Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска вели дека ако Бојан Јовановски-Боки 13 има докази дека постапувала незаконски, тогаш да ги достави до републичкиот обвинител, Љубомир Јовески.

-Ако има докази дека сум постапувала спротивно на закон, нека ги достави до Јовески, изјави за „Фокус“ обвинителката Вилма Русковска.

Оваа изјава на Русковска следи по денешното судење за случајот „Меѓународен сојуз“ во скопскиот Кривичен суд на кое обвинетиот Бојан Јовановски побара нејзино изземање.

Боки-13 и Ременски побараа изземање на Вилма Рускоска од „Меѓународен сојуз“