Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Министерството за надворешни работи ги координира активностите во врска со справување на последиците од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица државјани на Северна Македонија, заедно со бугарското МНР. Процесот на идентификација на жртвите е во тек, а по негово завршување ќе следи организирана постапка за пренос на телата на починатите, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Не знам дали трагедиите можат да се мерат по големина но денес е навистина тажен ден. Верувам дека сите ние денес живееме еден од најтажните денови во поновата историја на земјата, рече Османи вечерва на заедничка прес-конференција во Владата со…
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочарвски изјави дека превозникот „Беса транс“ доставил уредна документација и добил лиценца за превоз на патници. Превозникот ги исполнил условите и до овој момент има уредна лиценца. За опожареното возило Бочварски кажа дека го нема во електронската база на министерството. Фирмата превозник е должна да го пријави во рок од 15 дена. Против превозникот е покрената постапка за одземање на лиценцата за работа, а дополнително ќе биде испратена инспекција од Државниот инспекторат за транспорт за работењето на „Беса транс“.
Силна експлозија одекна околу 14 часот во близина на Белград. Две лица го загубија животот, а 16 се повредени. Експлозијата била во магацинот на фабрика во населбата Лештане во Белград, на површина од 260 квадрати, каде се наоѓале 500 ракети со 30 килограми експлозив. Несреќата се случила во компанијата „Еде про” во Лештане, а во моментот на експлозијата во фабриката имало работници. Еден работник останал заробен, но пожарникарите успеале да го извлечат. Очевидци велат дека во тој дел на Белград се почувствувале силни детонации. Засега не е позната причината за експлозијата, но српските медиуми пишуваат дека таа била предизвикана од ракетно гориво…
Несреќата на автобусот со македонски регистарски таблички кој се запали на автопатот јужно од Софија, при што загинаа најмалку 45 лица, меѓу кои има и 12 деца, денеска беше еден од најтрагичните настани за кој пренесуваа светските и европските медиуми. Бугарските медиуми пишуваат за автобуската несреќа на автопатот Струма, изразувајќи жалење за огромниот број жртви. Агенцијата БГНЕС, меѓу другото, објави дека автобусот поседувал македонска лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски од Скопје, откако претходно се појавила информација дека „Беса транс БТБ“ е регистрирана во Бугарија. Дозволата е издадена во јули 2018 година. откако „Беса Транс БТБ“ ги достави сите…
Европратениците од Бугарија денеска изразија сочувство за жртвите и нивните блиски на страотната автобуска несреќа преку минута молк во Европскиот Парламент, јави дописничката на МИА од Брисел. Пратениците оваа недела заседаваат во Стразбур. Бугарските пратеници од сите политички партии ја започнале седницата на бугарската делегација со една минута молк, соопштија тие за МИА. Во соопштението тие изразуваат сочувство за автобуската несреќа која однесе 46 животи, од кои 12 деца. Минутата молк е одржана и за деветте жртви на пожар во старечки дом кој исто така се случи ноќеска и во кој загинаа девет лица. -Пратениците изразуваат искрено сочувство до семејствата…
Со почеток во 19:00 часот Владата закажа заедничка прес-конференција на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. На видеото можете да ја проследите прес – конференцијата:
Искажувам најискрено сочувство до блиските на загинатите во несреќата на автопатот „Струма“ и во домот за стари лица во селото Ројак во североисточна Бугарија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев, јави дописникот на МИА во Софија. -Заедно сме со нашите браќа од Република Северна Македонија, заедно тагуваме со нив за трагедијата. Бугарската држава прави се што е неопходно за лекување и за откривање на причините за тие два тешки инциденти, изјави бугарскиот претседател Радев. Тој изрази надеж дека повредените во несреќата ќе закрепнат што е можно побрзо. Според Радев, има многу дејствија за идентификација на загинатите, по нивното пренесување
Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии заноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 ноември, врз основа на што деловните банки ќе можат да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 ноември. Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината…
По веста за трагедијата, во која загинаа 46 македонски граѓани, меѓу нив и четворица жители на Општина Дебар, сочувство до семејствата на загинатити изрази и Дебарското муфтиство, од каде наведуваат дека солзите на жалост не престануваат. -Трагедија за која нема утеха. Згаснаа животите на деца, ученици, родители, сопружници. Денес имаме една детска насмевка помалку, една насмевка помалку од соученик и соученичка, пријател и пријателка, денес имаме изгубени родители. О господе! Солзите на жалоста не ни прекинуваат. Ние не велиме друго нешто освен: „Ние сме Аллахови и нему ќе му се вратиме“, стои во објавата на официјалната страна на муфтиството на…
Бугарскиот претседател Румен Радев до крајот на оваа недела ќе соопшти кога ќе го свика 47-то Народно собрание. -Пред парламентарните партии се две важни задачи – формирање влада врз основа на стабилно парламентарно мнозинство и усвојување на државниот буџет. Овие задачи бараат многу добар баланс, време за дијалог и приближување на позициите, изјави Радев пред новинарите. Тој посочи дека до крајот на неделава, во поглед на овие два приоритета, ќе соопшти кога ќе го свика новиот парламентарен состав. Претседателот Радев повторно изрази сочувство за трагичните инциденти во домот за стари лица во село Ројак и автобуската несреќа на автопатот „Струма“.…
Сочувство до семејствата на настраданите во сообраќајната несреќа изразија градоначалникот на Дебар Хекуран Дука и повереникот за надлежностите на градоначалник на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски кои на повредените им посакаа брзо закрепнување. Во објавата на официјалната страна на Фејсбук, Дука потврдува дека четворица од настраданите се жители на оваа општина. -Со голема тага и длабока болка ја примивме кобната вест за жртвите од трагичната несреќа во Бугарија, особено кога дознавме дека меѓу нив има и 4 наши сограѓани-дебрани. Длабока е раната предизвикана од оваа трагедија во која има и многу деца, а повеќето се млади. Ја споделуваме болката…
„Беса Транс“, чијшто автобус ноќеска имаше сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица, преку објава на нивниот фејсбук-профил, изрази сочувство за изгубените животи. За секакви информаци, како што посочуваат на објавата, во врска со случајот на располагање стои телефонскиот број 075273732 – Денеска е многу тажен и тежок ден за нас како компанија, изразуваме сочуство до семејствата и роднините на починатите, се молиме за брзо оздравување на преживеаните. Компанијата во целост соработува со надлежните институции со Република Cеверна Македонија и Република Бугарија се со цел да се утврдат причините за оваа страшна трагедија! Се извинуваме на сите што…