави дека планира да се придружи кон анти-Нетенјаху коалицијата која е предводена од центристичката партија Јеш Атид. Јаир Лапид, лидернот на Јеш Атид, доби мандат од 28 дена за да формира влада, но ова беше привремено оддолжено кога почна ескалацијата на нападите врз Газа од страна на израелските сили. За време на 11-дневниот напад врз Газа, беа убиени 253 Палестинци, од кои 66…

Read More

На 22ри мај, 2021 еруптираше вулканот Нирагонго во Демократска Република Конго (ДРК)* и уби десетици луѓе. Овој вулкан се наоѓа во Националниот парк Вирунга кој е во близина на Гома, главниот град на провинцијата Северен Киву, кој има население од околу 670 000 жители, но некои невладини организации сметаат дека градот всушност има околу 1 милион жители. Во саботата владата на ДРК погрешно изјави дека се очекува уште една ерупција, но тоа за среќа се нема случено. Сепак, дури и без втора ерупција хуманитарната криза во државата е огромна. Околу 400.000 луѓе се евакуирани од „Црвените зони“ во градот Гома…

Read More

Повеќе од половина Германци се и понатаму незадоволни од управувањето на владата со кризата со коронавирусот, и покрај напредокот во вакцинацијата, олеснувањето на ограничувањата и падот на бројот на новозаразени. Во истражувањето спроведено за агенцијата ДПА од институтот за анкетирање ЈуГов, 24 проценти се „многу незадоволни“, а дополнителни 30 проценти се „прилично незадоволни“ од постапките на владата. Наспроти тоа, само шест проценти се „многу задоволни“ и 35 проценти се „прилично задоволни“. Пет проценти не се изјасниле. Во март, 65 проценти од Германците биле незадоволни од одговорот на коронавирусот, а само 30 проценти биле задоволни.

Read More

Пандемијата со Ковид-19 ќе заврши само кога ќе се вакцинира најмалку 70 проценти од светската популација, предупреди денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, повикувајќи да се забрза вакцинацијата и сите да бидеме внимателни додека полека се олеснуваат ограничувањата. -Немојте да мислите дека пандемијата е готова. Пандемијата ќе престане само кога ќе се вакцинираат најмалку 70 проценти од населението, изјави Клуге во Копенхаген, изразувајќи жалење за „се уште пребавната вакцинација”, вклучувајќи ја тука и Европа. На 53 територии, колку што европскиот регион има според стандардите на СЗО, само 26 проценти од населението примило прва доза од…

Read More

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска пред разговорите со рускиот претседател, Владимир Путин, во Сочи, го обвини Западот дека сака да ја дестабилизира негобата земја, кон која ЕУ вчера воведе санкции поради пренасочувањето на авионот на „Рајанер“ и апсењето на опозицискиот новинар и блогер, Роман Проташевич, кој бил на летот од Атина за Вилнус, а присилно слета во Минск. -Во тек е обид за дестабилизирање на ситуацијата, се да биде како што беше во август 2020 година, рече Лукашенко на почетокот на средбата со Путин, осврнувајќи се на големите демонстрации минатата година по претседателските избори, кои опозицијата ги смета за наместени.…

Read More

Хелсиншкиот комитет за човекови права во изјави следното околу прекршувањето на работничките права во текстиланата индустрија во Штип: Штипските текстилни работнички од конфекцијата Алкон-текс (конфекција Лонгуров) и денеска протестираа пред седиштето на работодавачот, барајќи заштита на своите работнички права и исплата на априлската плата. Ова е втор протест, по вчерашниот, на кој ја побараа заработената плата, како и заштита од институциите. Текстилните работнички најавија дека утре, во 9 часот, повторно ќе се соберат пред седиштето на работодавачот за да го изразат своето незадоволство. Бисера Кафтанова е една од работничките испратени на принуден одмор, која два дена протестира пред Алкон-текс: „Работевме во…

