Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Граѓаните кои доаѓаат да се вакцинираат против Ковид-19 во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје најчесто се интересираат смеат ли консумираат алкохолни пијалоци но и за тоа можат ли да имаат сексуални односи по примањето на вакцината. Во овој центар, каде се јавуваат дури и по 4000 граѓани дневно, досега никој не одбил да ја прими вакцината откако здравствените работници ги советувале да се воздржат од пиење алкохол. Додека за сексуалниот живот на тазе вакцинираните нема никакви забрани и препораки за апстиненција. -Велат најчесто „а да се напијам едно пивце ќе може ли откако ќе ја примам вакцината“, а освен…
Левиот бек на македонската фудбалска репрезентација Кире Ристевски на три недели пред стартот на Европското првенство (ЕП) ги смени клупските бои и потпиша договор со кипарскиот прволигаш АЕЛ Лимасол. Триесетгодишниот македонски дефанзивец премина во АЕЛ од редовите на унгарскиот прволигаш Ујпешт, потпишувајќи со клубот од Лимасол договор на две сезони, со можност за продолжување на соработката за уште една година. Ристевски е четвртиот фудбалер во кипарското првенство од списокот со 26. репрезентативци што селекторот Игор Ангеловски го објави денеска за настап на ЕП, по голманот Дамјан Шишковски (Докса), играчот од средниот ред Стефан Спировски (АЕК Ларнака) и напаѓачот Иван Тричковски…
Република Северна Македонија ги заврши своите домашни обврски и дека сега е на ред Европската Унија да ги вреднува постигнувањата на земјава, констатираа денеска премиерот Зоран Заев и амбасадор на Република Италија во земјава Андреа Силвестри, по средбата во Владата. -Продолжуваме со реформите дома, со силна посветеност кон функционална правна држава. Во однос на разговорите со нашиот сосед, Република Бугарија, продолжуваме со конструктивноста во разговорите. Тоа што го соопштивме и во Брисел е дека прифаќаме да разговараме за сѐ освен за тоа кои сме, порача Заев. На состанокот, како што соопшти владината прес служба, заеднички е изразена надеж дека со…
Европскиот парламент денеска ги одобри плановите за интензивирање на подготвеноста на Европа за кибер напади преку формирање центар за иновации и експертиза, со седиште во Букурешт, јавија романските медиуми. – Иницијативата ќе го зголеми капацитетот на Европа во борбата против кибер заканите и има за цел да ги зајакне иновациите кај малите и фирмите-почетници (старт-ап), се наведува во соопштението Новиот центар за компјутерска безбедност, со седиште во Букурешт, ќе сподели искуство во истражувањето на кибер безбедноста и ќе ја собере европската компетентна заедница на ова поле. Исто така, ќе обезбеди финансиска поддршка од „Хоризонт Јуроп“ (Horizon Europe) и „Диџитал Јуроп“…
Покрената е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност од страна на Министерството за одбрана против лидерот на здружението „Македонски Концепт“, Петар Богојески заради ксенофобични објави на Фејсбук. Богојески е државен советник за недвижности и правни работи во Министерство за одбрана. „Министерството за одбрана не толерира било каква форма на дискриминација а административните службеници во јавните настапи на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација, треба да претставуваат пример за соодветно и достоинствено однесување“, кажаа од Министерството за одбрана за ТВ21. Во манифестот на веб страната на здружението „Македонски Концепт“ се вели следното: „Тоа е платформа којашто обединува,…
ВМРО ДПМНЕ во моментов анкетираат и мерен рејтинг на кандидати за градоначалници на ниво на држава, а претседателот на партијата, Христијан Мицковски порача јавноста да биде трпелива и се уште како што вели се распрашуваат за одредени кандидати. Забележа дека како партија имаат квалитетни луѓе и ќе има многу изненадувања. -Така што очекувам ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори жестоко да го порази СДСМ, не само тука во Штип, туку и секаде во Македонија. Затоа што не само гласот за градоначалникот во определена општина, туку тоа е глас за Зоран Заев, а мислењето за Зоран Заев е крајно негативно, вели Мицковски.…
Во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерство за здравство. Поголемиот број на позитивни случаи се во Скопје – 26, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп, Охрид и Струга – по 2, Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово – по 1. Според податоците на ИЈЗ, во изминатите 24 часа се регистрирани 133 оздравени пациенти од ко Скопје – 58, Куманово и Прилеп – по 10, Виница – 8, Струмица – 6, Охрид, Штип и Радовиш – по 5, Велес – 4, Гостивар, Кичево и Свети Николе – по 3,…
Правиме сè за Бугарија да го повлече ветото за започнување на преговорите за членство на Северна Македонија со ЕУ и јас тврдам дека јуни е оптимална шанса за да се случи тоа и покрај тоа што во Софија има службена Влада, изјави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прес-конференцијата по инаугуративниот состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика. Османи дополни дека и покрај тоа што Бугарија има службена со задача само за организирање на избори, тоа сепак е владин кабинет што може да донесе одлуки. – Затоа пристапивме со барање да се сретнеме, да го одржиме состанокот на…
Тешко е сега да се каже каква ќе биде политиката на земјите-членки на Европската Унија или на секоја од земјите поединечно во рамки на ЕУ, надвор од Унијата во Европа или ширум светот за патување во услови на ковид криза .Имаме некои најави и информации, но некои од ставовите на земјите се менуваат, оцени денеска министерот за здравство Венко Филипче. -Во секој случај нашиот „грин пас“ ќе биде спремен од почетокот на следната недела. Тоа е пас кој електронски преку QR (Кјуар) код и апликација која ќе може да се симне на секој мобилен телефон ќе содржи простор за три…
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на барање на Министерството за надворешни работи и дијаспора, го потпиша указот за повлекување на амбасадорот на таа земја во Република Северна Македонија, Ѓерѓ Дедај и на 11 други дипломатски претставници за кои е заклучено дека биле „политички именувани“ од претходните власти, јави дописникот на МИА од Приштина. Шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала-Шварц на денешната прес-конференција изјави дека разрешувањето на 12-те амбасадори претставува само еден чекор во правец на реформите кои претстојат во дипломатската служба. Ослободувањето од должноста и повлекувањето на политички именуваните амбасадори е извршено во духот на усвоената владина програма, со која се…
Османи: Се надеваме дека протерувањето на рускиот дипломат нема да влијае на нашите односи со Русија
Се надеваме дека нашата одлука за прогласување на еден руски дипломат за пресона нон грата, нема да влијае врз односите меѓу Северна Македонија и Русија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска одлуката на МНР за протерување на дипломатот од земјава. Османи повтори дека ваквата одлуката е донесена поради однесување на дипломатот, кое е неспоиво со дипломатскиот статус и правила. – Врз основа на сериозна истрага на случајот донесена е одлука тој да ја напушти земјата во рок од 7 дена, додаде Османи. Шефот ма македонската дипломатија изјави дека засега нема најава за реципрочна мерка од руска…
Донација од 72.000 брзи антигенски ковид тестови во вредност од 298 илјади евра, наменети за јавните здравствени установи и ковид центри во земјава, денеска му предаде германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн на министерот за здравство Венко Филипче. -Среќна сум што денеска предавам уште една донација за македонското јавно здравство, финансирана од Министерството за надворешни работи на Германија преку Организацијата за помош и заштита од катастрофи. Германија од почетокот на пандемијата го поддржа здравствениот сектор на Северна Македонија со околу 1,45 милиони евра, изјави Холштајн по предавањето на донацијата. Нагласи дека Германија е и коосновач на платформата за снабдување со…