Author: НОВА ТВ

Од Круг.мк пишуваат: Мекларен потпишаа повеќегодишен договор со Гулф Оил во Хули откако претходно соработуваа од 1968 до 1973 година, а и на Ле Ман во 1990-тите. Историските бои на Гулф, светло сина и портокалова, се историски поврзани со болидите и сега ќе бидат на болидите на Даниел Рикардо и Ландо Норис. Кацигите на двајцата возачи ќе бидат во боите на партнерот Минд. Мајк Џонс и јас се познаваме веќе некое време. Одамна сакаме да направиме вакво нешто бидејќи боите на Гулф се легендарни. Побаравме од дизајнерскиот тим да направат нешто посебно и тие го испорачаа тоа, изјави Зек Браун.…

Read More

Од Фокус известуваат: Земја – членка на ЕУ влегува во интимниот простор на Северна Македонија и јас на тоа отворено ќе се спротивставам, изјави претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ по самитот, на Брдо-Бриони Процесот, во Брдо кај Крањ. – Не се сите на исто ниво во напредокот на преговорите. Некои се понапред, некои се поназад. Северна Македонија се наоѓа во една невозможна позиција. Тоа е тема, што воопшто не ја допревме на денешните разговори, ниту во текстот на заедничката декларација, ниту пак Македонците на тоа воопшто инсистираа. Се работи за условите кои им се поставени во една, релативно зрела фаза…

Read More

Овој викенд по повод 73тата годишнина на Денот на Накба се организираа протести низ многу градови во Европа во солидарност со палестинскиот народ. Годишно на 15 мај, Денот на Накба го одбележува присилното протерување од 1948 година на речиси 800 000 Палестинци од нивните домови во историска Палестина. Според BBC нападите врз Газа продолжуваат да се зголемуваат по веќе една недела ескалации. Вкупниот број на жртви на територијата сега изнесува 198, вклучувајќи 58 деца и 34 жени, со 1.230 повредени, според Министерството за здравство во Газа. Израел вели дека повеќе од 130 милитанти од Хамас се меѓу загинатите – но…

Read More

Во Фокус го пишуваат следното за тајна разузнавачка акција за враќање на Груевски на власт во С. Македонија: Меѓународниот институт ИФИМЕС во својата последна анализа за Македонија пишува и за тајна разузнавачка акција чија цел е враќање на Никола Груевски на власт во Македонија. Според анализата, центарот на акцијата е во Будимпешта, а е потпомогната од неколку европски државни лидери кои доаѓаат од десницата. -Аналитичарите предупредуваат на тајна разузнавачка операција, која во меѓународните кругови се нарекува „Коњски скок“, а чија крајна цел е враќање на Никола Груевски во Северна Македонија и уривање на постојната политичка гарнитура. Затоа, интензивно се работи…

Read More

Невладината организација Коалиција Маргини го напиша следното на својот Фејсбук профил: На Меѓународниот ден на борбата против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата, а во насока на подобрување на состојбата на ЛГБТИ луѓето во Северна Македонија, ILGA-Europe препорачува: Воведување закони за говор на омраза кои експлицитно ќе ги покријат сите пристрасно мотивирани злосторства, засновани на сексуална ориентација, родов идентитет, родово изразување и полови карактеристики. Развивање на фер и транспарентна законска рамка за правно признавање на родот, базирана на процес на самоопределување и ослободена од присилни барања. Усвојување на Национален акциски план за ЛГБТИ 2021-2025 со инкорпорирани сугестии од страна на граѓанскиот сектор,…

Read More

Неформалната организација Скопје Прајд која ја организираше првата парада на гордоста во Скопје во историјата на С.Македонија во 2019 го напиша следното на својот Фејсбук профил: Што е 17. мај? Меѓународниот ден против хомофобија, бифобија, интерфобија и трансфобија беше создаден во 2004 г. за да се сврти вниманието кон насилството и дискриминацијата што ги преживуваат лезбијките, геј мажите, бисексуалните, трансродовите, интерсекс и другите луѓе со различни сексуални ориентации, родови идентитети или експресии и полови карактеристики. Датумот 17. мај беше специјално избран за да се одбележи одлуката на Светската здравствена организација од 1990 г. да ја декласифицира хомосексуалноста како ментално растројство.…

