Author: НОВА ТВ

Славица Котиров е нова директорка на Царинската управа. Ова го одлучи Владата на синоќешната седница. Таа досега беше заменик-директор на Царина. Од Владата соопштија дека ја прифатиле оставката на Горан Сугарески и го разрешиле од функцијата. Ова следи по оставката на досегашниот директор на Царина, Сугарески, кој одлучи да се кандидира за градоначалник на Прилеп. Тој за оваа одлука инфомрираше на 9 јули, а функцијата ја напушти на 12 јули. https://novatv.mk/se-povlekuva-od-tsarina-sugareski-se-kandidira-vo-sdsm-za-gradonachalnik-na-prilep/

Read More

Потврдени се нови 21 случај на коронавирус, од кои 19 се поврзани со Игрите во Токио, но меѓу нив нема заразени спортисти, соопшти претпладнево Организацискиот комитет на Олимпијадата. Вкупниот број заразени со Ковид-19 за време на Олимписките игри се искачи на 241. Претежно станува збор за лица вклучени во организацијата на Игрите, соопштија домаќините, посочувајќи оти ниту еден од заболените немал контакт со Олимпиското село. Организацискиот комитет објави дека залклучно со четвртокот, во Јапонија пристигнале 40.558 странски државјани, кои директно или индиректно се поврзани со Олимписките игри.

Read More

Во тек е исплатата на грантови за реализација на училишни проекти од областа на мултикултурализмот. Министерството за образование и наука пет години по ред предвидува средства од својот буџет, што се доделуваат на основните и средните училишта за организирање и реализирање на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција. – Наставните и воннаставните активности кои се финансираат со грантови во висина од најмногу до 30.000 денари, се реализираат самостојно од страна на училиштата или во соработка со други училишта, со учество на ученици од различни етнички заедници и на повеќе наставни јазици, соопшти Министерството.…

Read More

Со настапите на Суперхикс, Стоунед Хејџ, Дина Јашари и диџеј Мето, синоќа беше заокружена втората фестивалска вечер од „The Park Festival“, музичка манифестација која се организира во Гостивар. Четирите концерти се одржаа во градскиот парк, на големата сцена, додека на малата сцена свои сетови имаа Мврик, Кас и Андеј Мицајков. На претходната фестивалска вечер настапија и Астрид Стафа, Бесарта Муртезани, Шкелзен Бафтијари, Дуо Гитар и Јон Иди. За вечерва се закажан настапите на Дафина Зеќири, Офкестара, Нита Речи и Јанг Би. На последната вечер, на 1 август ќе настапат и Елита 5, Зани бенд и диџејот Инер Нојз. За време…

Read More

Продолжениот празничен викенд на Охридското крајбрежје го означува шпицот на летната туристичка сезона. За деновите околу Илинденските празници Охрид традиционално е преполн со гости и туристи. Солидната посетеноста на градот и крајбрежјето за Илинден не ја отсликува ситуацијата за летната сезона генерално, оттаму што до само пред две седмици во градот гости имаше само за викендите. Приватните сместувачки капацитети за овој период околу празниците се редовно максимално искористени, се бара легло повеќе што тешко се наоѓа и тоа претежно во периферните делови од градот додека во оние капацитети во централното градско подрачје или на атрактивните локации долж крајбрежјето место нема.…

Read More

Владата вчера на 92-та седница донесе одлуки за трите јавни повици, дел од мерките од шестиот економски пакет, со кои се одобрува исплата на еднократна финансиска помош за лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за свадби и за ноќни клубови, кои поднесоа барања за финансиска поддршка и притоа бележеа загуби како последица на пандемијата предизвикана од корона вирусот. Како што соопшти владината прес-служба вкупно ќе бидат помогнати 382 правни субјекти од овие категории, а висината на поддршката изнесува речиси 111 милиони денари или 1,8 милиони евра кои во наредните денови ќе им бидат исплатени на компаниите од буџетската Програма П-Мерки за…

