Author: НОВА ТВ

Парламентарното мнозинство на СДСМ ќе се зајакне, ќе се зголеми уште повеќе, а со тоа ќе можеме да одиме понатаму, напред во сите оние процеси коишто стојат како предизвик на државата и на владата предводена од СДСМ. Ова во емисијата „Трилинг“ на ТВ24 го рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска. – Со Алтернатива имаме заедничка заложба, а тоа е евроинтегративниот процес. Алтернатива го препозна прогресивното функционирање во државата, и се она што и досега беше заложба на СДСМ. Во наредниот период сите нејаснотии и дилеми, сите непознати во равенката ќе бидат расчистени. Најпрвин да ги видиме сите ефекти што…

Read More

Откако ги обелоденивме новите предлог-мерки на Комисијата за заразни болести, интересот за прва доза вакцина против ковид-19 е зголемен. Од 2.500 заинтересирани граѓани за прва доза неделно, оваа недела бројката се искачи на 7.500, вели минстерот за здравство, Венко Филипче во гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.  Новите мерки предвидуваат задолжителна вакцинација на здравствените работници, а за целиот јавен сектор најмалку една доза вакцина, еднаш неделно да прават ПЦР-тест или да прележале ковид. Овие предложени мерки в понеделник ќе се разгледуват на Главниот координативен кризен штаб, а идниот ден би се нашле на седница на Владата, најави министерот…

Read More

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска го усвои законскиот предлог на администрацијата на претседателот Џо Бајден за доделување 1,750 милијарди долари за социјална заштита и борба против климатските промени. За предлог-законот гласаа 220 членови на Долниот дом на Конгресот, додека 213 гласаа против. Гласањето беше одложено бидејќи лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, кој се противи на законот, претходната вечер зборуваше рекордни осум и пол часа, критикувајќи го законот. Неизвесно е дали предлог-законот ќе биде усвоен во Сенатот, бидејќи некои сенатори од владејачката Демократска партија изразија загриженост за трошоците и обемот на програмата на Бајден, која првично…

Read More

Од понеделник шеесет вработени лица во Општина Бутел повеќе нема да бидат во работен однос, голем дел од овие вработени, поточно триесетина лица воопшто се немаат појавено на своето работно место со години, дел се појавувале повремено, додека пак дел биле редовни но немале буквално никакви работни задачи. Секако за ова доказ е системот за евиденција на работно време, напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на скопската општина Бутел, Дарко Костовски. Тој уверува дека во оваа општинска чистка нема етничка, верска или политичка разлика, туку е направена по спроведена анализа. – Еден мал дел имале конкретни работни задачи при што увидов дека…

Read More

Лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев ќе побара од органите на партијата во вторник да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира неговата оставка и да почне постапката за избор на нов лидер. Идниот лидер, според Заев, би требало да биде и идниот мандатар кој ќе ја состави новата влада. – Органите и телата на партијата ќе го кажат тоа. СДСМ нема донесено одлука. Мојот личен став од досегашното искуство и минатото во нашата држава кога еден човек бил премиер, а друг претседател на владејачка партија, е дека лидерот на партијата треба да биде и мандатар…

Read More

Гувернерот на Оклахома, Кевин Стит, денеска нареди укинување на смртната казна за Џулиус Џонс, на кога за само неколку часови требаше да му биде инјектирана смртоносна доза.  Џонс (41), во изминатите 20 години очекуваше исполнување на смртна казна поради убиство од 1999 година на бизнисменот Пол Ховел од предградие на Оклахома сити.  На судењето и по пресудата, Џонс постојано тврдеше дека е невин, дека поранешен познаник го извршил убиството и дека тој му го накалемил злосторството. За неговиот случај теливизијата Еј-Би-Си во 2018 година емитуваше документарен филм.  Укинатата смртна казна, сепак, е со услов тој да остане во доживотен затвор…

Read More

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување на Телевизија 21 на ТВ21 најави дека партијата ќе се обиде да го врати Максим Димитриевски во своите редови. – СДСМ ќе влезе во постапка во која верувам на база на сите дискусии кои сме ги имале после изборите ќе извлече поуки, ќе донесе многу одлуки. Затоа што сме единствената инклузивна отворена и модерна коалиција во која членуваат и на позиции се и луѓе кои не се партиски членови, а ја добиле честа и одговорноста д асе носат со тие позиции во име на граѓаните. Имајќи го најголемиот коалициски потенцијал и…

Read More

Со СДСМ нема да има нова Влада, туку може да има само продлабочување на економската, енергетската и на политичката кризата, сметаат од ВМРО ДПМНЕ по Извршниот Комитет на оваа партија. Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека единствениот излез од кризата се одржување брзи предвремени парламентарни избори. – Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ расправаше и за партиски прашања, при што го утврди датумот на престојниот редовен конгрес, кој ќе се одржи на 12 декември во Скопје, изјави членот на Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ, Драган Ковачки. Во ВМРО-ДПМНЕ очекуваат партискиот лидер Христијан Мицкоски да биде кандидат за претседател на…

Read More

Заев утре ќе има средба со лидерот на Алтернатива Африм Гаши и други претставници на опозицијата на која ќе се разговара со новото мнозинство и за стабилизација на државата, вели Јован Митревски од СДСМ во гостување на ТВ24. – Тие реговори ќе продолжат и какви места ќе се понудат тоа е дадено овластување на Заев од ЦО на партијата и понатаму ќе носиме одлуки низ телата на партијата. Имаме мнозинство во Собранието. Кастриот Реџепи се изјасни дека останува во мнозинството, има и други пратеници со кои се разговара и кои во минатиот период давале поддршка и очекувам тие имиња да…

Read More

Нов притвор му се заканува на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Откако денеска Апелацискиот суд го укина домашниот притвор на Јанакиески против кого се водат повеќе судски предмети, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска најави дека ќе бара од судот да му биде определен притвор за случајот „Организиран крвав упад“ од 27 април 2017 година. Сепак, ова барање дополнително ќе биде испратено до судот, откако Русковска ќе го добие решението кое го има донесено скопска Апелација. – Ќе бараме притвор каков што баравме по објавување на пресудата. Ние сме доследни во…

Read More

Претставничкиот дом синоќа му изгласа недоверба на републиканскиот конгресмен Пол Госар, со што тој е отстранет од сите комитетски позиции, а му се заканува и оставка, откако постираше видео кое алудира на убиства на демократската прогресивна конгресменка, Александра Окасио Кортез и претседателот Џо Бајден.  Кортез синоќа ги критикуваше републиканците кои одбија да гласаат, додавајќи дека кога законодавците споделуваат описи на насилство против самите себе „тоа се сведува на  насилство“, и дека придонесува за зголемениот тренд на расизам и омраза кон жените во САД. Демократите се мнозиство во Долниот дом на американскиот Конгрес. Пред гласањето, Госар изјави дека тврдењето на демократите дека тој…

Read More

Полскиот претседателот Анджеј Дуда вечерва допатува во дводневна официјална посета на земјава, во чии рамки ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев. Претседателот Дуда на Аеродромот во Скопје беше пречекан од министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Добредојде во Северна Македонија за претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда. Оваа посета преставува потврда на традиционалното пријателство меѓу Северна Макеоднија и Полска кое неодамна е засилено и со нашето сојузништво во НАТО. Особено ја цениме искрената поддршка за европската…

Read More