Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Премиерот Зоран Заев и годинава традиционално ќе се обрати на Виенскиот економски форум, кој е посветен на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан. Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Заев ќе се обрати преку видеоконференциска врска во два наврати и тоа со воведно обраќање по повод официјалниот почеток на Форумот, а ќе зборува и за условите и поддршката на странските инвеститори во земјава, како и за проектите со фокус на енергетиката, инфраструктурата и гасификацијата. На Виенскиот економски форум воведни обраќања ќе имаат и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, словенечкиот премиер Јанез Јанша, извршниот директор на…
Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека е во тек исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период. Од МТСП појаснуваат дека исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа за првиот мерен период во текот на декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на јули во тековната календарска година. Исплатата на додатокот за образование изнесува по 2.100 денари во четири еднакви…
Археолошкиот Музеј на Република Северна Македонија ја покренува активноста „Прашај го археологот“. Преку оваа активност на младите посетители ќе им овозможат да постават прашања за сѐ она што ги интересира од областа на археологијата. Целната публика на оваа активност, како што велат од музејот, претставуваат децата од школска возраст. Идејата е да им се овозможи на децата да постават прашања за она што ги интересира од областа на археологијата. На социјалните мрежи и веб страна на музејот е поставена објава за настанот во која е наведен начинот на кој децата ќе можат да ги испратат своите прашања – преку коментар…
Од Радио Слободна Европа известуваат: Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прифати понудената гаранција од 10 милиони евра за бранење од слобода на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков кој е во притвор. Мијалков е во истражниот затвор Скопје од 23-ти февруари кога по неколкудневно мистериозно исчезнување се појави пред обвинителството да го подигне решението за притвор. „Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го изјави следното: Доаѓаат изборите, и нормално се зголемуваат и политичките притисоци, како и нарачките во обвинителството и судството. Ако не е јасно зошто никој не се занимава со сузбивање на организираниот криминал, тоа е поради тоа што истите луѓе се занимаваат со политички прогон. Тужбата на Русковска за видео спот од кампањата за парламентарните избори која ја загуби во прв степен, Апелациониот суд ја враќа на повторно одлучување. Апелациониот суд очигледно ја уважува “душевната болка и претрпен страв” од спот, во исто време кога кај народот душевна болка е тоа што наместо вакцини бркаа…
Следното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз” продолжува на 26 мај. Судењето за овој предмет е во фаза на доказна постапка, односно презентирање на материјални и вербални докази предложени од одбраната. На денешното рочиште беше предвидено да сведочат градоначалниците на Битола и Карпош, Наташа Петровска и Стефан Богоев. Но, прашања за нив од одбраната кој ги предложи за сведоци, немаше од причина што Судот претходно не го прифати предлогот за изведување на материјални докази. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчева. За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз,…
Историјата на Македонија и македонската култура воопшто не се и не треба да бидат теми за политичко пазарење. Се надевам оваа книга, како и книгата „Прогласот на Константин Филозоф – Свети Кирил“, што деновиве излезе од печат и која содржи прилози на старословенски, словачки и македонски јазик ќе послужат како водилка за долгоочекуваното и посакувано обединување на ставовите на македонските политичари во врска со ова прашање. Ова денеска го нагласи академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ на промоција на колективното издание „Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура“ приредено од академик Катица Ќулавкова, што се одржа денеска на платото…
Германската амбасадорка во Северна Македонија Анке Холштајн денеска изјави дека португалското претседателство во моментов работи напорно да се најде консензус за преговарачката рамка за Северна Македонија до Советот на ЕУ што е закажан во јуни и изрази жалење што Германија не успеала да го постигне овој консензус за време на нивното претседателство со ЕУ. Вели дека за Северна Македонија не постои друг простор за маневрирање и оти има црвени линии што не смеат да се преминат. -Ние, Германија, се уште жалиме што не успеавме да го постигне овој консенузс за време на нашето претседателство и покрај сите напори што ги…
Љубителите на уметноста вечер во 20 часот во Јавна соба ќе имаат можност да ги погледнат делата на петнаесетте млади македонски уметници кои беа одбиени на конкурсот за тринаесетотто Биенале на млади уметници. Уметниците чиишто дела биле одбиени од жири комисијата на официјалниот париски „Салон“ ќе го следат примерот на францускиот „Салон на одбиените“ што во далечната 1863 година бил организиран под покровителство на Наполеон III, Организаторите на изложбата „Одбиенале 2021“ сакаат да ја потенцираат потребата од алтернативни „неофицијални“ изложби, со цел јавноста да даде оценка за изложените дела.
Раководството на кошаркарската Евролигата објави дека германскиот град Келн е целосно подготвен за организација на „Фајнл-фор“ турнирот. – Келн е целосно подготвен за Ф4. Поради потребата да се усогласат со посебниот протокол за здравје и безбедност, екипите ќе пристигнат во вторник – еден ден порано од вообичаеното, соопшти прес-службата на Евролигата. Фајнл-фор турнирот во Евролигата ќе се одржи од 28 до 30 мај во арената „Ланксес“ во Келн. На 28 мај во полуфиналето ЦСКА Москва во полуфиналето ќе се сретне со турскиот Анадолу Ефес, додека Барселона ќе игра против Милан. Победниците на 30 мај ќе играат за насловот европски шампион,…
ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидува да ги спречи реформите во образованието кои се во интерес на наставниците, на учениците и нивните родители. Откако им пропаднаа обидите за протести, откако се увиде дека освен нивните партиски членови, никој не ги поддржува, решија да собираат потписи за референдум. Но, знаејќи дека ја немаат поддршката од граѓаните, потписите за референдум ги собирале на начин спротивен на сите процедури. Не им е првпат на ВМРО-ДПМНЕ да организираат вакви иницијативи, па случајно да направат вакви грешки, овие грешки сигурно не се случајни, но она што е сигурно е дека граѓаните немаат доверба и поддршка…
Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби се враќа во Собранието на трето читање, а во овој меѓу период од 30 дена, Владата очекува широка дебата, со која ќе се искристализираат позициите на сите засегнати и ќе се пронајде оптимално решение. Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за тоа зошто претходно не се одржала широка дебата, нагласи дека и тоа што сега таа се отвора е добро, бидејќи, како што напомена, тоа значи дека реакциите биле слушнати. За тоа како би изгледала таа дебата, кога би почнала, дали има рокови, Арсовски одговори дека Министерството за…