Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се луѓето кои добиле фалсификувани македонски пасоши?

0
By НОВА ТВ on April 7, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 7, 2021 17:35

По успешната акција на МВР во партнерска соработка со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол околу организираното издавање на 214 македонски патни исправи со лажен идентитет уапсени се 9 полицајци инволвирани во криминалните активности, а еден од осомничените е во бегство. Аферата доби политичка димензија по прес конференцијата на Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, каде што тој ја обвини власта за соработување со „балкански мафијашки структури“ и „балканските нарко босови“. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го сметаше овој потег на опозицијата како скандалозен и го обвини Мицкоски за саботажа на акцијата. Во интервју за Слободен Печат, Спасовски спомна дека еден од уапсените во операцијата бил во дневен контакт со Мицковски.

Оваа афера отвори прашања за дали била владата свесна за овој организиран криминал подолго време, кој точно бил инволвиран и како, но и кои се луѓето на кои им биле издадени овие фалсификувани пасоши кои, според министерот Спасовски, би можеле да се продадат со цена до 20 000 ерва. За сега има информации од страна на Мицковски (кои не се официјално потврдени) за само две од 214те лица на кои им биле издадени овие патни исправи: Јован Вукотиќ и Седат Бекер. Во Balkan Insight, Синиша Јаков Марусиќ пишува подетално за кои всушност се Вукотиќ и Бекер.

Јован Вукотиќ е водачот на црногорската фамилија Шкаљари која се занимава со трговија на дрога. Вукотиќ е барен во Грција поради сомнеж за криминални активности поврзани со трговија на дрога, а во Црна Гора бил баран за обид за убиство, но обвинителството ја прекинало постапката во јули, 2020. Според извештај на Глобалната Иницијатива Против Транснационален Организиран Криминал, кога Вукотиќ бил уапсен во Турција во 2018тата година и потоа пратен во Србија, тој кажал на судот дека имал фалсификуван пасош кој го добил од С. Македонија.

Другата личност која наводно има фалсификувана патна исправа според Мицковски е контроверзниот турски бизнисмен Седат Бекер. Според Balkan Insight, Бекер добил пасош и лична карта со лажен идентит со името Џадин Адемовски и со адреса во Скопје. Пекер бил уапсен и затворен неколку пати: во 2007та година Бекер бил прогласен за виновен од страна на турски суд за градење и водење на криминална организација, грабеж, фалсификат и две точки за лажно затворање и осуден на 14 години затвор. Оваа казна се намалила на 10 години и Бекер бил ослободен дури уште порано во 2014тата година. После неговото ослободување тој продолжил да живее во Црна Гора каде што тој наводно се вратил како инвеститор и за да го продолжи неговото високо образование.

Пекер, кој е турски државјанин, бил уапсен на 18ти Јануари, 2021 во С. Македонија и потоа бил депортиран во Косово. Кога се случило депортирањето, БИРН не добиле соодветно објаснување од македонската полиција зошто турски државјанин бил депортиран во Косово и не им дале информации дали Бекер има косовски пасош. Надлежните институции во Косово, пак, им кажеле на БИРН дека Бекер немал косовски пасош, но дека имал дозвола за престој во Косово. По отривањето на скандалот за фалсификуваните пасоши, прашање е во кој точно пасош е издадена наводната дозвола за престој во Косово и дали таа е воопшто валидна.

Министерот Спасовски кажа дека истрагата не е завршена и ќе биде проширена на меѓународно ниво.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.