Author: НОВА ТВ

Мерките од владиниот План за борба против корупцијата, кои се однесуваат на зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите, како еден од клучните механизми за борба против корупцијата, беа главна тема на средбата на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во Брисел со потпретседателката на Европската комисија надлежна за вредности и транспарентност, Вера Јоурова. – Северна Македонија континуирано вложува огромни напори во европеизацијата на институциите, со Планот за борба против корупција ги имплементираме европските стандарди и вредности, ја носиме Европа дома, порача на средбата вицепремиерот Николовски. Како што информира владината Прес-служба,…

Read More

Припадниците на Министерството за внатрешни работи се повлекоа од Градскиот трговски центар (ГТЦ), каде се откриени машини за „копање“ криптовалути. Сепак, полицијата не влезе во магацините, каде според информациите, се чувале десетина компјутери, преку кои се „копале“ криптовалути. Дел од медиумите јавија дека магацинскиот простор во кој се наоѓаат компјутерите за „копање“ криптовалути бил под закуп на син на поранешен пратеник, но и дека „копањето“ на криптовалути во ГТЦ се вршело на див приклучок на струја. Од МВР соопштија дека излегле на терен откако граѓанин пријавил дека во магацините на ГТЦ „имало поставено машини за копање крипто валути“, односно дека заради…

Read More

Италија би сакала да види многу посилна соработка во Европската унија во областа на здравствената политика, а плановите на европскиот блок за „Европска здравствена унија“ се чекор во вистинската насока, изјави денеска италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца. – Ни треба подобра координација во Европа, со повеќе европски решенија и државите мора да се осмелат да се откажат од дел од својот суверенитет по ова прашање. Тоа е една од лекциите од ова време, рече Сперанца. Европското тело за подготвеност и одговор при итни случаи (ХЕРА), основано од Европската комисија, почна да функционира во септември и се очекува целосно да биде оперативно на почетокот на 2022 година. Сперанца смета…

Read More

Исламистичката терористичка група Боко Харам неодамна зазеде шест локални заедници во Нигерија, проширувајќи го своето упориште во оваа земја, изјави денеска за ДПА, Алхаџи Ахмед Матане, секретар на владата на федералната држава Нигер. Според  Матане, нападот на групата Боко Харам врз заедниците во окрузите Широро и Рафи имал влијание врз илјадници жители и некои од нив дури одлучиле да им се приклучат на екстремистите. Тој кажа дека не е познато колку луѓе се убиени или повредени во нападите и дека милитантите најверојатно се здружиле со локални криминални банди. Федералната држава Нигер се наоѓа на запад од Нигерија. Боко Харам со…

Read More

Ерменскиот Парламент денеска соопшти дека 15 ерменски војници загинале во судирите со азербејџанските сили на границата. Непосредно пред објавата на ерменскиот Парламент, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека се заробени 12 ерменски војници. Претходно денеска, Ерменија побара од Русија да и помогне да го одбрани својот територијален интегритет од Азербејџан. „Интензитетот на борбата не е намален. Како резултат на одмаздата на ерменските сили, непријателот претрпе големи загуби, а десетина оклопни возила беа уништени или оштетени. Загуби има и ерменската страна. Се вршат проверки, а 12 ерменски војници се заробени“, објави ТАСС. Најновиот конфликт е продолжување на тензиите меѓу двете земји,…

Read More

Американскиот софтверски гигант Гугл соопшти дека ќе инвестира милијарда австралиски долари (740 милиони долари) во Австралија во следните пет години, најавувајќи го проширувањето на капацитетот за обработка во облак (cloud computing) и соработка со научната заедница. Парите ќе бидат искористени за изградба на центар за истражување, зголемување на капацитетот за обработка во облак и финансирање партнерства со локални организации, соопшти Гугл. Инвестицијата во рамките на Иницијативата за дигитална иднина треба да отвори 6.000 работни места директно во Австралија, а ќе бидат поддржани вкупно 28.000 работни места. – Австралија може да биде еден од лидерите во новиот светски бран на иновации…

Read More

Министерството за внатрешни работи во Градскиот трговски центар во Скопје (ГТЦ) врши полициска акција. Се претресуваат магацинските, односно подрумските простории. Од МВР засега нема информации за што станува збор. Неофицијално, полициската акција се однесува на нелегално копање на криптовалути, односно во ГТЦ се ископувале криптовалути на див приклучок на струја.

Read More

Раководството на најсилната кошаркарска лига на светот – НБА има намера да биде организира ревијални натпревари во Абу Даби. Првите натпревари од НБА во Обединетите Арапски Емирати ќе се одржат следната година пред почетокот на сезоната 2022/23, објави „ЕСПН“. НБА и Одделот за култура и туризам во Абу Даби претходно се договорија за повеќегодишно партнерство кое ќе започне со два претсезонски натпревари. Составот на НБА тимовите-учеснички и ќе бидат објавени подоцна.

Read More

На денешната седница на Владата е утврден Предлог-законот за ратификација на Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово. Ратификацијата на Договорот, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, ќе обезбеди регулирање на граѓанската материја (оставински постапки, мешани бракови, алиментации и други) со што се зајакнува правната соработка меѓу институциите и се олеснува правниот сообраќај на државјаните на двете држави.

Read More

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска изјави дека Исламската Република е одлучна во врска со претстојните нуклеарни преговори во Виена на кои сака да ги обезбеди правата на своите граѓани со тоа што ќе осигура укинување на санкциите против земјата. Тоа го изјавил во телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин, пренесува Фена, повикувајќи се на агенцијата ИРНА. Истакнувајќи ја решеноста на Иран да ги прошири трговските и економските односи со Русија, Раиси рекол дека Техеран е подготвен да го финализира сеопфатниот договор за соработка меѓу двете земји. Тој додал дека Техеран и Москва имаат многу заеднички точки на меѓународната сцена, вклучително и…

Read More

Владата денеска на 119-тата седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, со цел, меѓу другото, да се подобри квалитетот на инклузивното образование преку допрецизирање на постапката за вработувањето на образовните асистенти, како и можноста да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време.– Со предложените измени се пропишува и полагање стручен испит на воспитувачи во основните училишта, што исто така ќе придонесе за подобрување на квалитетот на нивната работа, како и кариерно напредување на административните службеници во основните училишта, соопшти владината прес-служба.

Read More

Владата на денешната 119-та редовна седница го разгледа и прифати ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година. – Со ревидираниот Оперативен план обезбедени се дополнителни средства за активни програми и мерки за вработување со ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 284.960.000 денари за да се зајакне пристапот до активните политики за пазарот на труд, особено за нискоквалификувани невработени лица и лица од ранливите категории како што е предвидено со Акциски план за реализација на препораките од заедничките заклучоци од Економско – финансискиот дијалог од…

Read More