Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Само со родова еднаквост може да се создаде поубава иднина, иднина без предрасуди и дискриминација. Верувам дека денешните учесници на овој Самит ќе донесат заклучоци за создавање на подобар свет кој не препознава дискриминација по родова, етничка, културана, социјална или друг вид на припадност, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, во обраќање на Глобалниот Самит за лидерство за девојките. Како што соопошти Министерството за образование и наука, Царовска на Самитот истакна дека земјава во новата концепција за основно образование, која стартува од септември, посебно внимание посветува низ образовниот процес да изгради идни генерации кои ќе ги почитуваат различностите…
Во албанското пристаниште Драч, во контејнер со банани откриени и запленети се најмалку 11 килограми кокаин, јави дописничката на МИА од Тирана. Контејнерот со назнака „Maersk“ со банани бил натоварен во Екавдор, а меѓу нив биле скриени 14 пакетчиња со дрога. Нарачката пристигнала пред два дена, а полицијата интервенирала денеска кога од компанијата пристигнале да ја подигнат. Бананите биле нарачка од компанијата „Alba Exotic Fruit“ сопственост на Едуарт Даути. Приведени се две лица – Барјон Гумени, администратор на фирмата и брат на сопственикот и Јурген Османи, вработен во истата компанија. – Ова е вторпат оваа компанија да ја користат шверцерите…
Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска вели дека ако Бојан Јовановски-Боки 13 има докази дека постапувала незаконски, тогаш да ги достави до републичкиот обвинител, Љубомир Јовески. -Ако има докази дека сум постапувала спротивно на закон, нека ги достави до Јовески, изјави за „Фокус“ обвинителката Вилма Русковска. Оваа изјава на Русковска следи по денешното судење за случајот „Меѓународен сојуз“ во скопскиот Кривичен суд на кое обвинетиот Бојан Јовановски побара нејзино изземање. https://novatv.mk/boki-13-i-remenski-pobaraa-izzemane-na-obvinitelkata-ruskoska-od-megunaroden-sojuz/
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах денеска предизвика реакции во јапонската јавност, откако домаќините на претстојните Олимписки игри во Токио по грешка ги нарече Кинези. Бах минатата недела допатува во Токио, а денеска имаше состанок во седиштето на Организацискиот комитет на Игрите што од 23 јули до 8 август ќе се одржат во јапонската престолнина. – Успеавте Токио да го направите најподготвен град за Олимписките игри. Ова е уште позначајно ако се имаат предвид тешките околности со кои сите мораме да се соочиме. Нашата заедничка цел се безбедни Игри за сите, за спортистите, за делегациите и што е…
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека ги анализира податоците за ретки случаи на нарушувања на нервниот систем пријавени меѓу примателите на вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19, откако САД издадоа предупредување за несакани ефекти на оваа вакцина. – Комитетот за безбедност на ЕМА ги анализира податоците кои ги достави компанијата Џонсон и Џонсон за случаи на синдромот Гилен-Баре (ГБС) пријавени по вакцинирањето, соопшти ЕМА, додавајќи дека биле побарани дополнителни информации од „Ј&Ј“. Претходно, администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) додаде ново предупредување за вакцините против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон (Ј&J) нагласувајќи дека податоците сугерираат…
Во Грција дополнително се зголеми бројот на новозаразени и по пауза од два месеца, повторно се регистрирани над 3.000 нови случаи, поконкретно вкупно 3.109, а починаа четири лица, јави дописничката на МИА од Атина. Последен пат, над 3.000 новозаразени имаше на 11 мај годинава. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, од новите случаи 24 се увезени, од кои 11 откриени на влезните точки во земјата, а повторно најголемиот број, повеќе од половина (1.571) се во регионот Атика, поширокиот регион на Атина, а 214 се во Солун. Освен на новите случаи, зголемен е бројот и на хоспитализирани лица,…
Висок командант на Иранската револуционерна гарда, за време на состанокот минатата недела во Багдад, ги повика припадниците на ирачката шиитска милиција да ги интензивираат нападите врз американските цели, пренесуваат странските агенции, цитирајќи извори од милицијата и од ирачките безбедносни сили кои се запознати со состанокот. Американските сили во Ирак и Сирија беа нападнати неколку пати по посетата на иранска делегација на Багдад, предводена од шефот на разузнавачката служба на Револуционерната гарда, Хосеин Таеб. Посетата следеше по смртоносните воздушни напади на САД врз милициите поддржани од Иран на сириско-ирачката граница на 27 јуни.
