Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрчанец: Сите 120 пратеници треба да поддржат отстранување на работните дозволи во Отворен Балкан, економијата чека

0
By Gabi Tocko on February 11, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 11, 2023 18:23

За активирање на економската мерка со која ќе се овозможи слободно движење на пазарот на трудот, слободно движење на луѓе и услуги во бизнис секторот, потребно е уште да се помине филтерот на пратениците, изјави Марјан Забрчанец координатор за Слободен Балкан, во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77.

Оваа мерка се однесува на бизнис секторот, приватните компании, не за државниот сектор. Тоа значи дека ако досега за одредени граѓани на Албанија или Србија да работат во нашата земја, треба да аплицираат, да подготвуваат и поднесуваат документи, да бараат работна дозвола, да чекаат да поминат еден куп бирократски и административни мерки и обратно и од нашата земја ако некој сака да работи онлајн за албанска или српска компанија а притоа таму да добива плата и таму да биде пријавен пензиско и здравствено, повторно мора да минува по истите постапки. Сега со оваа мерка нема да има потреба од вадење на работни дозволи. Преку софтверите на Агенцијата за вработување (постои софтвер позадински), тие се веќе вмрежени меѓу трите земји, се вади идентификациски број на секој граѓанин од Отворен Балкан. Со тоа бројче фактички ве препознаваат системите на трите земји и веднаш можете да стапите во работен однос, се разбира ако ве ангажира некоја компанија, образложи Забрчанец.

Оваа мерка е возможна како резултат на потпишаните два меѓународни договора меѓу две држави. Едниот договор се однесува на пазарот на трудот а другиот околу идентификацискиот број.

Кај нас за да стане правосилен тој договор треба да биде ратификуван во Собранието. Имаше извесно кочење и блокирање од страна на опозицијата, конкретно од Комисијата за надворешни работи, меѓутоа таа пречка е надмината и сега тој договор е стигнат на Пленарна седница и се очекува час поскоро сите 120 пратеници, кога ќе дојде точката на ред, да гласаат со „да“ , потврди Забрчанец.

Тој додава дека веќе е потпишан и договор за меѓусебно признавање на дипломите меѓу трите земји од Отворен Балкан, а таков договор за признавање е потпишан и меѓу земјите од Западен Балкан.

Потпишан е и договорот за Фондот за филм, кој ќе значи вмрежување на копродукциите на Албанија, Македонија и Србија и заедничко аплицирање до ЕУ Фондовите. Влезот на Косово во Отворен Балкан, Забрчанец смета дека ќе зависи од решавањето на ситуацијата меѓу Србија и Косово, додека Црна Гора веќе е на чекор до приклучување, бидејќи бизнисот тоа веќе го бара.

гласање Забрчанец отворен балкан Пазар на труд пратеници слободно движење Сопрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.