Силна експлозија одекна околу 14 часот во близина на Белград. Две лица го загубија животот, а 16 се повредени.

Експлозијата била во магацинот на фабрика во населбата Лештане во Белград, на површина од 260 квадрати, каде се наоѓале 500 ракети со 30 килограми експлозив. Несреќата се случила во компанијата „Еде про” во Лештане, а во моментот на експлозијата во фабриката имало работници.

Еден работник останал заробен, но пожарникарите успеале да го извлечат. Очевидци велат дека во тој дел на Белград се почувствувале силни детонации.

Засега не е позната причината за експлозијата, но српските медиуми пишуваат дека таа била предизвикана од ракетно гориво во фабриката за наменска индустрија.

Во Ургентниот центар во Белград се примени две лица.