Read More

Папата Франциск ќе испрати контрола во најголемата германска надбискупија, во Келн, поради долгогодишните проблеми со скандалите околу сексуалното злоставување малолетници, соопшти денеска Светата столица. „Претставниците на Светата столица во првата половина на јуни ќе се обидат да создадат детална слика за комплицираната пасторална ситуација во надбискупијата во Келн. Тие ќе ги испитаат можните грешки на кардиналот Рајнер Марија Воелки“, се наведува во соопштението од канцеларијата на папата Франциск. Надбискупот на Келн, кардиналот Раинер Марија Воелки, со месеци се наоѓа на удар од критики поради неговиот однос кон процесот на расветлување на случаите на сексуална експлоатација на деца, правен од свештенството…

Read More

Британското здравствено регулаторно тело ја одобри денеска употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон, соопшти Министерството за здравство во Лондон, со што вакцината на оваа компанија стана четврта која има дозвола за употреба во земјата. Пред неа одобрени се вакцините на Фајзер/БиоНТек, Модерна и на Астра Зенека. Велика Британија ја намали побарувачката за оваа вакцина, која се дава во една доза, поради проблемите на фармацевтската компанија со испораката, но и поради извештаите за згрутчување на крвта. Британија досега вакцинираше две третини од граѓаните со најмалку една доза од вакцините, а Владата потенцира „досега невидена брзина и обем на имунизација“. –…

Read More

Многумина сметаат дека Германија е земја која се има справено со своето „темно минато“. Односно, за разлика од други земји со фашистичка историја, во Германија тешко дека некој заборава на Втората Светска Војна или пак Холокаустот. „Erinngerungskultur“ или „културата на сеќавање“ е една од клучните алатки преку кои Германија сѐ уште се справува со темното минато на геноцидот извршен врз 6 милиони Евреи и стотици илјади Роми, како и прогонувањето на геј мажи, луѓе со противреченост и други маргинализирани групи за време на Третиот Рајх. Без разлика што Германија е полна со споменици, музеи и слични обележја преку кои тешко…

Read More

Вчера беше објавена видео едицијата на феминистичката платформа за раскажување на женски приказни „Пич Прич“. Како и секогаш и оваа необична пандемиска едиција на „Пич Прич“ беше предводена од страна на писателката Румена Бужаровска и преведувачката Ана Василева. Оваа едиција на „Пич Прич“ со тема „Фасада“ всушност била снимена минатата година без публика, но дури сега беше објавена. Видеото почнува со водителките Румена и Ана кои се шетаат околу спомениците на Скопје 2014 облечени во кичасти фустани и носејќи барокни перики кои одговараат на позадината која ги опкружува. Тие објаснуваат каква цел има овогодишниот „Пич Прич“. „Пич Прич е иницијатива…

Read More

Државниот секретар на САД Антони Блинкен ја продолжува својата тура низ Блискиот Исток. Вчера тој се сретна со египетскиот лидер Абдел Фатах ел Сиси за да ја дискутира идната соработка помеѓу САД и Египет особено околу прашања за Израел и Палестина. Порпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс го изјави следното за средбата помеѓу Блинкен и ел Сиси: „Секретарот му ја пренесе благодарноста на претседателот Бајден на претседателот Сиси за критичните напори на Египет за медијација за поддршка на примирјето помеѓу Израел и Хамас и другите групи во Газа и за помошта на Египет во евакуацијата на американските граѓани на безбедно.“…

Read More

Доколку Сашо Мијалков остварил било каков контакт со обвинетите, таквиот контакт би бил евидентиран во телефонските оператори и врз основа на испис од телефонскиот контакт лесно и недвосмислено ќе се утврдело дека таквиот контакт бил реализиран. Свесен за овој факт, дека таков доказ нема бидејќи таков настан не се ни случил јавниот обвинител го темели своето обвинение на голи претпоставки, изјави денеска адвокатот Љупчо Шврговски во завршните зборови на одбраната во случајот „Тортура“ каде обвинет е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Адвокатот Шврговски дополни дека и за преостанатите обвинети отсуствува обликот на дискриминација поради поинаква политичка определба како…

Read More