Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција на бугарско МНР: Северна Македонија им зададе сериозен удар на билатералните односи

0
By Gabi Tocko on February 4, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 4, 2023 21:25

Неприфатливо е однесувањето на властите во Република Северна Македонија кон бугарските граѓани на денешниот 4 февруари, кога се одбележуваат 151 година од раѓањето на Гоце Делчев. Денешните постапки на властите во Северна Македонија сериозно го нарушија процесот на враќање на довербата меѓу двете земји, се наведува во реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи за денешното одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Република Бугарија во периодот по 1991 година постојано демонстрираше искрена желба за развој на добрососедски односи со Република Северна Македонија. По потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во 2017 година, беше воспоставена практика за заедничко одбележување на историските личности од нашата заедничка историја, како што е без сомнение Георги (Гоце) Николов Делчев. За жал, прославата на 151-годишнината од неговото раѓање не придонесе за надградување на билатералните односи меѓу Софија и Скопје. Со длабоко жалење констатираме дека 4 февруари 2023 година ќе влезе во историјата како датум на кој властите во Северна Македонија, од крајно неубедливи причини и кршејќи ги претходно дадените гаранции, не дозволија оддавање почит кон делото и животот на Делчев од страна на бугарски државјани. Министерството за надворешни работи го оценија денешниот однос на властите во Северна Македонија како понижувачки и неприфатлив кон бугарскиот народ и кон Република Бугарија, се додава во соопштението.

Ваквите дејствија, како што се наведува, Софија ги смета како неисполнување на обврската да се обезбеди непречен пристап за сите добронамерни граѓани кои сакаат да му одадат почит на големиот револуционер.

Денешните постапки на властите во Северна Македонија нанесоа сериозна штета на процесот на враќање на довербата и покрај напорите на премиерот Галаб Донев, кој во сложена ситуација иницираше процес на деескалација и на вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој токму за оваа цел го посети Скопје на 30 јануари годинава, како и неговата денешна посета, пишува во соопштението.

Според информацијата со која досега располага бугарското Министерството за надворешни работи, е дека на граничните премини од македонска страна на бугарските граѓани со часови не им се дозволувал влез на територијата на Северна Македонија поради аргументи од техничка природа. Потоа, како што се наведува, некои од бугарските граѓани добиле официјални одбивања да влезат на територијата на Северна Македонија, додека други се вратиле поради долгите часови на чекање.

Се посочува дека меѓу засегнатите со овие рестриктивни мерки има и новинари, против кои се употребени основите на „закана по јавниот ред, националната безбедност, јавното здравје или меѓународните односи на Република Северна Македонија“. Има информации за насилство од страна на граничните власти на Северна Македонија. Истовремено, во Скопје беше направен крајно изненадувачки, но неуспешен обид да се ограничи бројот на членовите на бугарската официјална делегација за време на нејзината посета во црквата Св. Спас.

Бугарскиот министер за надворешни работи разговарал со амбасадорката на Северна Македонија во Софија Агнеса Руси со барање за враќање на слободата на движење.

Истото прашање повеќе пати беше покренато во Скопје од страна на вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев. Уште еднаш констатиравме дека изјавите и уверувањата што ги добивме од претставниците на властите во Северна Македонија не одговараа на ситуацијата на терен. Овој пристап на никаков начин не придонесува за конструктивен и добронамерен дијалог, посочуваат од бугарското МНР.

Во врска со објавите во медиумите за приведени бугарски државјани, Амбасадата на Република Бугарија во Скопје официјално се обрати до локалните власти со барање за дополнителни информации, иако таквите информации требаше веднаш да бидат испратени од властите во Северна Македонија. Се очекува да им се суди по брза постапка.

Министерството за надворешни работи во Софија апелира до бугарски граѓани кои писмено биле одбиени да влезат на територијата на Северна Македонија да го информираат Министерството со цел да ги преземе потребните дејства преку дипломатски канали и да ги информираат меѓународни партнери.

Потсетуваме дека слободното движење на луѓето е еден од главните принципи на функционирањето на ЕУ. Дополнително, тоа е конкретна мерка за зајакнување на добрососедските односи. Доколку е потребно, Бугарија е подготвена да обезбеди техничка помош за да се гарантира непречено функционирање на граничниот премин. За воспоставување добрососедски односи потребни се најмалку двајца искрени партнери. Сè потешко е да се препознае во однесувањето на властите во Скопје вистинска желба да се изгради довербата, пријателството и соработката неопходни за ова, се нагласува во денешната реакција на бугарското МНР за чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев.

билатерални односи Бугарија Гоце Делчев Македонија МНР реакција чествување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.