Author: НОВА ТВ

Од Еуроњуз известуваат: Дописникот на Еуроњуз во Брисел, Џек Парок, даде многу позитивни вести за надгледување на преговорите за пристап на Албанија со Европската унија. Парок проговори дека Комисијата ќе предложи „голем чекор напред за пристапниот процес за Албанија“. Парок го напиша следното на Твитер: „Комисијата на ЕУ ќе предложи голем чекор напред за пристапниот процес за #Албанија. Извори ми велат Комисијата ќе препорача одржување на првата меѓувладина конференција на јунскиот самит на лидерите на ЕУ. Земјите од ЕУ тогаш ќе изберат дали да ја одобрат оваа одлука.“ Пред само два дена, главниот преговарач на Албанија со Европската унија, Зеф…

Read More

Премиерот Зоран Заев го напиша следното на неговиот Фејсбук профил по повод светскиот ден на слободата на медиумите: Информацијата e јавно добро. Денес, на Светскиот ден на слободата на медиумите важно е да повториме и потврдиме дека во Северна Македонија никогаш повеќе нема да дозволиме институциите да кријат информации. Властите кои кај нас криеја информации ја заробија државата. Од 2017 година ги отворивме институциите, ги декласифициравме податоците за трошењата и почнавме да објавуваме серија документи и податочни сетови. Со тоа Владата на Република Северна Македонија која во 2016 беше на последно место, веќе три години по ред е прва по…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче го напиша следното на неговиот Фејсбук профил: Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот за измена на времетрањето на забраната за движење и на денешната седница ги разгледуваше предлозите кои ги дадовме. Врз основа на нив предложи на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки: забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден; време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот.

Read More

На секое второ лице во светот му се намалиле приходите поради пандемијата на коронавирусот, а луѓето во сиромашните земји се особено погодени со загуба на работното место и скратување на работното време, покажа истражување на Галуп објавено денеска. Во истражувањето учествувале 300.000 луѓе од 117 земји, а резултатите покажаа дека половина од оние кои имаат работа заработиле помалку поради пандемијата. Тоа значи дека пандемијата погодила 1,6 милијарди возрасни низ целиот свет. – Во целиот свет тие проценти се движеа од 76 проценти во Тајланд до 10 проценти во Швајцарија, соопшти Галуп. Во Боливија, Мјанмар, Кенија, Уганда, Индонезија, Хондурас и во Еквадор, повеќе од 70 проценти од…

Read More

Во последните 24 часа, во Индија се потврдени 368.147 нови случаи на Ковид-19, и ова е 12-ти ден по ред како бројот на новозаразени не се спушта под 300.000. Од почетокот на пандемијата во Индија се регистрирани се вкупно 19,93 милиони случаи на зараза со коронавирусот, а со вчерашните 3.417 починати, вкупниот број на смртни случаи достигна 218.959, стои во извештај на индиското Министерство за здравство.

Read More

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1102 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство. На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 637 пациенти, додека во ковид центрите во Скопје 465 болни, сомнителни и потврдени за Ковид-19. – Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 637 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на…

Read More

На неговиот Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев го напиша следното: По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, заедно со министерот за здравство, Венко Филипче даруваме крв и сме првите дарители во реновираниот оддел за трансфузиологија при Општата Болница во Струмица. По цели 35 години Струмица добива целосно реновиран и опремен оддел за трансфузиологија кој ќе функционира во комплетно нови услови и ќе ги опслужува крводарителите од Струмица, но и од поширокиот регион. Со ова ги унапредуваме услугите на јавното здравство, ги зголемуваме капацитетите и ги подобруваме условите за работа на здравствените работници.

Read More

Првомајски проглас на неколкуте синдикатите и граѓанските организации гласи вака: Најголемиот товар на кризата предизвикана од прогласената пандемија на COVID-19, повторно падна на грбот на сиромашните, додека богатите продолжија да се богатат од трудот и маката на работничките и работниците. Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат. На глобално ниво, 100 милиони луѓе западнаа во тешка сиромаштија, а сите работници заедно изгубија околу 3.700 милијарди долари, односно 8.4% од нивниот доход, исто онолку за колку што се зголеми…

Read More

Речиси три четвртини од жените новинари во светот велат дека биле жртви на насилство преку Интернет и 20 отсто страдале од продолжување на овие напади во реалниот живот, покажува глобалното истражување спроведено од Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), јави дописникот на МИА. Насилството преку Интернет врз жени новинари варира меѓу „големи напади или екстремни закани во еден момент“ и „постојани напади од пониско ниво“ на социјалните мрежи, открива УНЕСКО во студијата објавена денеска. Во глобалното истражување во кое беа вклучени 901 новинарки од 125 земји, поддржано од 173 продлабочени интервјуа, 15 студии на случај на…

Read More

Доколку се случи инвазија на Украина, Европската унија треба да го запре увозот на руски гас и нафта и да ја исклучи Русија од меѓународниот платежен систем SWIFT. Имено, Европскиот парламент усвои резолуција со која се повикува на блокада на увозот на гас и нафта од Русија во случај нејзината армија да ја нападне Украина, пренесува Дневни аваз. Таквиот став на ЕУ доаѓа откако Русија распореди голем број војници на руско-украинската граница, односот кон опозиционерот Алексеј Навални и обвинувањата од Чешка дека руски агенти се одговорни за експлозијата на магацинот со оружје во 2014 година. – Ако акумулирањето војска во…

Read More

Десетици луѓе загинаа во голем метеж на верски фестивал во Израел, соопштија здравствените работници. Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја нарече несреќата – „голема трагедија“. Според првичните извештаи, загинале повеќе од 40 лица, а над 100 се повредени, од кои многумина се во критична состојба. Несреќата се случила кога групи ултраортодоксни Евреи во голем број поминале низ гробница на мудрец од вториот век, рабинот Шимсон Бар Јочаи, за време на комеморациите кои вклучувале бдеење, мистични песни и танцување. Очевидци велат дека луѓето се задушиле или биле прегазени во тесни премини. Претставници на брзата помош го опишаа инцидентот како „стампедо“ и рекоа дека 103 лица се повредени, од кои многу се со смртни повреди. Локалниот Канал 12…

Read More

Најмалку 30 лица загинаа, а околу 60 се повредени при експлозија на бомба во источната авганистанска провинција Логар, објави 1ТВ, повикувајќи се на локалните власти. Инцидентот се случил во главниот град на регионот, Пол-е Алам. Досега никој од локалните групи не презеде одговорност за нападот. Како што изјавија очевидци, автомобил-бомба експлодира во близина на Централната болница. Целта на нападот била зграда, каде престојуваат цивили и војници. Експлозијата била толку силна што ги искршила прозорците на куќите во радиус од неколку километри. Медиуми објавија дека полицијата пријавила шестмина загинати, но десетици луѓе се наоѓаат под урнатините. Експлозијата одекна еден ден по почетокот…

Read More