Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За алкохол и секс прво прашуваат граѓаните откако ќе примат вакцина против Ковид-19

0
By НОВА ТВ on May 20, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 20, 2021 19:37

Граѓаните кои доаѓаат да се вакцинираат против Ковид-19 во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје најчесто се интересираат смеат ли консумираат алкохолни пијалоци но и за тоа можат ли да имаат сексуални односи по примањето на вакцината. Во овој центар, каде се јавуваат дури и по 4000 граѓани дневно, досега никој не одбил да ја прими вакцината откако здравствените работници ги советувале да се воздржат од пиење алкохол. Додека за сексуалниот живот на тазе вакцинираните нема никакви забрани и препораки за апстиненција.

-Велат најчесто „а да се напијам едно пивце ќе може ли откако ќе ја примам вакцината“, а освен мажите, дури и жени прашуваат дали смеат да пијат алкохол. Но освен тоа, дел од граѓаните се интересираат и дали смеат да водат љубов… Токму деновиве за тоа се интересирање и еден постар граѓанин, можеби на 70-годишна возраст кој се вакцинираше заедно со сопругата по што нѐ праша и за тоа може ли да има секс …Па кој е уште активен– може, тоа не е забрането- раскажува медицинската сестра Стојна Ѓорѓевска од патронажната служба во поликлиниката Ченто.

Таа, заедно со другите вработени од Здравствениот дом Скопје, Центарот за јавно здравје вакцинираат против Ковид-19 уште од 5. април годинава, односно од првиот ден откако почна заштитата против вирусот во „Борис Трајковски„ во Скопје.

Има и многу исплашени, но не се откажуваат од вакцина

Нејзината колешка Малинка Станковска, која доаѓа од специјалистичките служби во поликлиниката Железара, додава:

-Уште додека ги вакцинираме ние ги советуваме граѓаните што смеат а што не смеат да прават. По вакцинирањето тие не смеат да креваат тешко, ниту да се физички многу активни. Да, најчесто прашуваат може ли да се напијат барем пиво, но и за секс почнаа да нѐ прашуваат… Консумирање алкохолни пијалоци не е дозволено одреден период по примање на вакцина против Ковид-19, а за другото на шега им велиме „па може, ако е со сопругата!“ – вели Станковска.

Има и граѓани кои се премногу исплашени кога ќе стасаат на вакцина.

– Баш денеска дојде една жена која во детството имала некоја реакција од вакцина и беше многу исплашена. И дадовме вода и низ разговор ја смиривме и дадовме вакцина против Ковид-19. Таа потоа седна во делот резервиран за престој на штотуку вакцинираните, каде се останува најмалку 15 минути поради евентуална појава на нус реакции од вакцината – додава Станковска.

Волонтерите од Црвениот Крст се на располагање на граѓаните за да ги упатат кадешто треба но и да им дадат вода за пиење.

Без печат на вакциналниот лист – нема сертификат!  

Даниела Дамјановска Тодоровска од Здравствениот дом Скопје е одговорна за тоа непречено да тече заштитата против коронавирусот на неколку илјади граѓани кои секој работен ден се јавуваат на овој пункт каде се имунизира до 21 часот.

-Ова е нова состојба за сите нас, а тука владее една посебна енергија. Заедно сме со волонтерите од Црвениот Крст, студентите по медицина и фармација, лекарите кои стекнуваат дополнително искуство преку оваа имунизација. Сега и побрзо оди вакцинирањето бидејќи веќе доаѓаат помлади граѓани, без придружба. Целта е што помасовна вакцинација за што подобра заштита на здравјето на населението од овој вирус – вели Даниела.

Нејзиниот колега, д-р Харкан Мемети, е исто така на располагање за совети на сите коишто ќе дојдат да примат вакцина во „Борис Трајковски“.

-Се зголемува одзивот за вакцинација и тоа ме радува. Одговараме на дилемите на граѓаните а излегуваме и во пресрет доколку некој има препорака од специјалист поради некоја здравствена состојба да треба да прими друга вакцина, доколку истата е на располагање во овој пункт – вели д-р Мемети.

Важно е дека сите откако ќе ја примат вакцината пред да си заминат треба да се јават на одговорните пред излезот од центарот за да им се удри печат на листот за вакцинација без којшто нема да можат да добијат сертификат дека се вакцинирани.

Поголема редица пред влезот во салата забележавме заминувајќи од овој центар денеска околу 13 часот, а речиси половина од граѓаните кои чекаа за вакцина беа изложени на топлото време и директните сончеви зраци. Тендите кои се поставени пред влезот во СЦ „Борис Трајковски“ се недоволни да ги заштитат од сонце сите коишто чекаат да влезат и да примат вакцина.

 

Љубица Балабан

алкохол Вакцина Ковид-19 С.Ц. Борис Трајковски секс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.