Author: НОВА ТВ

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,3 степени е регистриран денеска во 12 часот и 06 минути во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на 65 километри југозападно од Скопје. Земјотресот е почувствуван од населението во Маврово и Гостивар со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Read More

Американскиот глумец Били Портер вчера изјави дека тој живее со ХИВ веќе 14 години, односно дека тој бил дијагностициран со вирусот во 2007. Били Портер е афро-американец и е геј, правејќи го една од ретките ѕвезди од оваа позадина. Во документ од Министерството за здравство стои следното објаснување за оваа болест: ХИВ е вирус кој предизвикува хумана имунодефициенција. Присуството на ХИВ вирусот во човечкиот организам доведува до уништување на одбрамбената способност (имунитетот), поради што организмот станува неспособен да се брани од различни болести и инфекции. (…) СИДА-та е болест која претставува последна фаза од инфекцијата со ХИВ. Били Портер доби…

Read More

Шефот на француската држава Емануел Макрон побара продолжување на вакцинацијата против Ковид-19 и повика да не се прекинува со почитување на мерките „пребрзо“ пред да може да се престане со носење маска, јави дописникот на МИА. Според проценката на Макрон, Французите сепак треба да ја „чуваат маската“ и  тоа „барем до крајот на јуни“.  –Како и вам, така и мене ми е преку глава од маската, рече тој. Откако продавниците и терасите од вчера повторно се отворени, претседателот повика на претпазливост. –Не смееме да се релаксираме пребрзо, се уште имаме премногу сограѓани кои не се вакцинирани и би ризикувале да се најдеме во болниците каде има премногу случаи. Значи, мора да продолжиме со вакцинацијата.…

Read More

Џуди Крајмер и Гери Гетман, продуцентите на „Мама миа!“ и „Мојот драг пријател“, ќе соработуваат со Ерик Рот – сценаристот на „Форест Гамп“ и „Ѕвездата е родена“, за филм за животот на легендарната американска пејачка Шерилин Саркисијан, попозната како – Шер. Таа важи за една од најголемите sвезди во историјата на филмската, театарската и музичката индустрија. За време на нејзината речиси 60-годишна кариера, Шер има добиено награди „Тони“, „Еми“, „Греми“ и еден Оскар за улогата во филмот „Moonstruck“ од 1987 година.

Read More

Европската Комисија најави дека еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантош Силва, ќе отпатуваат за Скопје и Софија утре, јави дописничката на МИА од Брисел. Премиерот Зоран Заев вчера од Брисел најави дека се подготвува ваква посета во пресрет на одлучувачкиот Совет за општи работи на ЕУ на 22 јуни кога ќе се одлучува за усвојување на преговарачката рамка и првата Меѓувладина Конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија, со што би започнале и формално преговорите за членство во ЕУ година и половина откако беа одобрени. Утре наутро, Вархеји и Сантош ќе бидат во Софија…

Read More

Државниот инспекторат за животна средина информира дека направил итен увид во кругот на поранешната Топилница во Велес, откако по силната експлозија на 19 мај изби пожар. -Топилницата е индустриско еколошко жариште, а објектите се во сопственост на Метрудхем. Увид на терен направија и инспектори од СВР Велес и констатирано е дека пожарот избувнал во текот на сечење метал од постројка за филтрирање, но не може да се утврди дали причината е контакт на искра со стара електрична инсталација, или со талог од експлозивна хемикалија, соопшти ДИЖС.За да се спречи можна хаварија, Државен инспектор за животна средина вчера изрече усна забрана…

Read More

Европската Комисија соопшти утрово дека е склучен нов договор со фармацевтската компанија „Фајзер“ за дополнителни 1,8 милијарда дози вакцини до 2023 година, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова е трет договор на Европската унија со „Фајзер“/„БиоНТек“. Освен резервираните 1,8 милијарда дози, договорот предвидува опционални 900 милиони дози по потреба, од крајот на оваа година до 2023. Европската Комисија нагласи дека овие вакцини треба да бидат адаптирани на евентуални нови соеви на вирусот. Брисел, исто така, бара вакцините да се произведуваат во ЕУ и експлицитно гарантира достава на дози за земјите на ЕУ од почетокот на 2022, за да се…

Read More

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 391 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите, информира Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани шест нови пациенти поради компликации од корона вирусот со што вкупно 151 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град од кои голем дел се на кислородна поддршка. Дома се пуштени 20 оздравени пациенти. В последното деноноќие, на Интерните клиники имало два…

Read More

„Не се откажувам од изнаоѓање на решение со Бугарија, бидејќи нема што друго да правиме. Европската Унија нема алтернатива. Ние продолжуваме да се европеизираме дома, но не е исто сами да се европезирате и низ процесот на преговори, низ поглавјата. Низ поглавјата и кластерите доаѓаат и милиони за поддршка за да може да те мотивираат и охрабрат да покажеш навистина вредности и ефекти од реформите во државата“ кажа премиерот Зоран Заев во гостувањето на „Утрински брифинг“. „Новата методологија е фер, доколку отворите и затворите пет поглавја имате за тој дел кохезивни фондови што ќе не движат напред“ објасни Заев. Тој…

Read More

Целиот свет е посветен на темата инвестирање во обновливите извори, енергетската ефикасност, заштеда на енергијата, енергетиката и дигитализацијата генерално и ние сме посветени на овие приоритети, порача денеска премиерот Зоран Заев. Во денешното утринско интервју  за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ посочи дека при неодамнешната посета на Грција во фокусот на средбите биле поддршката на странските инвеститори и проектите од областа на енергетика, инфраструктура и гасификацијата. Притоа ги спомена нашата инвестиција во терминал за течен гас во Александропули, гасната централа од 400 милиони евра и 370 милиони евра вредниот гасен терминал, како главни геостратегиски приоритети, посебно нагласувајќи ги и нафтените…

Read More

По пребројувањето на вчера запленетото количество пари во пристаништето Драч, полицијата соопшти дека станува збор за 124 илјади фунти. Медумите претходно објавија дека полицијата запленила милион фунти, во комби возило, што пристигнало од Велика Британија. Парите се откриени во товарно комбе возило „Мерцедес“, што припаѓало на фирма која се занимава со достава на пратки меѓу албанските емигранти и нивните семејства во Велика Бртанија и обратно. -По претходно добиени информации дека во товарното возило, што доаѓа од Велика Британија, има поголемо количество фунти, во соработка со царинските органи, на втората контрола, со скенер, отриени беа неколку пакувања во кои се наоѓаа…

Read More

СДСМ се менува, се подмладува и мислиме дека тоа носи прогресивност, тоа носи енергија во работата, не дозволуваме да се замрзнеме односно да се оддалечиме од реалноста со тоа што сме со чест и одговорност да ја водиме извршната власт и затоа вака динамични и кадровски и политички нови се случуваат во СДСМ, изјави утрово претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев. Во гостување во емисијата „Утрински брифинг“, Заев зборуваше за промените во партијата кои доаѓаат по 26. Изборен Конгрес како и за дел од досегашните успеси на Владата што ја предводи СДСМ. – Точно, ние имаме 37,5 отсто млади…

Read More