Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести во солидарност со палестинскиот народ низ Европа и светот

0
By НОВА ТВ on May 17, 2021 СВЕТ
Протест во солидарност со Палестина во Берлин.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 17, 2021 17:04

Овој викенд по повод 73тата годишнина на Денот на Накба се организираа протести низ многу градови во Европа во солидарност со палестинскиот народ. Годишно на 15 мај, Денот на Накба го одбележува присилното протерување од 1948 година на речиси 800 000 Палестинци од нивните домови во историска Палестина.

Според BBC нападите врз Газа продолжуваат да се зголемуваат по веќе една недела ескалации. Вкупниот број на жртви на територијата сега изнесува 198, вклучувајќи 58 деца и 34 жени, со 1.230 повредени, според Министерството за здравство во Газа. Израел вели дека повеќе од 130 милитанти од Хамас се меѓу загинатите – но Хамас не го признава тоа.

Милитантната палестинска група Хамас исто така го возвраќа ударот со истрелување на ракети кон Израел. Израел вели дека над 3 000 ракети биле истрелани кон нивната територија. Според ABC News до сега се убиени 7 израелци.

Советот за безбедност на ОН одржа вонреден состанок во неделата, а генералниот секретар Антонио Гутереш предупреди дека понатамошните борби имаат „потенцијал да се ослободи незадржлива безбедносна и хуманитарна криза“.

Исто така три тешки ракети ја уништија и 12-катната кула Ал-лaала’а во градот Газа, во која се наоѓаа канцелариите на медиумите, вклучувајќи ги The Associated Press и Al Jazeera.

(Протест во Кројцберг, Берлин. Кредит: Емма Џакоби)

Протести во знак на солидарност со палестинскиот народ беа организирани низ повеќе градови во Европа, меѓу кои и во Берлин, главниот град на Германија, каде демонстрантите се противеа на администрацијата на центар-десната канцеларка Ангела Меркел која изрази поддршка за израелските сили. Илјадници демонстранти беа собрани во Берлин — некои дури и сметаат дека бројот на протестанти бил околу 15 000, нешто што не се има случено во Германија до сега. Во Германија палестинското прашање е прилично сензитивно заради германската историја со протерувањето на евреите и самиот холокауст. Односно во одредени контексти, како во таканареченото „anti-deutsche“ движењето, поддршка за Палестина некогаш се перцепира како анти-семитизам.

(Протест во Сиднеј, Австралија. Кредит: Ким Стерн)

5 000 луѓе демонстрирале во Сиднеј, Австралија, како и неколку стотици во Мелбурн. Ранда Абдел-Фатах, писателка и истакната палестинска активистка, смета дека движечка сила во протестите се социјалните медиуми.

Протести беа организирани и во држави од Блискиот Исток, како во Катар и Ирак. Тања Милевска, дописничката од Брисел за МИА, исто така извести дека имало голема демонстрација во Бристел. Беше одржана и демонстрација во Париз, Франција каде присуствуваа неколку илјади демонстранти каде маршот технички беше забранет.

Беа организирани и демонстрации низ Канада и САД – еден од главните сојузници на Израел кој им дава 3.8 милијарди долари воена помош на државата. Имало протести во Њу Јорк, Бостон, Вашингтон, Монтреал и Дирборн, Мичиген.

Имаше и демонстрација во Скопје која беше организирана од страна на левичарските здруженија Гласни Идеи и Социјален центар Дуња која на крај се подели на две демонстрации заради група демонстранти кои се појавија со религиозни и националистички симболи. Гласни Идеи го изјави следното во нивното официјално соопштение по протестот:

„За жал протестот не беше мирен и започна со инцидент, односно со непочитување на правилата на организаторите за неносење на етнички, верски и национални симболи. Дополнително протестниот собир беше узурпиран од за нас непознати структури со десничарска идеологија.

Поради тоа како организатори бевме принудени да се поместиме на другата страна на плоштадот каде го одржавме планираниот мирен протест.“

(Активистката Џејлан Велиу од Гласни Идеи зборува на протестот во Скопје. Кредит: Вокер Гаванде)

Далија Вакили, активистка со иранско и палестинско потекло која е родена во Германија и експерт во невладиниот сектор на ЕУ каде работи во полињата на родово-базирано насилство, миграција и анти-расизам, го кажа следното за тоа што се случува во Газа:

„Да се ​​биде палестинец значи да се живее во постојана вознемиреност. Без разлика дали живеете на нашата расфрлана веќе не толку света земја или далеку во дијаспората. Дури ни оддалеченоста од државата со апартхејдски систем не може да направи да се чувствувате безбедно. Затоа што вие го живеете. Вие го чувствувате тоа. Вие страдате од тоа. Без разлика дали е од блиско или далеку.“

Судирите во регионот сѐ уште продолжуваат додека светот ги следи настаните. Прашање е колку долго ќе траат овие судири и уште колку луѓе ќе настрадаат пред тие да престанат.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.