Author: НОВА ТВ

Вчера се случи дипломатски гаф каков што одамна немаме видено. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган се сретна на официјален состанок во Анкара со Урсула вон дер Лајен, претседателката на Европската Комисија, и Чарлс Мишел, поранешниот премиер на Белгија кој е сега претседател Европскиот Совет. Инцидентот кој ги преплави социјалните мрежи всушност беше краток момент на незгодност кој имаше длабоко сексистички импликации: на официјалниот состанок немаше стол за Урсула вон дер Лајен додека имаше стол за Ердоган и Мишел. Во видеото објавено на The Guardian може да се види дека на вон дер Лајен ѝ е очигледно непријатно и дури…

Read More

Оваа недела продолжуваат рестрикциите на вакцината на шветско-британската компанија Астра Зенека. Вчера се донесе одлука во Велика Британија дека оваа вакцина нема продожи да биде давана на лица под 30 години поради ретки случаи на згрутчување на крвта. Од оваа недела, на британците помлади од 30 години ќе им биде понудена една од другите вакцини кои се одобрени за користење во Велика Британија. Иницијално повеќе регулативни тела не сметаа дека проблемот со згрутчување на крвта е доволно голем: овие несакани последици се појавија кај само 30 пациенти од 18 милиони вакцинации во Велика Британија каде голем процент од британските граѓани…

Read More

Ново-откриената вакцина NDV-HXP-S влегува во првите клинички испитувања овој месец. Испитувањата ќе бидат одржани во Бразил, Мексико, Таиланд и Виетнам. Оваа вакцина била развиена со помош од University of Texas at Austin и би требало да чини многу помалце од другите вакцини достапни на пазарот. NDV-HXP-S го напаѓа Корона вирусот преку еден вид на spike протеин кој се вика „HexaPro”. Овој протеин се закачува на површината на Корона вирусот за да натренира човечкиот организам да се бори против вирусот. Освен ова, друга голема разлика кај NDV-HXP-S е што методот на производство е многу поедноставен. Вакцината се произведува во јајца од…

Read More

По успешната акција на МВР во партнерска соработка со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол околу организираното издавање на 214 македонски патни исправи со лажен идентитет уапсени се 9 полицајци инволвирани во криминалните активности, а еден од осомничените е во бегство. Аферата доби политичка димензија по прес конференцијата на Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, каде што тој ја обвини власта за соработување со „балкански мафијашки структури“ и „балканските нарко босови“. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го сметаше овој потег на опозицијата како скандалозен и го обвини Мицкоски за саботажа на акцијата. Во интервју за Слободен Печат,…

Read More