Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сојузјот на дијабетичари бара итно решавање на техничкиот пропуст, со цел терапијата да биде достапна

0
By НОВА ТВ on May 22, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 22, 2021 14:29

Технички проблеми прави инсулинот и целокупната терапија за пациентите зависни од оваа терапија да им биде недостапна. Проблемот е стар веќе трети месец посочија на денешната прес-конференција во Штип претставниците од Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија.

Претседателот, Диме Велев вели дека инсулин, игли, ленти и терапија има во сите инсулински депоа и аптеки во земјава, но поради впишување под други кодови во системот за нив е недостапна. Посочува дека се обратиле до Министерството за здравство, но сметаат дека решавањето на проблемот е во надлежните во Мој термин.

 –Сојузот на здруженија на дијабетичари, како пациентска организација ниту пак како пациенти, не можеме да разбереме како е можно веќе три месеци одговорноста за недостапноста на инсулини, ленти, игли и друга дијабетична терапија, да се префрла од едни на други во здравствниот систем, а притоа во пракса нашите членови се приморани по неколку пати во месецот да се обратат во центарот за дијабатес, по неколку пати во месецот да отидат до аптеките за да проверат дали инсулинот го има физички во аптеките, дали ако го има физички истиот ќе може да се издаде, дали веќе во систем е ставена замената, дали ова или она ќе се заврши оваа или наредната недела, и така натаму веќе трети месец се вртиме во круг, непотребно, вели Велев.

Побараа и регистер, со што ќе се утврди точниот број на пациенти, кои се со дијагноза дијабетис, а и при имунизацијата предност да имаат пациентите со дијабетес тип А.

Се надеваат дека со денешната прес-конференција ќе поттикнат решение на тековни проблеми поврзани со дијабетесот.

Одговор на прес-конференцијата пристигна од Министерството за здравство, а во кој се вели дека пациентите не се оставени без инсулин, во сите инсулински аптеки во државата има инсулин и истиот им е достапен на пациентите.

–Изминатиов период поради промена во софтверот за нов вид на инсулински продукти – игли Тип1 и Тип2, како и апаратчињата за мерење гликемија кои не ги препишува лекар, туку системот сам ги генерира, не се издаваа истите. Напоменуваме дека нема никаков проблем во количините на иглите, лентите и апаратите за мерење инсулин, туку во делот на евидентирањето, проблем што веќе се надминува и од вторник, кога ќе бидат отворени инсулинските аптеки, истите инсулински продукти ќе им бидат достапни на пациентите, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Посочуваат дека  од почетокот на пандемијата до денес Министерството за здравство се погрижило во секое време терапијата за пациентите со дијабет да биде навремено доставена до сите инсулински аптеки низ државата иако имаше недостаток низ цела Европа поради енормната потрошувачка.

– Влијанието на пандемијата во однос на тековните набавки е одамна надминато, а потребните количини се доставуваат во континуитет, редовно и регуларно на територија на цела држава, велат од министерството за здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.