Read More

Од BBC известуваат дека Гуџерат, западната сојузна држава во Индија, се соочува со циклонот Таукае и се смета дека ова е најсилна бура што го има погодено регионот во последните 23 години. Најмалку шест лица загинаа, а околу 25 000 луѓе се евакуирани во последните два дена во услови на обилни дождови што го придружуваа невремето. Според метеоролозите оваа бура сега се класифицира како „екстремно силна циклонска бура“. Овој регион на Индија е често погоден од страна на бури и циклони. На пример, во јуни, 2020 Мумбаи беше погоден од циклонот Нисарга исто така за време на Ковид-19 пандемијата. Мумбаи…

Read More

Гласни Идеи ја напиша следната изјава на својот Фејсбук профил околу вчерашниот протест во солидарност со палестинскиот народ: Во организација на Гласни идеи и Социјален центар Дуња се одржа најавениот протест за поддршка на палестинскиот народ. За жал протестот не беше мирен и започна со инцидент, односно со непочитување на правилата на организаторите за неносење на етнички, верски и национални симболи. Дополнително протестниот собир беше узурпиран од за нас непознати структури со десничарска идеологија. Поради тоа како организатори бевме принудени да се поместиме на другата страна на плоштадот каде го одржавме планираниот мирен протест. Изразуваме задоволство од демонстрантите кои го…

Read More

Протестот во солидарност со палестинскиот народ организиран од страна на Гласни Идеи се подели откога група од демонстрантите се појавија со религиозни и националистички симболи. Џејлан Велиу, активистка од Гласни Идеи, експлицитно кажа дека Гласни Идеи се одвојува од другата група на демонстранти заради присуството на националистичките симболи кои немаа врска со случувањата во Палестина. Велиу исто така потенцираше дека Гласи Идеи организираат мирен протест. Според Al Jazeera во последната ескалација на настаните во регионот, најмалку 145 палестинци, од кои 41 дете, беа убиени во Појасот Газа почнувајќи во понеделникот. Околу 950 други се ранети. На окупираниот Западен брег, израелските…

Read More

Протестот во солидарност со палестинскиот народ е организиран од страна на левичарските здруженија Гласни Идеи и Социјален Центар Дуња. На настанот на Фејсбук тие го пишуваат следното: „Палестинскиот народ во окупираниот источен Ерусалим се соочува со етничко чистење од државата Израел. Како резултат на нападите и насилството што ги користеа израелските власти, само оваа недела, беа убиени над 30 Палестинци, од кои 14 деца, оставајќи стотици повредени. Покрај тоа, систематското насилство прераснува во иселување и узурпација на палестинските домови во Ерусалим. Постојаното угнетување и притворање на палестинскиот народ од страна на фашистичката власт во Израел е кршење на основните права…

Read More

И покрај постојаниот дожд овој викенд во Брисел, небото се отвори два часа за време на протестот на илјадници граѓани на европската престолнина во име на правата на Палестинците, јави дописничката на МИА од Брисел. Според полицијата над три илјади граѓани излегоа во центарот на Брисел попладнево да протестираат против нападите на израелските воени сили врз палестинското население и да побараат и од белгиската влада и од Европската Унија санкии против Израел. Организаторите на протестот, Белгиско-палестинското здружение, во соработка со еврејските организации, УПЈБ и Де-колонизер, кои очекуваа максимум илјада луѓе попладнево, и самите се изненадија од масовноста на манифестацијата, посебно…

Read More

Италија ќе го казни Гугл со повеќе од 100 милиони евра поради злоупотреба на доминантната позиција, соопшти денеска телото за заштита на конкуренцијата. Казната, која изнесува 102,084 милиони евра, е образложена со одбивањето на интернет гигантот на својата платформа Гугл плеј да прифати независна апликација која овозможува пронаоѓање станици за полнење на електрични автомобили, се наведува во соопштението. – Преку оперативниот систем Андроид и продавницата за апликации Гугл плеј, Гугл има доминантна позиција… Треба да се има предвид дека во Италија околу три четвртини од паметните телефони користат Андроид, објаснува регулаторното тело. Според истрагата на италијанскиот регулатор, Гугл не одобрил…

Read More