Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија конечно го признава геноцидот во Намибија, но некои сметаат дека предоцна

0
By НОВА ТВ on May 28, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 28, 2021 14:24

Многумина сметаат дека Германија е земја која се има справено со своето „темно минато“. Односно, за разлика од други земји со фашистичка историја, во Германија тешко дека некој заборава на Втората Светска Војна или пак Холокаустот. „Erinngerungskultur“ или „културата на сеќавање“ е една од клучните алатки преку кои Германија сѐ уште се справува со темното минато на геноцидот извршен врз 6 милиони Евреи и стотици илјади Роми, како и прогонувањето на геј мажи, луѓе со противреченост и други маргинализирани групи за време на Третиот Рајх.

Без разлика што Германија е полна со споменици, музеи и слични обележја преку кои тешко е да се заборави оваа историја, не секој дел од германското минато е вака претставено. Германија е често критикувана за игнорирање на сопственото колонијално минато во Африка и не доволно обрнување на внимание на анти-афричкиот расизам во државата. На пример, со години афро-гермаски активисти се бореа за да се смени името на една од поголемите улици во главниот град Берлин: улицата „Mohrenstrasse“ се наоѓа во центарот на градот и низ нејзе поминува U2 метро линијата. Нема соодветен превод на зборот „Mohren“ на македонски, но тоа е расистички и погрден збор што се користел за африканци во минатото.

По многу притисок од страна на активисти во август, 2020 конечно се почна процесот за преименување на оваа улица. Новото име на оваа улица и метро станица е „Anton-Wilhelm-Amo-Strasse“ која е именувана по првиот афро-германски академик.

Заради оваа проблематична историја со анти-афричкиот расизам во Германија, признавање на геноцидот во Намибија од страна на германската влада е доста значително.

Намибија е држава во јужниот дел од Африка која била окупирана од страна на Германија од 1884 до 1915. Германските колонизатори убиле десетици илјади луѓе од Хереро и Нама народите во Намибија во масакрите на почетокот на 20 век. Признавањето на овој геноцид доаѓа дури по пет години преговори помеѓу владите на двете држави.

„Во чест на историската и морална одговорност на Германија, ќе побараме прошка од Намибија и потомците на жртвите,“ рече германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Мас додаде дека Германија се обврзува да даде поддршка на развојот на Намибија преку програма вредна повеќе од 1,1 милијарди евра. Оваа поддршка ќе биде исплатена во период од 30 години и парите ќе бидат потрошени на програми за инфраструктура, здравствена заштита и обука во корист на засегнатите заедници.

Иако овој геноцид беше генерално заборавен – и секако официјално непризнаен од страна на Германија до сега – тој бил екстремно брутален. Шефот на германската воената администрација во Намибија, Лотар фон Трота, издал наредба за истребување на Хереро и Нама луѓе. Секој што бил пронајден како се обидува да се врати во својата земја или бил убиен или ставен во концентрациони логори. Нема јасни бројки за колку луѓе биле убиени на овој начин, но се смета дека има десетици илјади.

„Имаме проблем со таков договор, кој сметаме дека претставува целосна [морална] распродажба од страна на намибиската влада“, рече Векуии Рукоро, врховен Хереро началник, кој се има обидено да ја тужи Германија за обештетување пред американските судови. Рукоро смета дека овој договор не е доволен за покривање на „неповратната штета“ претрпена од страна на намибискиот народ.

 

Елена Гаговска

геноцид Германија Намибија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.