Author: НОВА ТВ

Според Националниот институт за статистика, бројот на убиства во Мексико од 36.579 во текот на минатата година во основа остана непроменет во споредба со 2019 година. Иако пандемијата на коронавирус намали многу други активности во Мексико во текот на 2020 година, бројот на убиства остана приближно до оној од 2019 година, кога беа убиени 36.661 лица. Тоа значи дека стапката на убиства во Мексико во 2020 година остана непроменета и изнесува 29 на 100.000 жители, а за споредба, стапката на убиства во Соединетите Американски Држави во 2019 година беше 5,8 на 100.000. Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека неговата…

Read More

Македонија деновиве е на врвот на листата по однос на аплицирани дози вакцини по глава на жител. Ова го покажува светската дата на податоци која ги мери аплицираните дози вакцини. Во земјава вкупно се аплицирани 847.336 дози вакцини, додека со две дози се вакцинирани 351.369 граѓани, а останатите 144.598 примиле само една доза вакцина. Само вчера се вакцинирале 18.149 граѓани. Според светските податоци, земјава само на 23 јули вакинирала околу 0,63% од населението. Во Грција биле вакцинирани 0,59%, Бугарија 0,12%, додека Србија 0,09%. Сепак, земјава и натаму е под светскиот просек според процентот на население кое е вакцинирано барем со…

Read More

Македонскиот олимписки комитет (МОК) му честиташе на таеквондистот Дејан Георгиевски за „најголемиот олимписки и спортски успех од независноста на македонската држава“ што го постигна со освоениот сребрен медал на Игрите во Токио. – Дејан Георгиевски, новиот македонски херој е освојувач на сребрен олимписки медал од Олимписките игри Токио 2020. Честитки и за тренерот на Дејан, Борче Костовски, кој извонредно ја постави тактиката на Дејан за да стигне до финалето на Олимписките игри. Македонскиот народ мора да се гордее со Дејан, кој веруваме дека ќе има пречек каков што заслужува олимпискиот шампион, објави вечерва МОК на својот Фејсбук профил. МОК изразува…

Read More

По експлозијата на резервоарот со растворувачи во фабриката за хемикалии во западниот германски град Леверкузен, противпожарната единица по три часа борба со стихијата успеа да ја спречи опасноста од втора експлозија, за ДПА наведе државен службеник. – Резервоарот содржел 100.000 литри многу запалив, токсичен отпаден материјал, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Реул, додавајќи дека во „Хемпаркот“ се распоредени 300 пожарникари. Во експлозијата во објектот за депонирање на отпадни производи Буериг, управувана од компанијата „Авента“, загина едно лице, 31 се повредени, додека четворица се водат за исчезнати. Условите на теренот  се уште не дозволуваат отпочнување на…

Read More

Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава за „измама“ против 37-годишна жителка на Прилеп, која во Дебар се претставувала како бајачка. – Таа, со намера да прибави противправна корист, на 18 јули свесно довела во заблуда жителка на Дебар на која, претставувајќи се како бајачка, и побарала златен накит и не и го вратила, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид. Од недоамна, особено по пристигнувањето на иселениците, на главната улица во градот е зголемен бројот на питачи, жени и деца, кои главно се од Прилеп и Велес, а ги има и од Битола…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го смени началникот на Генерлштабот на украинските вооружение сили, Руслан Хомчак, сооошти неговиот портпарол. Претседателот, наводно, се повикал на поврзувањето меѓу вооружените сили и Министерството за одбрана. Хомчак ќе биде префрлен на позиција во Советот за национална безбедност и одбрана, а на негово место е поставен Валериј Залужни, кој досега беше на чело на Северната команда на армијата.

Read More

Откриени се две гилотини во Ланд-Франција, на кои се наоѓа список со имињата на 350 политичари кои ја пофалиле „храброста на одлуките донесени од Емануел Макрон“, во трибината објавена на 18 јули во Журнали ди диманш, јави дописникот на МИА. Бернард Тасет, градоначалник на Самадет, во Ланд, каде беа пронајдени двете гилотини поднесе пријава. Тој е особено лут и вознемирен од поединците кои оставиле дрвена гилотина на паркинг во неговиот мал град со 1.200 жители, пред Дом за стари лица. На машината, со височина од речиси два метра, е ставен список со неколку стотици избрани француски политичари кои се изјаснија…

Read More

Владата на денешната тематска седница посветена на процесот на институционална децентрализација ги разгледа и усвои Дополнувањата на Информацијата за унапредување на процесот на фискална децентрализација, вклучувајќи ги и критериумите за распределба на дотацијата од ДДВ согласно симулациите со предлог-заклучоци. – Владата донесе заклучок да се формира работна група за изготвување на соодветни законски решенија, за формирање на Агенција за регионален и локален развој, со по еден претставник од Министерството за правда, Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Бирото за рамномерен регионален развој и ЗЕЛС, чија работа ќе ја координира Министерството за…

Read More

На северот од Италија денеска беснеше невреме, што попладнево се разви во пороен дожд и град, наведоа италијанските медиуми. Во текот на попладнево дојде до развој на суперќелии со уништувачка моќ, а најлошо беше во околината на Парма, каде паѓаа големи парчиња мраз, што предизвика огромна материјална штета. Поради мноштвото уништени и оштетени автомобили, автопатот од Парма кон Пјаченца неколку часа беше блокиран, јавија италијанските медиуми.

Read More

Граѓани телефонски ја известиле Пожарната во Велес дека гори Градската депонија за комунален смет. Црн чад кој се шири го задагува воздухот и им  го отежнува дишењето на жителите од населбите близу депонијата, која веќе поодамна е заградена со метална жица. Од велешката противпожарна служба инфомираат дека на градската депонија најпрво треба да интервенираат екипите на ЈКП „Дервен“ и да го гасат огнот со затрупување песок со булдожер. Но, ако огнот уште повеќе се разгоре, тие ќе мора на помош да ги повикаат пожарникарите од ТППЕ Велес. Инаку, градската депонија во Велес се пали речиси секое лето со што им…

Read More

Британски социјални работници „изложиле ранливи деца“ на сексуални престапници кои се инфилтрирале во домови за деца и во згрижувачки семејства со „катастрофални, доживотни последици врз жртвите“, покажа извештајот за децениското злоставување деца. Работниците во лондонскиот кварт Ламбет „се однесуваа кон децата како да се безвредни“ и, како што изгледа, покажаа „бесчувствителност кон ранливите деца, а беа платени да се грижат за нив“, посочуваат наодите на Независната истрага за сексуална злоупотреба на деца. Авторите на извештајот имале докази дека децата биле силувани, изложени на недолично однесување и сексуално злоставување, но навеле дека дисциплинска мерка, според жалбите на 705 корисници во три…

Read More

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (RCC), Мајлинда Брегу, денеска изјави дека корупцијата е голем проблем во западнобалканските општества на патот кон Европската унија. – Земјите од Западен Балкан мораат институционално да се справат со проблемот со корупцијата, но граѓаните, исто така, мора да го сменат однесувањето и да престанат да го сметаат за нормално да даваат подароци на некој што само си ја работи својата работа, рече таа во интервју за „Вијести“. – Мора да престане да биде социјално прифатливо луѓето да бараат врски или да плаќаат мито кога и да им треба нешто. И особено ние, како…

Read More