Author: НОВА ТВ

Должноста на првата дама на САД е да ја пречека, но и да ја украси елката во Белата куќа. Ова го стори и Џил Бајдем сопругата на американскиот претседател, Џо Бајден. „Тука е“, напиша Џил Бајден на социјалната мрежа „Твитер“ на која сподели фотографија со дрвото, кое е високо околу пет и пол метри. Елката ќе биде поставена во овалниот Син салон на Белата куќа. It’s here! pic.twitter.com/9kjM5tl40u — Jill Biden (@FLOTUS) November 23, 2021 А, за тоа како првата дама на САД ја украсила елката, јавноста ќе види на Денот на благодарноста. – Секоја година лустерот се отстранува од…

Read More

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека одговорност за автобуската несреќа мора да има и ќе има, каде и да е направен пропустот. Истрагата, нагласува Бочварски, е во тек, а од Царинската управа се очекува да информира за сите детали – што прикажало возилото на граничниот премин, какви документи приложил превозникот при излез од државата и се останато што ќе биде потребно за целата постапка. Министерот Бочварски во изјава за телевизија Телма потсети дека вчера Владата на седница донесе два заклучока од кои едниот е Државниот инспекторат за транспорт веднаш да направи контрола во „Беса транс“. – Истрагата…

Read More

До овој момент Обвинителството нема нови информации во врска со сообраќајната трагедија, ниту се договоривме да ни го доставуваат сите информации. Ние сме убедени во професионалноста на бугарските обвинители и дека ќе ги расветлат сите околности околу трагедијата, вели државниот обвинител Љубомир Јовески. Во изјава за телевизија Телма, Јовевски потврди дека имало определени проблеми вчера нашите експерти од Судска медицина да влезат на обдукцијата, но тие се надминати и сега нашите претставници од Судска медицина работат на обдукциите. – Ние уште вчера се договоривме со обвинителот кој ја води истрагата во Бугарија да обезбедиме биолошки траги од роднините на загинатите.…

Read More

Новиот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков одобрил сеча на липи и костени на улицата „Македонски Просветители“. Токму на тоа место ќе се прави булевар. Од општината Охрид се правдаат дека 49 липи и 13 костени се со надмината физиолошка и биолошка возраст, дрва нападнати од карантински болести и штетници со значителни физички оштетувања по разни основи и заболени дрва кај кои не постои можност за успешно санирање на нивната здравствена состојба. – Овие стебла се наоѓаат на потегот од пресекот со Кеј ‘Македонија’ до пресекот со ул. ‘Даме Груев’ и ќе бидат отстранети при изведување на првата фаза од реконструкцијата на…

Read More

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан изрази сочуство за настраданите во автобуската несреќа во Бугарија. – Со жалење ја примивме веста за страотната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот „Струма“ во Република Бугарија, каде што животот го загубија четириесет и шест патници, меѓу кои и деца. Сострадувајќи со болката на семејствата на постраданите, од Свое, како и од името на клирот и на верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, искажуваме најискрено сочувство, молејќи се за спасение на душите на починатите, а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување, наведува Архиепископот Охридски и Македонски,…

Read More

Фудбалските клубови ширум Европа продолжуваат да објавуваат загуби, кои ги предизвика пандемијата на коронавирус, особено во периодот кога натпреварите беа играни пред празни трибини. Тотенхем, еден од најсилните и најстабилни клубови во Премиер лигата, официјално соопшти дека минатата 2020/21 сезона, кога натпреварите ги играше без присуство на публика, регистрирал загуба од дури 95 милиони евра. Приходот, кој лондонскиот клуб го остварувал минатата сезона на самиот ден на одигрување на натпреварите изнесувал само 2.3 милиони евра, споредено со 123 милиони евра една сезона претходно. Тотенхем обзнани дека вкупниот долг на клубот  за само една година пораснал од 119 милиони евра на 839 милиони евра.

Read More

Од рано утрово Секторот за професионална одговорност на Царинска управа е на Граничниот премин Деве Баир со цел детално да се изврши контрола на постапувањето на превозникот и царинските службеници, согласно надлежностите пропишани со Законот за превоз во патниот сообраќај на денот на излез од државава на автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредни во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија, информира Царинската управа. -Предмет на контрола е и постапувањето за конкретниот превозник и возило и во претходниот период на истиот граничен премин. За наодите од контролата јавноста  ќе…

Read More

Добрите односи со Бугарија и европската перспектива за Република С Македонија се без алтернатива, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за Агенцијата БГНЕС. Прашан што ќе направат властите во Скопје по реафирмираниот став на Бугарија во однос на почетокот на преговорите за членство во ЕУ, Османи нагласи дека по однос на политичките прашања, според него, во следниот период активно ќе се бара решение. Како што знаете, истакна шефот на дипломатијата, С Македонија беше конструктивната страна за изнаоѓање решение. – Во следниот период очекуваме кога ќе се формира владата во Бугарија да почнат разговорите. Сметам дека и во…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска упати изрази на сочувство до граѓаните на Северна Македонија и на Бугарија поради загубените животи на голем број луѓе во автобуската несреќа во близина на Софија и пожарот во домот за стари и изнемоштени лица во Бугарија. – Стејт департментот и американскиот народ изразуваат длабоко сочувство до граѓаните на Северна Македонија и на Бугарија поради трагичната загуба на животи во денешната автобуска несреќа и вчерашниот пожар во дом за стари и изнемоштени лица. Нашите срца се со сите ужалени, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша Блинкен на Твитер. Автобус со македонски регистерски…

Read More

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу изјави дека бројот на жртвите од сообраќајната трагедија во Бугарија од оваа општина официјално е 16, но дека, според него, има повеќе жртви кои живееле во Чаир, но имаат адреси во други општини. – Бев во контакт со роднините кои беа погодени од оваа трагедија. Тука сум да покажам дека Општина Чаир е отворена во секое време и за секаква помош, рече Ганиу за ТВ21. Тој потенцира дека за утре во 10:00 часот општината закажала седница во врска со трагичната несреќа во Бугарија, на која ќе се дискутира за правните начини за да се…

Read More

Советот на амбасадори изрази сочувство до семејствата и роднините на загинатите во сообраќајната недтрќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски граѓани. -Со длабока болка и тага ја примивме веста за автобуската трагедијата во која животите ги изгубија голем број на млади и деца, како и цели семејства од нашата земја. Советот на Амбасадори на семејствата на загинатите и на нивните блиски роднини им упатува длабоко сочуство, а на повредените што поскоро оздравување, се наведува во соопштението од Извршниот Одбор на Советот на амбасадори.

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на прес-конференција изјави дека очекува брза и сеопфатна реакција на надлежните служби и оти верува дека со една заедничка соработка со бугарските институции многу бргу ќе имаме одговор околу сите нејаснотии околу автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 патници, од кои 12 се деца, додека седум се повредени и согласно тоа ќе има ефикасност во утврдувањето на одговорноста. -Она што засега можам да го кажам и е во доменот на податоци со кои располага МВР е дека последната извршена проверка на техичката исправност на автобусот е на  5 октомври 2021…

Read More