Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велика Британија престана да ја употребува вакцината Астра Зенека на лица под 30 години

0
By НОВА ТВ on April 8, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 8, 2021 16:31

Оваа недела продолжуваат рестрикциите на вакцината на шветско-британската компанија Астра Зенека. Вчера се донесе одлука во Велика Британија дека оваа вакцина нема продожи да биде давана на лица под 30 години поради ретки случаи на згрутчување на крвта. Од оваа недела, на британците помлади од 30 години ќе им биде понудена една од другите вакцини кои се одобрени за користење во Велика Британија.

Иницијално повеќе регулативни тела не сметаа дека проблемот со згрутчување на крвта е доволно голем: овие несакани последици се појавија кај само 30 пациенти од 18 милиони вакцинации во Велика Британија каде голем процент од британските граѓани и резиденти се вакцинираа со оваа вакцина.

Но сега Џонатан Ван-Там, заменик главен медицински офицер за Англија, смета дека е потребна корекција во администрацијата на оваа вакцина. Иако во Британија моментално се превземаат овие мерки за претпазливост, Џун Рејн, извршената директорка на Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи рече дека придобивките продолжуваат да ги надминуваат ризиците „за огромното мнозинство на луѓе“. Односно, фактот што се превземаат мерки за претпазливост за помладите луѓе не значи дека вакцината на Астра Зенека е небезбедна вакцина за сите, туку дека може да предизвика несакани ефекти кај одредени групи на луѓе.

„Балансот на придобивки и ризици е многу поволен за постарите луѓе, но тој баланс е малку поразличен за помладите“, рече Џун Рејн.

Politico пишува дека до 31ви март, 2021 од 20 милиони дози од вакцината Астра Зенека кои биле дадени се појавиле 79 случаи каде што имало потенцијално згрутчување на крвта. Од тие 79 случаи починале 19 луѓе од кои 3 биле жени на возраст под 30 години.

Рејн кажа дека 14 од 19те смртни случаи се случиле поради истата компликација. Односно овие фатални случаи биле резултат на тромбоза на церебрален венски синус (CVST), со ниски тромбоцити, а петте други случаи биле други видови на тромбоза во главните вени.

Моментално постојат и активно се користат други лекови кои предизвикуваат зргутчување на крвта кои се долго време се одобрени од страна на регулативни тела. Еден познат пример на вакви лекови се хормонални орални контрацептиви кои ги пијат (најчесто) цисродови жени за заштита од бременост. Милиони (цис) жени и луѓе од други родови идентитети низ целиот свет користат ваков вид на контрцептиви, најчесто со консултација од страна на доктор. Ако некоја личност прима вакви контрацептиви, шансите да искуси згрутчување на крвта се 6 пати повисоки отколку кај личност што не зема ваков вид на контрацептиви. Доколку се појави згрутчување на крвта, често се препорачуваат лекови за антикоагулација. Односно дури и да се појават ваквите нус ефекти поради орална контрацепција (или вакцинација), често има начин за справување со несаканите последици.

За сега изгледа дека кај Астра Зенека вакцината, шансите за потенцијално згрутчување на крвта се отприлика исти, но ова сѐ уште не е сигурно докажано. Македонските граѓани кои се вакцинираа во Србија пред две недели, меѓу кои имаше и помлади луѓе, се вакцинираа само со вакцината на Астра Зенека. Една 28-годишна девојка која се вакцинираше со Астра Зенека во Србија беше хоспитализирана поради тромботичен ефект кој го добила по вакцинацијата.

„Има ситуации каде вакцината Астра Зенека предизвикува тромботична реакција кај млади луѓе“, рече министерот за здравство Венко Филипче во врска со случајот на 28-годишната девојка, додавајќи дека иако овие случаи се ретки, треба да се биде претпазливи. „Засега нема препораки дека нешто превентивно треба да се прави, станува збор за ретки случаи,“ кажа Филипче на 31ви март, 2021.

Ќе видиме како македонските институции ќе реагираат по оваа вест од Велика Британија и дали истите годишни рестрикции ќе почнат да важат и во С. Македонија.

 

Елена Гаговска

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.