Author: НОВА ТВ
Денот на сесловенските просветители, денеска повеќе делегации положија цвеќе пред споменикот на свети Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Цвеќе положи владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, во чиј состав беа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска и министерката за култура Ирена Стефоска. – Со положувањето цвеќе во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одбележува просветителската мисија и извонредната улога, која браќата Кирил и Методиј ја имаат во историјата и културата на Европа, светот и Северна Македонија, а изразена…
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 186 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани пет нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 131 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Како што соопштија од Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни,…
Голем број на играчи на Реал Мадрид ќе го напуштат тимот во блиска иднина, објави „Марка“. Според шпанскиот весник, капитенот Серхио Рамос најверојатно ќе го напушти клубот, откако не се согласи да го продолжи договорот. Дефанзивецот Марсело и играчот за врска Иско се исто така блиску до заминување од Мадрид. Покрај нив, Реал може да го напуштат и напаѓачот Лукас Васкез и дефанзивецот Рафаел Варан. На крајот на сезоната 2020/21 ла лигата, Реал Мадрид го зазеде второто место и остана без трофеј.
Министерката за образование Мила Царовска го напиша следното по повод денешниот празник на нејзиниот Фејсбук профил: Делото со кое нè задолжија Светите браќа Кирил и Методиј како основачи на првото словенско писмо и со кое оставија драгоцено цивилизациско богатство за македонскиот народ и за сите словенски народи, нѐ поттикнува да размислуваме и да дејствуваме, без предрасуди, да ги негуваме нашите вредности и да ги почитуваме другите. Нека ни е честит и вековит 24. Мај, Денот на сесловенските просветители – Светите браќа Кирил и Методиј!
Младите од Куманово уживаат во шаренилото на графитите во комплексот згради во близина на средното училиште „Перо Наков“. Десетмина уметници од државата цртаа графити во убава атмосфера проследена со музика на третиот фестивал кој оваа година се одржува со поддршка на Општината. Учесниците велат дека се обидуваат на секој начин да го разубават градот и да поттикнат да се развие оваа современа уметност и дел од урбаната култура. Секој со својата приказна, понекогаш испреплетена со идејата на колегите ги разубавија ѕидовите на зградите на комплексот од „К4“ од „Октомвриска револуција“. Шаренилото од бои и контрасти ќе го разбие сивилото во…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев упати писмо со честитки по повод празникот 24 Мај – Ден сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, кој е воедно и патронен празник на нашиот прв државен Универзитет.-Дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Северна Македонија вам како ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите и на сите студенти да ви го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патрониот празник на…
Претседателот Стево Пендаровски денеска упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. –Денеска, на 24 мај, ние во Република Северна Македонија, заедно со другите народи од словенското говорно подрачје, го празнуваме делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Св. Кирил вели дека „без книга сите народи се голи“ и подложни на асимилација и исчезнување. Создавајќи ја првата пишана словенска азбука – глаголицата и преведувајќи го Светото писмо и другите црковни и световни текстови на старословенски јазик, светите браќа отворија нови просветни, духовни и културни видици за словенските народи во Европа,…
Наместо традиционално, со богата програма и настани, и оваа година поинаку ќе биде одбележан 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје традиционално секоја година со повеќе свечености ги одбележува 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот и годишнината од своето основање. И оваа година, УКИМ ќе го одбележи својот патронен празник без традиционалните чествувања. -Дел од чествувањата, наградувањето на најдобрите студенти, промовирањето на почесни звања и титули ќе се одржат, се надеваме во подобри времиња кои ќе се создадат по масовната имунизација на вработените на УКИМ…
Лидерите на земјите-членки на Европската Унија го осудија чинот со пренасочување на авионот на „Рајанер“ и принудување да слета во Минск, со цел белоруските власти да уапсат критички настроен новинар и активист. Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа најави дека утре на состанокот во ЕУ ќе предложи да се прогласи воздухопловниот простор над Белорусија за небезбеден и да се забрани белоруски авиони да влегуваат на европските аеродроми, но и побара итна истрага за случајот. „Државно спонзорираниот терористички акт во Минск утре ќе се дискутира на состанок во ЕУ“, додаде Науседа. Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки побара од Шарл Мишел, претседателот на Европскиот…
Иако помина повеќе од една година од почетокот на епидемијата, дел од македонските граѓани се скептични дека коронавирусот постои. Секој десетти Македонец смета дека коронавирусот не постои. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење кое го направила Владата. 11 отсто од граѓаните сметаат дека коронавирусот не постои, додека 3 отсто немаат одговор на ова прашање. Вирусот е реалност за 86 проценти од анкетираните испитаници. Врз основа на истражувањето, 73 проценти од граѓаните изјавиле дека немаат прележано Ковид 19, 51 отсто дале потврден одговор на прашањето дали ќе се вакцинираат, 18 проценти се уште не одлучиле, а 28 отсто…
Претставници од Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежни работници инжинери и трговци во градежништвото-НС ГРИТГ денеска на прес-конференција побараа намалување на цената на електричната енегија за 50 отсто и на другите комунални давачки. -Го повторуваме барањето за намалување на цената на електричната енергија од август 2020 година поткрепено со петиција од повеќе од 2.000 потписи. Тогашното барање за намалување на цената на струјата изнесуваше 35 отсто заради незаконитото вградување во цената на уставната категорија моќност. Ја надополнивме со 15 отсто додатно намалување во функција на полесно и побрзо закрепнување на граѓаните од тековната…
Одбележувањето на овој празник е можност да искажеме признание на влашкиот народ на вековниот стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција, истакна премиерот Зоран Заев во честитката по повод 23 Мај- Националниот ден на Власите. Тој во негово лично име и во име на Владата на сите припадници на влашката заедница им го честита 23 Мај – Националниот ден на Власите. -Со Националниот ден на Власите оддаваме чест на исклучително значајниот придонес на влашката заедница во нашата заедничка историја, во општествениот и културен развој на Република Северна Македонија. Влашката заедница секогаш била силен и темелен…