Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пречекани украинските бранители ослободени од руско заробеништво. Зеленски: Украина ќе го одржи Бахмут

0
By Gabi Tocko on February 4, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Рововска битка за Бахмут
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 4, 2023 17:01

Андриј Јермак, шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак, изјави денеска дека Украина вратила 116 војници како дел од размената на воени заробеници. На Твитер објави видео од војниците во автобусот и рече дека тие се „бранители на Мариупол, партизани од Керсон и снајперисти од областа Бахмут“.

Another big POWs swap. We managed to get back 116 of our people. Those are the defenders of Mariupol, Kherson partisans, snipers from Bakhmut vicinities, and other heroes of ours. pic.twitter.com/DQFtjPC4E6

— Andriy Yermak (@AndriyYermak) February 4, 2023

Украинската амбасадорка во Република Северна Македонија Лариса Дир на својот твитер-налог објави видео од Службата за безбедност на Украина на кое е прикажан пречекот на украинските бранители ослободени од руско заробеништво како резултат на денешната размена.

Службата за безбедност на Украина објави видео од пречекувањето на украинските бранители ослободени од руско заробеништво како резултат на уште една размена во сабота, на 4 февруари. pic.twitter.com/GrZnE2VJ0s

— Larysa Dir (@dir_larysa) February 4, 2023

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили ќе ја продолжат својата борба за задржување на источниот град Бахмут, пишува Радио Слободна Европа.

Никој нема да го даде Бахмут. Ќе се бориме онолку долго колку што можеме. Го сметаме Бахмут наша тврдина, истакна Зеленски додека беше домаќин на лидерите на Европската унија за да разговараат за желбата на Кијив да се приклучи на блокот и дополнителниот пакет санкции.

Зеленски рече дека европските санкции треба да имаат за цел да обезбедат Русија да не може да ја обнови својата воена способност додека ја пренесе својата порака за Бахмут, кој беше фокус на повеќемесечната руска битка во Доњецк.

Доколку се забрза испораката на оружје, особено оружјето со долг дострел, не само што нема да го напуштиме Бахмут туку и ќе започнеме да ги отстрануваме [руските] окупатори од Донбас, нагласи украинскиот претседател.

Зеленски рече дека силите на Кијив „имаат шанса“ да ја победат претстојната офанзива доколку бидат снабдени со вистинското западно оружје.

Кијив продолжи да бара помоќно модерно оружје, вклучително и борбени авиони Ф-16, дури и откако ги обезбеди ветувањата од западните сојузници да испрати тенкови додека неговите сили се подготвуваат за очекуваниот нов напад од трупите на Кремљ во источна Украина.

Москва соопшти дека руските сили го опкружуваат Бахмут од неколку правци и се борат да ја преземат контролата врз патот што служи како рута за снабдување на украинските сили.

ЕУ вчера објави дека ја засилува својата мисија за воена обука за Украина, зголемувајќи ја од првичната цел од 15.000 војници на 30.000.

Лидерите на Естонија, Летонија и Литванија се состанаа вчера во Рига, повикувајќи потоа да се забрза испораката на оружје во Украина, велејќи дека следните месеци може да бидат одлучувачки во текот на војната.

Естонската премиерка Каја Калас изјави дека испораките на оружје од сојузниците на Украина не треба да доаѓаат предоцна.

Јасно е важно да ги видиме резултатите што е можно побрзо, вклучително и резултати [на] бојното поле. Помошта за Украина не смее да биде предоцна и не треба да биде фрагментирана, рече Калас.

Таа додаде дека „Русија се подготвува за нова офанзива од големи размери и нашата помош за Украина мора да биде доволна за да се соочиме со неа“.

Украинската војска вчера соопшти дека руските трупи не го забавуваат притисокот во неколку области на регионот Доњецк и покрај тоа што претрпеле големи загуби.

Руските напади во текот на 24 часа, кои завршија рано на 3 февруари, беа концентрирани главно на четири правци – Лиман, Бахмут, Авдијивка и Новопавливка, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на својот утрински брифинг.

Истовремено, соопшти Генералштабот, континуираните напади на Русија врз цивилните и инфраструктурните цели на Украина резултираа со цивилни жртви и штети.

Бахмут заробеници Зеленски размена Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.