Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Свечените изјави без уставното име што ги потпишаа штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ и Левица се спротивни на Уставот, е заклучокот на инспекторите од Државниот инспекторат за локалната самоуправа. Решението опомена до градоначалникот на Општина Штип и до претседателот на Советот е пристигнато попладнево. Според она што го пишува во решението, советниците од мнозинството ќе мора да потпишат нови свечени изјави, но и да се повторат одлуките кои во меѓувреме се донесени. Свечените изјави треба да се усогласат со Уставот бидејќи тој е највисок правен акт кој произведува супериорно правно дејство и сите закони и прописи мора да бидат усогласени со…
Преку објава на Фејсбук попладнево претседателот на Движење Беса, Билал Касами информираше дека го исклучил од партијата Кастриот Реџепи, пратеникот кој не дојде во четвртокот во Собранието кога беше поднесена интерпелација за Владата. -Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи кој не се појави во Собранието предходниот ден, да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со што постапи спротивно на одлуката на партијата во кој случај сериозно го нарушил и престижот на партијата, Движењето Беса, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните норми, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето Беса, го…
Денеска се регистрирани 469 нови случаи на Ковид – 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 208.467. Оздравени се 375 пациенти, а во последните 24 часа пријавени се 13 починати лица. Министерството за здравство, по добиените податоци од Институтот за јавно здравје информира: Направени се 3.296 тестирања, а регистрирани се 469 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 205, Битола – 50, Кавадарци – 35, Прилеп – 23, Куманово и Штип – по 20, Тетово – 13, Велес и Охрид – по 11, Крива Паланка и Делчево – по 9, Кочани – 7, Гевгелија – 6, Струмица, Неготино, Ресен и Кратово – по 5, Пехчево – 4,…
Жителите на Дебар попладнево ги вознеми земјотрес, чиј епицентар е регистриран во околината на пограничното албанско градче Булќиза, околија Пешкопеја. Потресот беше во 16:10 часот, а според албанските медиуми бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала. Пред десеттина дена регистрирани беа серија од дваесеттина земјотреси со епицентар во истата област, која е на оддалеченост од триесеттина километри од Дебар. Најсилниот беше со јачина од 4,8 степени. Дополнителен проблем на дебрани е што има и прекин во снабдувањето со електрична енергија од 15:30 часот без никаква претодна најава.
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во дебатна емисија на ТВ21 вечерва рече дека ќе бидат конструктивни овој период. Тој најави консултации со албанските политички фактори во регионот за нивните идни чекори. – Како претседател на опозициска партија би рекол дека е добро да има брзи избори, но како одговорен политичар сметам дека не треба да има избори. Не е одговорно и чесно кон граѓаните. На последните парламентарни избори граѓаните кажаа која Влада треба да ја води државата, на локалните избори граѓаните кажаа кој треба да ги води општините. Затоа велам, треба да сме одговорни и да бидеме конструктивни и кооперативни,…
Пропадна иницијативата на опозицијата за уривање на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. По долгите паузи, Собранискиот спикер, Талат Џафери вечерва ја свика 53-тата седница на Собранието, за гласање на единствената точка на дневен ред – доверба на Владата. – Дневниот ред не е изгласан. Поради фактот што не може да се отвори дебата, според деловникот околу иницијативата за гласање на доверба на Владата, имајќи предвид дека надминува времето, во ваква ситуација не ни останува ништо освен да констатираме дека на Владата не и е изгласана недоверба. Владата продолжува да работи во полниот состав. Констатирам дека седницата е завршена, рече…
Собранискиот спикер, Талат Џафери, вечерва во емисија на ТВ21 кажа дека можно е од утре да се знае како ќе изгледа новото парламентарно мнозинство. Според Џафери, не е исклучена можноста пратеникот од редовите на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, да биде дел од актуелното мнозинство, но сепак тоа е лична одлука на Реџепи.
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вечерва изјави дека во следниот период е потребно да се фокусираме кон градењето, а не кон уривањето и оти е време за решителни одлуки. – Имавме локални избори, и ги претворивме во политичко-парламентарна криза. Тука видоа шанса опозициските партии, и една многу шарена да кажам коалиција. Мене шарената ми е за убави работи, а сега се здружија за да срушат нешто. Таа различност доведе до тоа, но ситуацијата не излезе така како што планираа. Според зборовите на пратеникот Кастриот Реџепи, шансата за европските интеграции била главната причина затоа што се откажал, и дека имал…
Демократијата е поразена, порача вечерва потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски откако опозицијата не успеа да обезбеди кворум за работата на денеска закажаната седница на Собрание, на која единствена точна на дневен ред требаше да биде гласање доверба на Владата. Причината за ова беше отсуството на пратеникот од Движењето Беса, Кастриот Реџепи, а лидерот на Беса, Биљал Касами изрази загриженост за безбедноста на пратеникот. Опозициските пратеници го напуштија Собранието. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бараат брзи предвремени избори за излез од политичката криза во која се наоѓа државата. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски вечерва пред Собранието во име на целата коалиција изјави…
И по 10 часа, сè уште атмосферата во Собранието е напната. Неизвесноста и натаму владее околу тоа дали воопшто ќе има кворум за пленарната седница на која една точка е на дневен ред – гласање доверба на Влада. Во Собранието опозициските пратеници не успеаја ниту да го изгласаат дневниот ред, бидејќи нема кворум. Причина за ова е отсуството на пратеникот од редовите на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, а со ова падна и најавеното мнозинство на опозицијата. Собранискиот спикер, Талат Џафери стана од столчето и пред да почне седницата го повика потпретседателот на Собранието Фадиљ Зендели од Беса да ја води…
Лидерот на ВМРО ДПМЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави фотографија како лежи во хируршка сала и објаснува дека имал лесен хируршки зафат. Мицкоски на Клиниката за Тораклана хирургија оперирал атером или масно ткиво потврдија од Клиниката за Нова. На фотографијата се гледа фластер на неговиот врат, а тој додека лежи на болничкиот стол во салата е опкружен со повеќе лекари – специјалисти од различна специјалност.
Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја победи Ерменија со убедливи 5:0 во дуел од 9. коло во Мундијалските квалификации. Избраниците на селекторот Благоја Милевски во Ереван демонстрираа моќ и со сигурна игра во текот на целиот натпревар заслужено стигнаа до трите бода. Резултатот го отвори Александар Трајковски во 22. минута по асистенцијата на Стефан Ашковски. До крајот на првото полувреме Енис Барди постигна гол по асистенцијата на Елиф Елмас за зголемување на предноста на 2:0. Барди погоди уште два пати од пенал во второто полувреме. Најпрво го реализира пеналот во 66. минута направен токму врз него, а во 89. минута го…