Published: Thursday, May 20, 2021 14:00
Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,3 степени е регистриран денеска во 12 часот и 06 минути во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на 65 километри југозападно од Скопје.
Земјотресот е почувствуван од населението во Маврово и Гостивар со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.




