Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев, Димитров и владина делегација денеска во Атина

0
By НОВА ТВ on May 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 13, 2021 10:50

Претседателот на Владата Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе учествуваат на шестиот Делфи економски форум во Атина, а во текот на денешниот и утрешниот ден ќе се сретнат и со претставници на грчкиот државен врв, јави дописничката на МИА од Атина.

Премиерот Заев на Форумот ќе дискутира со уредникот на „Катимерини“ Атанасиос Елис, а во 16 часот по локано време ќе се сретне и со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис.

За разлика од претходната нивна средба во Атина во септември мината година, кога беа на работен ручек, овој пат, Мицотакис ќе го прими Заев во неговиот кабинет, во премиерската палата.

Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на редовниот брифинг со новинарите, во понеделникот, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина рече дека билатералната соработка и имплементацијата на Договорот од Преспа ќе бидат темите за кои ќе разговараат премиерите на Грција и Северна Македонија.

Планирано е, на маргините на форумот Заев да има одделни средби со лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, со поранешен премиер на Велика Британија Тони Блер, како и со други политички претставници од меѓународната сцена и со претставници на компании и стопански комори.

Заедно со премиерот, во Атина се и вицепремиерите за економски и европски прашања Фатмир Битиќи и Никола Димитров и министерот за економија Крешник Бектеши.

Димитров, ќе учествува на две панел дискусии на Делфи форумот. Првата е утрово, на која заедно со шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис, со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтијадис Варвициотис и со универзитетски професори и ќе дискутираат за „Дипломатијата на малите држави во комплексниот поредок“.

Утре, вицепремиерот заедно со Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Оливер Вархеји ќе разговараат на тема „ЕУ и Западен Балкан: исполнување на долгоочекуваното ветување“.

На маргините на Форумот, предвидено е вицепремиерот Димитров да оствари и повеќе билатерални средби, меѓу кои со неговите колеги од Грција и Кипар, Никос Дендиас и Никос Христодулидис, со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград- Приштина, Мирослав Лајчак, како и со министерот за дигитализација на Грција – Кирјакос Пјеракакис.

Димитров, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, како дел од делегацијата на Северна Македонија предводена од премиерот Заев, ќе го придружува и на средбата со грчкиот премиер Мицотакис, како и на други значајни средби од агендата на претседателот на Владата.

На панел дискусија на Форумот, во вторникот учествуваше и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Економскиот форум е под покровителство на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, традиционално се одржува во градот Делфи, но оваа година поради Ковид-19 е во палатата „Запио“ во Атина и се следи онлајн.

Почна во понеделникот, а ќе трае до 15 мај, има над 1.000 учесници од 42 земји и 372 сесии на десет различни теми како што се геополитиката и меѓународната безбедност, светската економија, иднината на Европа, здравството, климатските промени, општеството, образованието, културата итн.

Економскиот форум Делфи е независна и непрофитна организација со меѓународен карактер, каде секоја година се среќаваат престижни личности од економијата, политиката и академската заедница.

Целта на Форумот е да претстави реална рамка на цели и активности, да се бараат политики за справување со глобалните предизвици и да се најдат соодветни решенија за сложените и меѓусебно зависни прашања со кои се соочува Грција, Југоисточна Европа и Источниот Медитеран.

На прес конференција пред 20 дена кога беше презентирана програмата и беа соопштени детали, претседателот на Делфи економскиот форум Симеон Цомокос, откри дека планирано е да организираат настан во Скопје на крајот на јуни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.