Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски по неколку часовна дискусија и политички обвинувања ја прекина денешната 104-та седница на која се дискутираше за предлогот за реконструкција на владиниот кабинет. Тој најави дека оваа седница ќе продолжи утре на пладне.
Претседателот на Демократски сојуз , Павле Трајанов вечерва на прес конференција најави дека неговата партија излегува од власта.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), ја осудува агресивната јавна комуникација на актуелниот пратеник и лидер на политичката партија „Левица“, Димитар Апасиев кон новинарот Љупчо Златев.
За активирање на економската мерка со која ќе се овозможи слободно движење на пазарот на трудот, слободно движење на луѓе и услуги во бизнис секторот, потребно е уште да се помине филтерот на пратениците, изјави Марјан Забрчанец координатор за Слободен Балкан, во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77.
Во Собранието за в понеделник во 15 часот е закажана 104. седница на која ќе се одлучува за Предлогот за реконструкција на Владата што го испрати премиерот Димитар Ковачевски. Предлогот за реконструкција на владиниот кабинет е за четворица министри и пет заменици министри, а следуваше по преговорите за приклучување на Алијансата за Албанците (АА) во владиното мнозинство.
Австриската војска ги прекина спасувачките операции во уништената од земјотресот Туркије поради влошената „безбедносна ситуација“, изјави воен портпарол.
Премиерот Димитар Ковачевски достави до Собранието предлог за реконструкција на Владата, за четворица министри и пет заменици министри, откако вчера ги заокружи преговорите за влез во владиното мнозинство на Алијансата за Албанците, соопшти владината прес-служба.
Во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ, вчера и денеска во Скопје се одржа Конференција за борба против антисемитизмот во регионот на ОБСЕ. На настанот, кој го отвори министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, присуствуваше и претседателката на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (IHRA) Ен Бурнс, специјалниот претставник на Владата на Обединетото Кралство за борба против антисемитизмот Лордот Ерик Пиклс, претседателот на Еврејската конфедерација на Украина Борис Ложкин (онлајн), претставници на еврејските организации од светот, како и на земјите членки на ОБСЕ.
Неприфатливо е однесувањето на властите во Република Северна Македонија кон бугарските граѓани на денешниот 4 февруари, кога се одбележуваат 151 година од раѓањето на Гоце Делчев. Денешните постапки на властите во Северна Македонија сериозно го нарушија процесот на враќање на довербата меѓу двете земји, се наведува во реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи за денешното одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Андриј Јермак, шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак, изјави денеска дека Украина вратила 116 војници како дел од размената на воени заробеници. На Твитер објави видео од војниците во автобусот и рече дека тие се „бранители на Мариупол, партизани од Керсон и снајперисти од областа Бахмут“.
Бугарскиот технички министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје по повод 151-годишнината од раѓањето, но не ги дочека бугарските граѓани кои организирано патуваат кон Скопје. Настанот е од висок ризик, поради тензиите со Бугарија, а тројца бугарски државјани беа приведени на Деве Баир поради обид за напад на полицајци.
Република Северна Македонија сама го блокира членството во Европската Унија. Бугарија е децидна – додека не се исполнат условите поставени во францускиот предлог, нема да дадеме зелено светло за првата меѓувладина конференција, која ќе го отклучи преговарачкиот процес, изјави денеска бугарската вицепремиерка Илијана Јотова пред новинарите во селото Илинденци, општина Струмјани, каде присуствуваше на 30-то издание на Фестивалот на боговите на виното.