Read More

Владејачката партија СДСМ соопшти дека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените и дополувањата на Законот за стечајци. Со законското решение дополнителни 1.100 стечајни работници месечно ќе добиваат надомест од 9.242 денари до нивно пензионирање или вработување. – На овој начин реализираме уште едно предизборно ветување и исправаме децениска неправда кон овие наши сограѓани. Досега, го решивме статусот на околу 13.000 стечајни работници кои не по своја вина останале без работа и без регулиран статус. Како одговорна социјалдемократска партија продолжуваме да решаваме долгогодишни проблеми кои водат до унапредување на животниот стандард на граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ.

Read More

Англискиот фудбалер Трент Александер Арнолд го продолжи договорот со премиерлигашот Ливерпул до 2025 година, објави синоќа официјално клубот. – Тоа е единствениот клуб за кој знам, и затоа времето минато тука и продолжувањето на престојот на подолг рок е нешто неверојатно за мене и за моето семејство, објави синоќа англискиот репрезентативец на својот Твитер профил. Арнолд, кој потекнува од младинската школа на Ливерпул, дебитираше за сениорскиот тим во 2016 година. Во дресот на Ливерпул одигра 179 натпревари и беше дел од екипата која по триесетгодишна пауза ја освоија шампионската титула во сезоната 2019/20. Ливерпул во првото коло од новата сезона…

Read More

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира дека „мини Шенген“ не смее да биде алтернатива на членството во Европската Унија. Според партијата, регионалните соработки не се алтернатива на евроинтеграциите на Македонија. – Ваквата иницијатива која Заев се обидува да ни ја прикаже како дипломатски успех е всушност пораз на политиката на Заев. Зоран Заев ги лажеше граѓаните, ветуваше европска Македонија, а сега нуди мини шенген Македонија. Но што да се очекува друго од човек кој европските перспективи ги кочи со растечка корупција и криминал. Зоран Заев треба да признае дека Македонија ја донесе во ќор сокак. Овие четири години власта…

Read More

Град Скопје изработи текст на нацрт – закон за оџачарски работи, кој има цел да ја возобнови и промовира професијата оџачар, што е дефицитарна во Скопскиот регион и низ целата наша држава. Овој проект е дел од мерките што ги презема Градот за решавање на проблемот со аерозагадувањето во зимските месеци. Во дводневна посета на Град Скопје се претставници од Град Нирнберг, коишто на работни состаноци со македонски правен експерт го усогласуваат текстот на нацрт – законот за оџачарски работи, во рамки на проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје“. Текстот на нацрт – законот го регулира…

Read More

Американскиот пливач Кејлеб Дресел го освои своето трето злато на Олимписките игри во Токио, а второ во поединечна конкуренција, триумфирајќи во трката на 100 метри пеперутка со време на нов светски рекорд (49:45 секунди). Сребрениот медал во истата дисциплина го освои Унгарецот Криштоф Милак, постигнувајќи, притоа, нов европски рекорд (49:68), додека бронзата му припадна на Ноа Понти од Швајцарија. Претпоследниот ден на пливачките натпреварувања на Олимписките Игри донесе уште еден светски рекорд, кој го постигна штафетата на Велика Британија во трката на 4×100 метри мешано. Британската „микс“ штафета во состав Кејтлин Доусон, Адам Пити, Џејмс Гај и Ана Хопкин ја…

Read More

Премиерот Зоран Заев вчера во Владата се сретна со носителот на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио во теквондо Дејан Георгиевски, кој беше во придружба на тренерите Дарко Костовски и Борче Костовски. Премиерот Заев му честиташе на сребрениот олимпиец Георгиевски и со внимание се запозна со искуството на младиот спортист од настапот на олимписката спортска арена во Токио, соопштија денеска од Владата. На средбата, како што информираат од Владата, премиерот Заев му се заблагодари на Дејан Георгиевски за радоста што им ја донесе на граѓаните на земјата од Токио и истакна дека Дејан е пример и модел за…

Read More