Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.060 тестирања, а регистрирани се 51 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 28, Тетово – 5, Битола и Виница – по 3, Прилеп, Кочани и Кичево – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица – по 1. Пријавени се вкупно 16 починати лица од кои седум од Скопје (60г, 67г, 70г, 73г, 77г, 84г и 84г), по две од Куманово (54г и 72г) и Прилеп (73г и 86г) и по едно лице од Битола (75г), Гостивар (49г), Тетово (64г), Македонска Каменица (71г) и…
Албанија е на четвртото место во светот според бројот на реални смртни случаи од Ковид-19 во однос на населението, по Азербејџан, Босна и Херцеговина и Бугарија. -Податоците ги објави „Health Data“, американски институт за процена на здравјето. Според извештајот, Албанија има вкупно 529 смртни случаи на 100 илјади жители, за периодот март 2020 година до мај 2021 година и е рангирана на четвртото место меѓу 20-те земји со најголема реална смртност од Ковид-19, пренесува агенцијата Балкан веб. По Албанија е Мексико (478 смртни случаи на 100 илјади жители), следат Северна Македонија (482), Белорусија (472), Романија (465), Казахстан (459), Перу (447).…
По пет месеци премиера во Прилеп, a Фестивалот „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи од 1 до 10 октомври
По околу пет месеци, вечер од 19 часот на сцената од приелпскиот народен театар премиерно ќе биде изведена претставата „Мендо и Мајло“, во режија на Игор Трпче, независен проект на „театарска работилница“, поддршан од Министерството за култура. Станува збор за социјална дуо-драма, но и комедија, по текст на прилепската авторка Мирјанка Ристеска Селчанец и говори за двајца повозрасни луѓе, кои по игра на случајот се нашле во притворската келија на затворот Шутка. Мендо е обвинет за убиството на сопствената невенчана жена, која всушност, починала во сон, а Мајло е ром – дрвокрадец, кој истотака е обвинет за убиство на шумарот, кој…
Улогата на централните банки е многу важна, особено во вакви кризни времиња. Напорите за водење прудентна монетарна политика придонесуваат за услови за ревитализација на македонската економија. Ова беше истакнато на состанокот на британската амбасадорка, Рејчел Галовеј и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на кој се разговараше на теми поврзани со економската состојба во нашата земја. На состанокот, како што соопштија од Кабинетот на гувернерката, Ангеловска-Бежоска се осврна на најновите макроекономски проекции на Народната банка според кои се предвидува економски раст од 3,9 посто во тековната и наредната година, додека за 2023 година се очекува раст од 4 отсто. Во однос на…
Технички проблеми прави инсулинот и целокупната терапија за пациентите зависни од оваа терапија да им биде недостапна. Проблемот е стар веќе трети месец посочија на денешната прес-конференција во Штип претставниците од Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија. Претседателот, Диме Велев вели дека инсулин, игли, ленти и терапија има во сите инсулински депоа и аптеки во земјава, но поради впишување под други кодови во системот за нив е недостапна. Посочува дека се обратиле до Министерството за здравство, но сметаат дека решавањето на проблемот е во надлежните во Мој термин. –Сојузот на здруженија на дијабетичари, како пациентска организација ниту пак како…
Меѓународно биенале на млади уметници – „Страст за лутање“ продолжува и вечерва на повеќе локации во Скопје. Од организаторите го велат следното: На 13. Меѓународното биенале на млади уметници со наслов „Страст за лутање“, кое почнува на 19 ти мај ќе бидат изложени дела на повеќе од 30 локални, регионални и меѓународни уметници. Од 150 пристигнати апликации, кураторскиот тим на МСУ избра повеќе од 30 уметници. Селектирани се дела на уметници од Македонија, Србија, Косово, Хрватска, Босна и Херцеговина, Италија, Аргентина, Турција… меѓу нив, уметници, со стекнато образование на уметнички универзитети во Англија, Холандија, Германија, Словенија, Франција и Италија. Вечерва…
Младите во Велика Британија повеќе не сметаат дека државата треба да ја зачува монархијата и сега сакаат повеќе избран шеф на државата, а бројот на оние кои сакаат да го сторат тоа во последните неколку години се зголемува, според анкета објавена денеска. Според истражувањето на YouGov, 41 отсто од оние на возраст од 18 до 24 години сметаат дека сега треба да има избран шеф на државата, наспроти 31 отсто кои сакаат крал или кралица. Ова е пресврт во ставовите од пред две години, кога 46 отсто претпочитаа монархија отколку 26 отсто кои сакаа да се замени. Генерално, сепак, истражувањето…
Министерот за здравство Венко Филипче го објави следното на неговата Фејсбук страна: Со задоволство информирам дека постигнавме договор со приватните специјализанти. Платено здравствено осигурување и платени дежурства ќе добијат приватни специјализанти кои немаат други приходи, освен надоместокот кој го земаат за работење во клиниките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” и другите ЈЗУ каде се обавува специјализацијата. Денеска остварив средба со нивните претставници и директорите на ФЗО на РСМ и договоривме дека почнувајќи од јуни, а со исплата во јули, приватните специјализанти ќе добијат надомест за здравствено осигурување, откако претходно ќе пополнат изјава во ФЗО на РСМ дека немаат други приходи…
На веб страната на Фокус достапно е дел од интервјуто со Трајко Славески: Во интервју за најновиот број на неделникот Фокус, универзитетскиот професор Трајко Славески говори за економските политики на сите влади од 1990 година досега, за неговите партиски и политички ангажмани, како и за искуството како министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски од 2006 година се до неговото разрешување до 2009 година. ФОКУС По вашето заминување во 2009-та, економската политика на Груевски се повеќе е во насока на популизам. Кои беа причините за тоа и дали ДПМНЕ изгоре во тој, според многумина, антидржавен…
Глумицата и поп-ѕвездата Деми Ловато објави на својот Твитер профил дека таа се идентификува со небинарен идентитет. Ова значи дека пејачката не се идентификува ни со машки, ниту женски род. Небинарните идентитети често се сметаат како дел од трасродовите идентитети (иако не секоја небинарна личност се идентификува како транс). Исто така постоењето на небинарни идентитети е показател дека родот постои на спектар, а не само на бинарните краеви на машкост и женскост. Таа исто така изјави дека нејзината сексуалност е флуидна и квир, односно дека таа смета дека може да најде љубов со личност од било кој род. Ловато првпат…
Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје вчера попладне го доби хистопатолошкиот наод за пациентката И.К. од Скопје, родена 1987 година, која почина на КАРИЛ на 9 мај 2021, а која беше примена на ЈЗУ У ГАК на 21 април 2021 година со голем тумор на матката и оперирана на 22 април со уреден оперативен тек Наодот, како што наведуваат во соопштение, оди во прилог на автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево и на вроден сегментен недостаток на мускулниот слој на тенкото црево што всушност е и причината која довела до постоперативна спонтана перфорација, што беше причина за…
Во пресрет на празникот 24 Мај – Денот на словенските просветители светите браќа Кирил и Методиј НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, ООУ „Св. Климент Охридски“ и уметникот, хуманитарец и кандидат за Нобеловата награда за мир Живко Поповски – Цветин, организираа дочек на Цветната штафета на мирот. Идејата за организирање на „Цветната штафета“ е токму на Живко Поповски– Цветин кој речиси целокупното свое творештво изминатите три и пол децении го има посветено на цвеќето и на сопствената мисија со основната порака: „На светот му се потребни: мир, храна, солидарност, љубов…“ Цветната штефата на 21 јануари тргна од ОУ „Живко Брајковски“…