Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Законот за легализација на дивоградби се политизира од СДСМ

0
By НОВА ТВ on May 20, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 20, 2021 15:44

ВМРО ДПМНЕ во моментов анкетираат и мерен рејтинг на кандидати за градоначалници на ниво на држава, а претседателот на партијата, Христијан Мицковски порача јавноста да биде трпелива и се уште како што вели се распрашуваат за одредени кандидати. Забележа дека како партија имаат квалитетни луѓе и ќе има многу изненадувања.

-Така што очекувам ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори жестоко да го порази СДСМ, не само тука во Штип, туку и секаде во Македонија. Затоа што не само гласот за градоначалникот во определена општина, туку тоа е глас за Зоран Заев, а мислењето за Зоран Заев е крајно негативно, вели Мицковски.

Прашан дали ВМРО ДПМНЕ стои на ставот за вонредни Парламентарни избори заедно со Локалните избори, Мицковски со одговор дека час поскоро треба да се промени власта, без разлика дали со ново парламентарно мнозинство или Предвремени парламентарни избори.

Според него, законот за легализација на дивоградби се политизира од страна на СДСМ и повторно бараат виновник таму каде што не е виновникот. Нека се погледнат самите и ќе го добијат одговорот, вели Мицковски одговарајќи на новинарско прашање кој ќе биде неговиот став и на ВМРО ДПМНЕ за законов и за амандманот во којшто јавноста и експертите сметаат дека има скриена амнестија за политичарите, кои граделе на диво.

-Ако има скриена амнестија, таа многу порано ја даде еден претседател на државата за денешниот за жал премиер во Владата, којшто единствен аболициран политичар и човек, којшто со активен судски предмет влезе во неговиот мандат во 2017 година. Тоа е јавна амнестија, тука нема скриена амнестија, вели Мицковски.

Прашан и за реформите во образованието, оцени дека изминатиот период имало скапа платена платформа за онлјан учење, според него парите се потрошиле, а одговорност нема.

–Факт број два, ние немаме универзитет во првите 1.000, имаме Универзитет кој што е длабоко закован на 2.000-тото односно на последните места  во светот. Факт број три, на дното сме според тестирањето на ПИСА. Факт број четири, родители, илјадници родители се незадоволни од овие квази реформи кои што ги предвидува Мила Царовска и апсолутно ја имаат мојата поддршка пред се како човек, како педагог и како универзитетски професор, а потоа како политичар. И факт број пет, колку побргу оваа Влада замине толку побрзо ќе дојдат вистински реформи во образованието кои што сите овие параметри ќе ги ревидираат во позитивна насока, вели Мицковски.

Во врска со истражувањето на ИРЛ за загадувањето на воздухот, со сомнителни горива истакна дека е срам  и за осуда на институциите доколку таков енергенс се дозволило да биде користен и дека тоа мора да се истражи.

– Тоа е срам за институциите ако навистина се случило такво нешто да практично во индустријата таков енергенс се дозволи да биде користен. Тие луѓе треба најжестоко да бидат казнети бидејќи, тоа не само што е нехуман потег туку и немам зборови со којшто можам да го осудам ваквиот гест, посочи Мицкоски

Мицкоски истакна дека тоа што беше прикажано во емисијата  треба да се истражи и ако се докаже дека е точно, тогаш инволвираните треба  веднаш да бидат изведени пред лицето на правдата.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратениците од Штип и членови на ОК ВМРО ДПМНЕ денеска во Штип имаше средби со претставник од бизнис сектор, студенти, а првпат и средба со претставници на невладината „Гласен Текстилец“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.