Шкупи промовираше две нови фудбалски имиња за претстојната сезона. 24-годишниот Валид Хамиди од Алжир и 22-годишниот Мухамаду Суахибу Бери од Сенегал се новите засилувања во Шкупи. – Среќен сум што дојдов во овој клуб и мојата порака до навивачите е дека ќе дадам сè од себе да имаме успешна сезона, изјави Хамиди за клупскиот сајт. Двете најнови странски засилувања ќе бидат во конкуренција за настап на задутрешниот реванш-натпревар од 1. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига против косовскиот претставник Љапи, на кој Шкупи ќе ја брани предноста од 2:0 од првиот натпревар во Скопје.
Демократските законодавци од Тексас синоќа заминаа во Вашингтон за да спречат кворум за усвојување на новиот изборен законик поднесен од републиканците чија одлика е рестрикции за малцинските групи, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Демократите изјавија дека се подготвени да останат во престолнината на САД неколку недели, за време на вториот бунт против реформите на изборниот законик промовирани од Републиканската партија. Според нив, предлог законот ги нарушува правата за гласање, посебно на малцинските групи како Афроамериканците. Неколку приватни авиони во кои беа 50 законодавци демократи синоќа одлетаа од аеродромот во Остин и долатаа на аеродоромот Далас во Вашингтон. Тие го…
Швајцарија ја зафатија едни од најсилните дождови за време на грмотевицата, што денеска предизвика поплави и сообраќаен метеж во главниот финансиски центар Цирих. Во текот на ноќта во Цирих паднаа повеќе од четири сантиметри дожд, а во Валдег, во околината на градот, за 10 минути повеќе од 3,1 сантиметри, објави СРФ. Тоа се споредува со рекордните 4,11 сантиметри, кои паднаа за 10 минути во Лозана за време на бурата во август 2018 година. Делови од автобуската и трамвајската мрежа во Цирих се во прекин, бидејќи откорнати дрвја ги блокираа линиите, а некои улици беа поплавени. Градските власти не соопштија детали…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, се пошегува со изјавата на неговиот политички ривал, Слави Трифонов од „Има таков народ“ (ИТН). Борисов вели дека за разлика од ИТН, неговата партија не се занимава само со НАСА и астронаути. – Замислете дека Бугарин и северен Македонец се наоѓаат во вселената. Така започнува „Војна на ѕвездите“. Вонземјанот ќе ги види и ќе ги праша: „Какви луѓе сте вие?” „Јас сум Бугарин“, „Јас сум северен Македонец“, прокоментира Борисов. Овој коментар на Борисов доаѓа по изјавата на Трифонов кој претходно рече дека владата на ИТН ќе побара Бугарија да се зачлени во Европската вселенска агенција,…
Францускиот претседател Емануел Макрон, во радио-телевизиско обраќање до нацијата, соопшти дека вакцинацијата за негувателите и медицинскиот персонал ќе биде задолжителна, а најави и воведување други мерки за борба против епидемијата, јави дописникот на МИА од Париз. Вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите оние кои ќе бидат во контакт со кревки луѓе, најави Макрон и предупреди дека од „15 септември ќе се вршат контроли и ќе се преземаат санкции“. Тој рече дека земјата се соочува со „силно обновување на епидемијата што ги зафаќа сите територии“, објаснувајќи дека „појавата на варијантата Делта резултира со зголемување на контаминациите во светот“. – Ако не…