Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Заев за статусот на Охрид во УНЕСКО: Работевме и успеавме, одговорноста е на сите да продолжиме така
Премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието повика на одговорно однесување од сите во државата кон Охрид како природно и културно наследство, заштитено од УНЕСКО, откако Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 44-та сесија во Фуџи, Кина, донесе одлука природното и културно наследство на Охридскиот регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност. – Сите институции, посветено работевме, денес да ја имаме шансата, односно да создадеме аргументи, да не биде Охрид прогласен под опасност од страна на УНЕСКО. Денес успеавме. Тоа мора да ни биде мотивација и обврска Охрид да го развиваме…
Во моментов се прави анализа во делот на имунизација и на препораките за евентуална трета доза на вакцина. Сега не може да се претпостави дали оваа вакцина ќе стане сезонска, но верувам дека до крајот на годината ќе се знае, заради тоа што врз основа на тоа ќе ги димензионираме количините за целата следна година, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Тој појасни дека во моментов се прават клинички студии во светот, и тоа на деца од 6 месеци до 2 години , од 2 години до 5 години и од 5…
Северна Македонија како членка на НАТО има важна улога за безбедноста во регионот. Направен е исклучителен прогрес и денеска земјата е полноправна членка на Алијансата која годинава ќе постигне целосна воена интеграција во структурите на НАТО. Тоа во денешниот телефонски разговор го заклучија министерката за одбрана Радмила Шекериска и потсекретарот за одбрана на САД за политички прашања Колин Кал. Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, во разговорот истакна дека Северна Македонија е целосно посветена на вредностите на Алијансата и дека несомнен пример за тоа е учеството на припадниците на Армијата во мисиите на НАТО. Таа порача дека капацитетите на…
Репрезентативката на Јужна Кореја во стреличарство Сан Ан стана првата спортистка на Олимписките игри во Токио со три освоени златни медали. Откако го освои златното одличје екипно и во мешани двојки, Ан ја освои олимписката титула и во поединечна конкуренција. Таа во финалето беше поуспешна од Русинката Елена Осипова со 6:5 во сет поени. Бронзениот медал го освои Италијанката Лусила Боари.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, се сретна со европратеникот Кристијан Сагарц, известител во сенка за Северна Македонија од Европските народни партии во Европскиот парламент, кој е во прва дводневна работна посета на земјава. Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба, изрази надеж посетата на европратеникот Сагарц ќе биде добра можност тој да добие јасна слика за актуелните состојби и портфолиото на државата, односно нашата спремност да ги започнеме преговорите врз основа на исполнети критериуми и заслуги. Тој упатил и благодарност до Република Австрија за силната посветеност да обезбеди европска перспектива за земјите од регионот и да го откочи и забрза процесот…
Заедничка владина седница на Северна Македонија и на Република Косово да се одржи во првата половина во септември годинава, договорија на денешнната средба првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби со Доника Гервала-Шварц, втор заменик премиер и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово. Од Кабинетот на Груби информираат дека тие констатирале оти билатералните односи помеѓу двете земји се одлични и дека оваа добра соработка ќе продолжи и во иднина со реализација на заеднички проекти во различни области кои имаат за цел продлабочување на економската соработка. Двајцата говорници, меѓу другото, како што…
Лолапалуза, еден од најголемите музички фестивали во САД, започна денеска во Чикаго со масовна посетеност на десетици илјади фанови, но здравствените експерти во земјата во настанот гледаат голема опасност, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Градските власти до последен момент, до мај, не знаеја дали да се одобри, но, сепак, решија фестивалот да оди во полн формат. Експертите сметаат дека фестивалот може да биде „супер ширител“ на коронавирусот во тесно насобраните големи групи пред сцените. Четиридневниот фестивал се очекува да биде најмасовно посетен настан во САД по избувнувањето на пандемијата лани. На настанот, кој се одржува во чикашкиот Грант парк,…
Македонскиот фудбалски првак Шкендија ги заврши настапите во евро-куповите, откако вечерва во Скопје доживеа елиминација во 2. коло од Конференциската лига. Тетовци по неуспешните квалификации во Лигата на шампионите ова лето, добија шанса за поправен во 2. коло од новоформираното натпреварување на УЕФА, но повторно претрпеа два пораза, овој пат од летонска Рига. Реваншот одигран вечерва на „Тодор Проески“ заврши 1:0 за гостите со голот на Микаел Соисало (52. минута), додека во Летонија беше 2:0. Доцна вечерва во Португалија реваншот од 2. коло во КЛ го игра и Шкупи. Чаирчани на првиот меч на домашен терен беа поразени со 3:0,…
Три лица загинаа во шумските пожари во близина на туристичките места на југот на Турција, а десетици села се евакуирани, јавија турските медиуми. Пожарите во шумите на Манавгат, Аланија, Адана, Мерсин, Бодрум и Мармарис, во близина на туристичките места во јужна Турција, брзо се проширија во населените места поради силните ветрови. Турскиот министер за земјоделство Бекир Пакдемирли изјави дека во пожарите настрадале и 150 говеда, илјада овци, 600 хектари земјоделско земјиште, а оштетени се и 50 хектари оранжерии. Првиот пожар избувна во средата во шума во близина на Манавгат, во провинцијата Анталија, и се прошири во околните населени места. Властите…
Лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, вечерва на трибина во Прилеп рече дека ќе се донесе Закон за тутун со кој ќе се забрани увоз на тутун се додека не се откупи последниот лист домаше тутун, а со ова, посочува Мицкоски, ќе се врати достоинството и развојот на градот. – Нема да има тутунари кои што нема да бидат задоволни затоа што првата работа што ќе ја направиме за тутунарите е да донесеме закон со кој што ќе биде забранет увозот на тутунот додека тутунот кој што е непродаден не се продаде до последниот лист и тоа го ветувам…
Македонскиот спортски херој, освојувач на сребрен медал од Олимпијадата во Токио во таеквондо +80 килограми, Дејан Георгиевски вечерва им се обрати на своите поддржувачи на скопскиот плоштад кои дојдоа да го поздрават го поздрават големиот успех. – Немам зборови со кои можам да го опишам чувството. Мојот тренер Дарко Костовски, од трибините ми даваше дополнителна енергија во секоја борба кога ми беше најпотребно. Од почетокот е со мене и многу карактеристики ги прифатив од него. Другиот тренер Борче Костовски е исто така „виновник“ за медалот од Олимпијадата. Тој ја направи прецизно стратегијата која не донесе до успехот. Благодарност до семејството…
Собранието денеска ја усвои предлог – одлуката за именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски”. Во Македонија за првпат ќе доделува награда за човекови права, и тоа на Меѓународниот ден на човековите права на 10 декември. За претседател на Одборот, Собранието ја именуваше извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска. Додека членови на Одборот ќе бидат извршната директорка на Фондацијата Отворено општество Македонија, Фани Каранфилова – Пановска, претседателот на НВО Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар, Алберт Муслиу, претседателката на Институтот за човекови права и поранешната судијка на Европскиот…