Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Поранешниот заменик на државниот обвинител на САД предал докази на Конгресот дека поранешниот претседател Доналд Трамп влијаел првите лица во Министерството за правда да објават дека претседателските избори во 2020 година биле лажирани, јави Вашингтон пост. -Само кажи дека изборите се корумпирани, плус остави сè друго на мене, му кажал Трамп на тогашниот вршител на должност државен обвинител Џефри Роузен. Во САД, државниот обвинител истовремено ја извршува и функцијата министер за правда. Белешките се предадени од заменикот Ричард Донохју, кој го слушнал разговорот меѓу Трамп и Роузен. Ова е уште еден доказ дека при крајот на 2020 година експретседателот се…
Судот во Мадрид ја отфрли денеска жалбата на УЕФА на одлуката да се поништат сите активностите преземени против 12-те клубови основачи на фудбалската Супер лига. Трите клубови, кои не го напуштија проектот – Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, порачаа преку заедничко соопштение вечерва дека ќе продолжат со развој на Супер лигата. – Задоволни сме што во иднина повеќе нема да бидеме изложени на постојаните закани од УЕФА. Нашата цел е да продолжиме да го развиваме проектот Супер лига на конструктивен и кооперативен начин, секогаш, притоа, сметајќи на сите заинтересирани страни во фудбалот – навивачите, играчите, тренерите, клубовите, првенствата, како и…
Членот на англиската фудбалска репрезентација Бен Вајт (23) е нов фудбалер на премиерлигашот Арсенал, соопшти денеска клубот од северен Лондон. Англиските медиуми пренесуваат дека Вајт потпишал петгодишен договор со Арсенал, а трансферот од екипата на Брајтон изнесува 50 милиони фунти. Вајт минатата сезона одигра 36 натпревари во Премиер лигата за Брајтон, а по повредата на Трент Александер – Арнолд беше повикан во англиската репрезентација со која пред три недели го освои второто место на ЕУРО2020. – Бен беше нашата клучна мета за ова лето. Тој поседува голем квалитет и затоа сме возбудени што ни се приклучува во тимот, изјави за…
Во полициска станица Кичево вчера било пријавено дека на улицата „Рудничка“ во Кичево, патничко моторно возило марка „Ауди А3“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 45-годипен Д.Р. од Битола, удрило во 22-годишниот пешак А.Џ. од село Пласница, Македонски Брод. Стефан Симоски од СВР Охрид информира дека во сообраќајната незгода пласничанецот се здобил со тешки телесни повреди што биле констатирани во Медицинскиот центар Кичево. -На местото на незгодата увид извишила полициска екипа од ОВР Кичево. Причините за сообраќајната незгода допрва ќе се утврдуваат, додаде Симоски.
Пожар попладенето избувна во близина на албанското летувалиште Ксамил. Зафатени се трева и нискостеблеста шума на тешко пристапно подрачје. На терен се пожаникари кои заедно со локалното население го локализираат пожарот. Засега нема опасност пожарот да ги зафати станбените објекти во крајбрежјето на Ксамил, каде што во моментов летуваат и голем број туристи од С Македонија. Освен мирис на чад и забележлива раздвиженост на пожарникарски возила, нема издадено предупредување од албанските власти за евентуална опасност од пожарот, велат за МИА македонски граѓани кои летуваат во Ксамил.
Максимален број од 13.000 гледачи ќе биде дозволен за натпреварот од Суперкупот на УЕФА меѓу победникот во Лигата на шампиони, Челзи, и освојувачот на Лига Европа, Виљареал, соопшти попладнево Европската фудбалска асоцијација. Дуелот меѓу победниците во двете најсилни европски клупски натпреварувања ќе се игра на 11 август, со почетокот од 21 часот, на стадионот „Виндзор“ во Белфаст. Навивачите ќе можат да аплицираат за билети со 2. август, а влезот на стадионот ќе биде дозволе со негативен ПЦР или брз антигенски тест. Во врска со странските навивачи, кои ќе сакаат да го следат Суперкупот од трибините на „Виндзор парк“, УЕФА наведе…
Министерот за правда најавува промени во текстот на Изборниот законик во насока на подобрувања. Тој вели дека начелно е постигната согласност меѓу големите четири политички партии. А, по одморите или на средина на август, министерот очекува законот да биде изгласан во Собранието. -Изборниот законик е комплициран за донесување и секогаш сме го носеле со консензус. Во овој момент сè уште се работи на тој текст. Постои предлог во Собранието, потпишан од неколку пратеници коориднаторите на четирите најголеми партии, но она што можам да го кажам е дека тоа не значи дека во таа форма конечно ќе биде донесен. Има уште…
Почнувајќи од денеска, секој жител на Њујорк кој ќе прими прва доза вакцина против коронавирус ќе добие подарок од 100 американски долари. Градоначалникот Бил де Блазио во средата објави нов поттик за вакцинација, што ги стимулира граѓаните да ја примат првата доза од вакцината против Ковид-19. Поттикот вреден 100 долари важи за сите граѓани и вработени кои сè уште не ја примиле првата доза, јави Си-Ен-Ен. Секој што не сака пари може да добие друг еден подарок, како што се билети за натпревари на ФК Њујорк сити, билети за Бруклин Сајклонс, пропусница за 10 возења со траектот NYC Ferry и…
Постојат неколку премрежја во изминативе 30 години кои не можевме да ги превидиме, на пример спорот со Грција. Не можевме да предвидиме прво дека ќе трае толку многу и дека практично ќе не блокира при влезот во секоја меѓународна организација… Ова сега најново се надевам нема да биде такво по пропорции, споров со Бугарија што го имаме и нема толку да трае, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Трилинг на Телевизија 24. Меѓутоа, додава тој, исто така не може да се поверува дека може да постои спор во кој една земја членка на ЕУ и на НАТО вели „ти…
Безбедносната состојба на подрачјето на Општина Студеничани е разгледана на денешната вонредна седница на Советот на општината, на која присустувале градоначалникот Азем Садики, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски заедно со помошник директорот Шефик Бајрами, како и командирот на ПС Драчево, Миле Трифуновски. Од МВР информираат дека безбедносната состојба на подрачјето на оваа општина е оценета како стабилна, со тенденција кон подобрување. Од Министерството потенцираат дека особено внимание беше посветено на пукањето со огнено оружје на семејните веселби и мерките за спречување на оваа појава. Советот на Општина Студеничани, градоначалникот и Министертвото за внатрешни работи ги повикуваат граѓаните…
Во Гевгелија и Демир Капија денеска се измерени 43 степени, во Скопје, Струмица и Штип 41, а во Битола и Тетово 39. Во Охрид и Преспа се регистрирани 34, а најсвежо е во Крушево со 31 и Маврово со 30 степени. УХМР предупредува дека продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности долж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен. И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Утре максималната температура ќе достигне до 42 степена, а вредноста…
Проблемот со издавање на лични карти е од сосема друга природа. До денеска околу 15 и пол илјади граѓани не можат да ги подигнат личните карти, заради тоа што Законот за личните карти е блокиран во Собранието. Ние неколкупати инсистиравме во однос на ова законско решение да се донесе, но истото е блокирано со 1.507 амандамни, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој одговарајќи на пратеничко прашање во однос на проблемот со издавање на лични карти, денеска посочи дека станувало збор за надградба на систем, но од 1 јули целиот систем е целосно во функција, во однос на земање…