Author: НОВА ТВ

По ескалацијата на насилството во Ерусалим оваа недела, бројот на мртви продолжува да расте во Газа. За сега министерството за здравство во појасот Газа, убиени се 119 палестинци, меѓу кои и 31 дете од страна на израелски сили преку воздушни напади. Израел изјави дека не планира да престане со нападите врз палестинците додека не е „потполно тивко во Газа“. The Guardian известува дека Израел планира дополнително да ги ескалира нападите со тоа што ќе прати војници во Газа. Оваа ескалација почна кога израелските власти пробаа да избркаат повеќе палестински фамилии од Шеик Џарах, населба во источен Ерусалим. Палестинците во оваа…

Read More

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права го известуваат следното: Долупотпишаните здруженија на граѓани и мрежи од граѓански организации, ги поздравуваат реформите предвидени во Предлог законот за учебници и други наставни и дидактички материјали и сметаат дека законот ќе донесе позитивни промени и напредок во образовните политики, особено од аспект на унапредување на пристапот до образование, еднаквоста и недискриминацијата во образованието. Клучен проблем, за кој Предлог – законот за учебници и други наставни и дидактички материјали предлага соодветни решенија се застарените содржини во учебниците кои промовираат нееднаквост и исклучување на различни категории граѓани. Здруженијата на граѓани, но и меѓународните и регионалните…

Read More

Антонио Гутерез, генералниот секретар на Обединетите Нации, апелираше да се зголеми производството на Ковид вакцини. Односно Гутерез во средата рече дека производството на вакцините мора барем да се дуплира и истовремено дистрибуцијата на вакцини да биде поеднаква низ светот. „Целосно е неприфатливо да се живее во свет во кој развиените земји можат да вакцинираат поголем дел од своето население, додека многу земји во развој немаа пристап до една единствена доза,“ рече Гутерез, референцирајќи го фактот дека десетина држави низ светот (многу од нив во Африка) до сега не добиле ниту една доза од вакцината. „Со оглед на тоа дека вирусот…

Read More

Автор: Славјанка Петровска Во време кога билатералниот спор со Бугарија повторно се актуелизира, особено после неможноста да се формира политичка влада во Република Бугарија, јавноста во нашата држава со право го крева својот глас. Република Северна Македонија мора да почне пристапни преговори со Европската унија, сега и веднаш. Овој глас на граѓаните е пренесен и во Брисел и пораката е примена. Билатералните средби на Претседателот на државата и Претседателот на Владата го пренесоа гласот на народот дека почетокот на преговорите е нужност и тој мора да се случи во скоро време. Зошто? Прво, затоа што ги исполнивме условите за почеток…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху. –За жал и годинава светиот месец Рамазан го поминавме обременети со пандемијата со ковид-19, во несекојдневна атмосфера соочени со бројни ограничувања и со неопходни мерки за заштита на нашето здравје и на нашите животи. Ви благодарам за истрајноста, внимателноста и дисциплината. Се надевам дека збогатени со духовната сила која ја дава Рамазан бајрам и понатаму ќе останеме посветени, одговорни и солидарни и ќе излеземе како победници…

Read More

Верниците од исламска вероисповед после 30 дневниот пост денеска го слават Фитр (Рамазан) Бајрам. Слично како минатата година и овој месец Рамазан верниците муслимани го помина под рестриктивни мерки и полициски час. Од овие причини недостасуваа и познатите организирани јавни ифтари (вечери). Скопскиот муфтија, Ќенан Исмаили, за МИА, вели дека е задоволен од тоа како се одвивала организацијата низ џамиите минатиот месец и во голем дел од нив се почитувале здравствените протоколи. Тоа според него е заслуга на Советите на џамиите и на самите оџи, односно на членовите на муфтиството, кои пред да почне месецот Рамазан ги имале преземено сите…

Read More

Во овие тешки мигови заради пандемијата со КОВИД-19, светиот празник Рамазан бајрам носи надеж за нов почеток и ја поттикнува вербата на луѓето во доброто, вистината и правдата, напиша утрово премиерот Зоран Заев по повод празникот Рамазан бајрам во честитката упатена до поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед. -Во период кога целиот свет се соочува со тешки искушенија, и годинава Светиот месец Рамазан, најблагородниот и најсреќниот месец за вас граѓаните од исламската вероисповед, го славиме во поинакви услови со ограничувањата кои ги донесе пандемијата…

Read More

Претседателот на Владата Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе учествуваат на шестиот Делфи економски форум во Атина, а во текот на денешниот и утрешниот ден ќе се сретнат и со претставници на грчкиот државен врв, јави дописничката на МИА од Атина. Премиерот Заев на Форумот ќе дискутира со уредникот на „Катимерини“ Атанасиос Елис, а во 16 часот по локано време ќе се сретне и со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис. За разлика од претходната нивна средба во Атина во септември мината година, кога беа на работен ручек, овој пат, Мицотакис ќе го прими…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, заедно со својот хомолог од Албанија, министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, денеска, под покровителство на шефовите на дипломатиите на Грција и Романија, Никос Дендиас и Богдан Ауреску ќе одржат видео брифинг со своите колеги, министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ. Целта на состанокот, како што соопштија од МНР, е да се рефлектира стратешката дискусија за Западен Балкан, одржана на 10 мај во Брисел и да се реафирмира ангажманот и заложбата на земјите членки кон европската перспектива на земјите од регионот, во пресрет на состаноците на Советот за општи…

Read More

Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена. Во текот на Рамазанскиот пост муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитер, милостина на сиромашните. Фитерот треба да се даде пред утринскиот Бајрам-намаз, а ако некој тоа не го направи се обврзува фитерот да го…

Read More

Вакцинациската нееднаквост продолжува да биде секојдневна тема на дискусија на глобалната сцена. Питер Беумоунт пишува во The Guardian дека светот моментално практично се случуваат две пандемии: една пандемија која е скоро под контрола заради масовна вакцинација во богатите земји и друга пандемија во остатокот од светот каде што илјадници умираат и владите на не-западните држави се молат со богатите за вакцинациски донации. Тедрос Аданом, генералниот директор на Светската Здравствена Организација (СЗО) исто така зборува за оваа нееднаквост и ги критикува богатите држави кои тој смета складираат дози на вакцини на штета на посиромашните земји. „Шокантен е глобалниот диспаритет во пристапот…

Read More

Од денеска, граѓаните на Србија можат да го преземат Дигиталниот зелен сертификат, односно потврдата за вакцинација против Ковид-19 и резултатите од различни тестови на инфективната болест SARS-CoV-2, соопшти Канцеларијата на Владата на Србија за ИТ и е-управа, јави дописникот на МИА од Белград. -Дигиталниот зелен сертификат е унифициран сертификат со кој се докажува дали сте примиле вакцина против Ковид-19 и дали имате резултати од тестирањето на заразната болест SARS-CoV-2. Таа потврда е квалификувана електронски печатирана и не може да биде фалсификувана или злоупотребена, изјави директорот на Канцеларијата, Михаило Јовановиќ. Овој сертификат, покрај личните податоци – име, презиме, ЕМБГ, пол и…

Read More