Author: НОВА ТВ

Бразилскиот здравствен регулатор, агенцијата Анвиса, денеска соопшти дека е одобрено испитување за вакцинација со трета доза на Астра Зенека. Анвиса соопшти дека 10.000 доброволци ќе примат трета доза од оваа вакцина. Се наведува дека третата доза од вакцината на „Астра Зенека“ ќе биде дозволена помеѓу 11 и 13 месеци по приемот на втората доза.

Read More

Улиците и метро-станиците во Киев се преплавени со вода поради силниот дожд, градот е заглавен во сообраќаен метеж. Досега украинските власти не известија за жртви. Операторот на подземната железница во Киев објави дека се затворени станиците каде има вода, пренесува „Укринформ“. Академмістечко 😰 pic.twitter.com/s7AymkszKK — Київ Оперативний (@KyivOperativ) July 19, 2021 Надојдената вода на улиците поминува како река. Лук‘янівка⛈ pic.twitter.com/4ce8eWs839 — Київ Оперативний (@KyivOperativ) July 19, 2021 Најмалку 189 лица загинаа во поплавите што погодија делови од Западна Европа, а стотици се водат за искчезнати. Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови, а многумина сè уште немаат пристап до електрична…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден денеска премести еден затвореник Мароканец од американскиот воен затвор во заливот Гвантанамо, што е прв ваков потег откако Бајден ја презеде функцијата. 56-годишниот Мароканец, Абдул Латиф Насир, кој бил затворен од 2002 година, бил ослободен уште во 2016 година, но и покрај тоа останал во затвор, за време на целиот мандат на Трамп, а сега е вратен во својата земја. Во затворот останаа уште 39 затвореници. Повеќето од нив се притворени скоро две децении, иако не биле обвинети ниту им е судено. Затворот во Гвантанамо е наменет за странски осомничени по нападите во Њујорк и Вашингтон…

Read More

Вечерва, заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, одржа состанок со претседателите на Комисиите на СДСМ, работни тела кои имаат клучна улога во градењето мерки и политики во СДСМ. На состанокот, како што соопштуваат од партијата, се зборувало за комплетирање на секретаријатите на комисиитге на централно ниво, како и за процесот на формирање на комисии на локално ниво во општинските организации. – Комисиите на СДСМ како и досега така и за овие избори имаат сериозна улога во градењето на програмата на партијата, во креирањето на мерки и политики во соодветните области. Очекуваме дека и овој пат овие работни тела на партијата…

Read More

Заврши воената мисија на НАТО во Авганистан по речиси две децении. Тоа го објави агенцијата ДПА, врз основа на повеќе дипломатски и воени извори. Странските трупи кои сè уште се наоѓаат во земјата, американски и турски, по заминувањето на повеќето војници на НАТО се исклучиво под надзор на нивните национални командни центри, тврдат изворите. Тоа значи дека се ближи крајот на најкрвавата воена мисија во историјата на Алијансата. Одлуката официјално да не се објави крај на воената мисија е поврзана со фактот дека оперативниот план е сè уште во сила, објаснува ДПА. САД влегоа во Авганистан по терористичките напади на…

Read More

Германската кошаркарска федерација официјално објави дека Денис Шрудер нема да игра за репрезентацијата на Германија на Олимписките игри во Токио. Според објавата на веб-страницата на федерацијата, високата сума за осигурувањето е главната причина за членот на Лос Анџелес лејкерс да не се приклучи на националниот тим. Германија обезбеди учество на Игрите, станувајќи победник на квалификацискиот турнир во Сплит. Шрудер имаше намера да се приклучи на репрезентацијата, но беше принуден да се повлече од учеството поради проблеми со осигурувањето. Германија беше подготвена да одвои 10 милиони евра пред турнирот во Сплит, но тоа не беше доволно.

