Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНЕСКО: 73 отсто од жените новинари во светот биле жртви на кибер напади

0
By НОВА ТВ on April 30, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 30, 2021 19:34

Речиси три четвртини од жените новинари во светот велат дека биле жртви на насилство преку Интернет и 20 отсто страдале од продолжување на овие напади во реалниот живот, покажува глобалното истражување спроведено од Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), јави дописникот на МИА.

Насилството преку Интернет врз жени новинари варира меѓу „големи напади или екстремни закани во еден момент“ и „постојани напади од пониско ниво“ на социјалните мрежи, открива УНЕСКО во студијата објавена денеска.

Во глобалното истражување во кое беа вклучени 901 новинарки од 125 земји, поддржано од 173 продлабочени интервјуа, 15 студии на случај на земја и анализа на над 2,5 милиони објави на Фејсбук и Твитер, насочени кон две истражувачки новинарки, британката Карол Кадваладе и амеро-филипинката Мариа Реса, лауреатка на Светската награда за слобода на печатот на УНЕСКО.

– Мизогинијата се додава на другите форми на дискриминација: жените новинари кои се црни, лезбејки или од одредена религија, на пример, страдаат од многу поголема дискриминација, изјави Саорла Мекејб, задолжена за развој на комуникацијата, информации и медиуми во УНЕСКО.

Кога 64 отсто од белите новинарки велат дека доживеале насилство преку Интернет, оваа стапка се зголемува на 81 отсто кај црните новинарки. Иста опсервација во однос на сексуалната ориентација: нападите преку Интернет погодија 72 отсто од хетеросексуалните новинарки наспроти 88 отсто на лезбејските новинарки.

Нападите кои ги претрпеле жени новинарки се „или сексистички или сексуализирани“, тие „многу често се фокусирани на лични карактеристики како што се нивното тело, нивното етничко или културно потекло отколку на содржината на нивната работа“, прецизира Саорла Мекејб. Ова кибер насилство се рефлектира и во физичкиот свет: 20 отсто од испрашаните новинарки тврдат дека претрпеле напади и вознемирување поврзани со кибер напади. Оваа стапка се зголемува на 53 отсто кај арапските жени новинари, според УНЕСКО.

Нападите исто така имаат влијание врз менталното здравје за 26 отсто од испитаните новинарки (некои страдаат од посттрауматски стрес) и ризикот од самоцензура на социјалните мрежи (30 отсто од анетираните новинарки). Оттука произлегува и прашањето за одговорноста на социјалните мрежи, идентификувани во студијата како „главните вектори“ на ова кибер насилство, а Фејсбук и Твитер се најкористените од новинарите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026
shortcut
ФОКУС
August 6, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

ВЕСТИ August 6, 2026

Во септември ќе има околу 4.900 првачиња помалку од лани, рече денеска министерката за образование…

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026
ТИКЕР

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.