Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки Комитет: Поддршка за учебници без дискриминација и знаења кои промовираат еднаквост и инклузивност

0
By НОВА ТВ on May 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 14, 2021 12:39

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права го известуваат следното:

Долупотпишаните здруженија на граѓани и мрежи од граѓански организации, ги поздравуваат реформите предвидени во Предлог законот за учебници и други наставни и дидактички материјали и сметаат дека законот ќе донесе позитивни промени и напредок во образовните политики, особено од аспект на унапредување на пристапот до образование, еднаквоста и недискриминацијата во образованието.

Клучен проблем, за кој Предлог – законот за учебници и други наставни и дидактички материјали предлага соодветни решенија се застарените содржини во учебниците кои промовираат нееднаквост и исклучување на различни категории граѓани. Здруженијата на граѓани, но и меѓународните и регионалните тела за човекови права со години наназад бараат и препорачуваат засилен институционален одговор по прашањата на застареност, дискриминација и несоодветна репрезентација на различните општествени групи. Конечно, Министертсвото за образование и наука ја препозна сериозноста на овој проблем, кој директно приденосува до слаби резултати во образованието, оневозможува учениците да се стекнат со современи знаења за активен проидонес во демократските општества, дополнително ја продлабочува нееднаквоста и го прави образованието нерелевантно, а учениците недоволно мотивирани.

Предлог законот ги содржи следните унапредувања од аспект на еднаквост и недискриминација:

  • експлицитна забрана за дискриминација и обврска за промовирање на мултикултурализмот, родовата еднаквост, почитувањето на човековите права, различноста, демократијата, граѓанското учество и критичкото размислување;
  • државниот просветен инспекторат ќе има експлицитна надлежност да постапува во случаите на нееднаквост и дискриминација во учебниците;
  • комисиите за одобрување и за повлекување од употреба на учебник имаат изречна надлежност да ги разгледуваат учебниците од аспект на еднаквост и недискриминација, а доколку има несоодветни содржини по овој основ имаат обрвска да не го одобрат учебникот или да го вратат на корекции или да го повлечат од употреба;
  • со цел да се осигура дека учебниците ќе промовираат демократски вредности и еднаквост, во комисиите за одобрување и за повлекување од употреба на учебници членува претставник номиниран од советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор кој има најмалку 10 години искуство од областа на недискриминацијата, човекови права, родовата еднаквост и мултикултурализмот;
  • се внесува обврска за континуирана ревизија на одобрените учебници, секоја година, пред започнување на учебната година, вклучително и од аспект на еднаквост и недискриминација;
  • усогласување на законот со законот за спречување и заштита од дискриминација.

Со предлог-законот е предвидено унапредување на пристапот до образование за учениците со попреченост и учениците од социјално загрозени семејства:

  • Дигитализацијата на учебниците го унапредува пристапот до нив за учениците со попреченост, со помали трошоци за печатење на прилагодени учебници;
  • Авторите имаат обврска учебниците да ги достават и во аудио формат, со што се олеснува пристапот до нив за учениците со сензорна попреченост;
  • Предвидена е обврска за училиштата да обезбедат пристап до учебници за учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници од и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди и/или помошна технологија.

Најдобриот интерес на децата е да добијат современо, релевантно, достапно и пристапно образование кое одговара на нивните потреби, ги стимулира критички да разлислуваат, ги стимулира сами да доаѓаат до знаења и одговори, не морализира и не осудува, претставува различни светогледи и ги воспитува децата во духот на демократските вредности.

Свесни сме за потребата од дебата во однос на реформи во образованието, но сметаме дека аргументираната дебата треба да биде мотивирана од најдобриот интерес на децата и желбата за развој на државата и општеството.

Ја поздравуваме идејата за дигитализација, особено нејзината зелена димензија. Имајќи ја предвид социоекономската состојба на државата ја поддржуваме идејата за вложување во инфраструктура за имплементација на оваа реформа и како одговорно граѓанско општетсво внимателно ќе го следиме овој процес.

Го повикуваме Собранието во најскор можен рок да го донесе Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали.

Бараме од надлежните институции да ја спроведат реформата без оставање на ниеден ученик/ка надвор од пристап до основните образовни ресурси.

Бараме од Бирото за развој на образованието и од Министерството за образование и наука спроведување на обуки за целиот наставен кадар, со цел обезбедување на основни ресурси за спроведување на реформата.

Скопје, 14.5.2021

 

Платформа за родова еднаквост

Коалиција МАРГИНИ

Хелсиншки комитет за човекови права

ЛГБТИ Центар за поддршка

Асоцијација за здравствена едукација и истражување- ХЕРА

Институт за општествени и хуманистички науки Скопје

Национална Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство- Глас против насилство

Акција Здруженска

Реактор- Истражување во акција

Рурална Коалиција

Институт за човекови права

Здружение за еднакви можности Мрежа Стела Скопје

ХОПС- Опции за здрав живот Скопје

Хуманитарно здружение Мајка, Куманово

Здружение за едукативен развој – Еквалис

Тиииит! Инк.

Здружение за унапредување на меѓусебна доверба- ТАКТ

Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ- Заедно посилни

Здружение за локален и рурален развој

ЛезФем

Здружение за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР Скопје

Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите луѓе- ТрансФормА

Здружение Глобал Битола

ЕКОЗВОН, Скопје

Здружение Мултикултура- Тетово

Здружение на еднородителски семејства Една може! -Скопје

Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ – Радовиш

Здружение за локален рурален развој – Камењане

Здружение на социјални работници на Град Скопје

Младински центар за еднакви можности

Здружение на граѓани „СУМНАЛ“

Организација на жени на град Скопје – ОЖС

Организација на жени на општина Свети Николе

Кризен центар „Надеж“

Здружение на граѓани „Флоренс Најтингејл“ – Куманово

Здружение на граѓани „Сирма“ – Куманово

Организација на жени Tурчинки во Македонија – ДЕРЈА

Женска граѓанска иницијатива – АНТИКО

Женска граѓанска иницијатива „Клеа“ – Битола

Здружение за родова еднаквост ВИЗИЈА – Кавадарци

Комора на психолози на Република Македонија

Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди”

Организација на жени на општина Велес (Организација на жени – Општина Велес)

Здружение Скај Плус – Струмица

FacebookTwitterEmail
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.