Read More

Русија и Кина ги промовираат свои вакцини против коронавирусот преку обиди за клевета на слични американски лекови, соопшти Белата куќа, повикувајќи се на констатациите на Стејт департментот. – Тоа не е само конкуренција на вакцините: ризикот и влијанието се дека овој вид дезинформации се сведува на претерување со несаканите ефекти на западните вакцини, изјави на брифинг портпаролката на претседателската администрација, Џен Псаки. Според неа, јавноста е доведена во заблуда со лажните тврдења дека иРНК вакцините не поминале тестови и се опасни. – Кина исто така тврди дека САД не дозволуваат други земји да купуваат вакцини, и покрај доказите за спротивното.…

Read More

Премиерот Зоран Заев им посака успешен настап на членовите на Олимписката делегација на Република Северна Македонија кои заминуваат за Токио за да учествуваат на 32-те, одложени Летни олимписки игри 2020. -На ова врвно олимписко натпреварување во Токио оваа година, нашата држава ја претставуваат: Миа Блажевска-Еминова и Филип Деркоски во пливање, Борјан Бранковски во спортско стрелаштво, Дејан Георгиевски во таеквондо, Пулексенија Јованоска во карате – ката, Магомедгаджи Нуров во борење слободен стил, Арбреша Реџепи во џудо и Јован Стојоски во атлетика. Тоа се нашите олимпијци кои со самото учество на најпрестижната спортска манифестација го остварија својот сон. Сите ние од 23…

Read More

Англискиот фудбалски шампион Манчестер сити има големи планови за новата сезона. Според „Атлетик“, клубот е подготвен да ги ангажира Хари Кејн и Џек Грилиш, доколку Тотенхем и Астон Вила ги ослободат своите најдобри играчи. Манчестер сити проценува дека вкупната цена на Кејн и Грилиш ќе биде помеѓу 175 и 215 милиони фунти. Забележано е дека во ова сценарио, трошоците за овие двајца играчи ќе бидат избалансирани со продажба на некои од играчите од актуелниот состав на „граѓаните“.

Read More

Словенија избра нов министер во владата на Јанез Јанша, а на предлог на премиерот, парламентот го потврди Марко Борис Андријаниќ за таа позиција, кој ќе ја предводи новоформираната владина служба за дигитална трансформација. Андријаниќ, 38-годишен адвокат, со магистратура по јавна политика од Оксфорд, има меѓународно искуство и знаење, работел во „Убер“ и на разни проекти во Белгија, САД, Естонија и други земји. За предлогот на премиерот, кој сака да ја забрза дигитализацијата во која Словенија заостанува, гласаа 46 пратеници, додека 45 беа против. – Дигитализацијата ја гледам како тимски спорт, во неа мора да биде вклучена целата политика и целото…

Read More

Високиот орган за здравство на Франција смета дека третата доза вакцина против Ковид-19 во моментов не е потребно да им се наметне на сите граѓани. – Во моментов нема потреба да се понуди третата доза на вакцина против Ковид-19 на целата популација, „освен на најранливата и најстарата“, поради недостиг на „достапни податоци“, соопшти Високиот орган за здравство. Во соопштението се наведува дека „третата инјекција, иако се чини многу веројатно дека ќе обезбеди ефект на зајакнување, досега достапните податоци не дозволуваат прецизна проценка на влијанието или потребата за таков засилувач“. Високиот орган за здравство „затоа смета дека нема аргумент да се…

Read More

Најмалку 100 лица загинаа, а стотина исчезнаа во Германија и Белгија, по поројните дождови кои предизикаа катастрофални поплави. Поплавите предизвикаа страв и паника кај населението кое бараше начини како да си го спасаи живтот. Многу останаа без покрив над глава, бидејќи поплавата им ги уништи домовите, но и автомобилите. Подолу неколку фотографии од Германија и Белгија по природната катастрофа. Германија: Белгија: Инаку, Министерството за надворешни работи објави телефонски броеви на кои македонските државјани можат да побараат помош. https://novatv.mk/vo-belgija-20-juli-proglasen-den-na-zhalost/

Read More