Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Американските власти нудат награда од 10 милиони долари за информации за локацијата и идентитетот на водачите на хакерската група DarkSide вклучена во неодамнешниот напад на американската компанија Colonial Pipeline, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. – Стејт департментот објавува награда од 10 милиони долари за информации што ќе идентификуваат и/или лоцираат поединец или група поединци кои имаат високи позиции во транснационална криминална група DarkSide, се вели во писмената изјава на Прајс.
Специјализираниот американски сајт за спорт и бизнис „Спортико“ ги рангираше 25-те најплатени спортисти на сите времиња. Лидер на листата е легендарниот кошаркар на Чикаго булс, Мајкл Џордан. Рангирањето на заработката на „Sportico“ се заснова на инсајдерски разговори, сопствено истражување и податоци од други медиуми, вклучувајќи го и Форбс. Заработката на секој спортист се формира од плата, парични награди, рекламни договори, хонорари, хонорари итн. Спортико ја вклучи заработката во годините во игра и по пензионирањето до 1 јуни 2021 година. Што се однесува до голферот Алберт Палмер и кошаркарот Коби Брајант, нивната заработка се пресметува до моментот на смртта. Во топ…
Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ со големо внимание ги следеше надворешно-политичките настани како и тие на внатрешен политички план кои директно или индиректно влијаат врз внатрешните политички прилики и евроинтеграциите. Совет на амбасадори ја поздравува поддршката на европската перспектива на земјите на Западен Балкан како споделен стратешки избор изразена во завршната декларација на Самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан на 6 октомври минатиот месец. Советот го изразува своето жалење што и за времето на овој европски самит, и покрај многу пати потврдените заложби за проширување на Унијата, лидерите на земјите членки не смогнаа сили…
Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска повторно ќе биде прегледан во болница во Њујорк, што е негово второ заминување во болница од почетокот на неговата 12-дневна посета на САД. Патријархот Вартоломеј денеска треба да биде примен во болницата Маунт Синај на Менхетен на анализа на крвните садови, соопшти Грчката православна архиепископија во САД. Треба да се процени дали е потребно да му се стави стент, се додава во соопштението. Патријархот (82), на почетокот на неговата официјална посета на САД, на 24 октомври веќе мина една ноќ во болница во Вашингтон. Архиепископијата тогаш соопшти дека тоа било сторено како мерка на претпазливост и…
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа приговорите што ги поднесоа за изборните резултати во вториот круг, потврдија вечерва од ДИК за МИА. СДСМ имаше поднесено седум приговори кои се однесуваа на две избирачки места во Шуто Оризари, едно избирачко место во Конче, три избирачки места во Кочани и едно избирачко место во Чешиново-Облешево, а ВМРО-ДПМНЕ имаше еден приговор за избирачко место во Пробиштип. Според најавите, утре се очекува ДИК да одлучува по останатите 15 приговори поднесени од ДУИ, ТМРО и Група избирачи Енвер Пајазити. ДУИ има поднесено пет приговори од кои три се за избирачки места во Студеничани и два за…
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска пристигна во Белград на работниот состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”. При самото пристигнување, Димитров посочи дека регионалната соработка има исклучителна важност за остварување на заедничките стратешки определби на кои Владата е посветена без оглед на политичката ситуација, а потврда за тоа е и неговото учество на овој состанок. – Јас пред сѐ доаѓам со порака дека регионалната соработка е апсолутно европска приказна, дека сакаме да продолжиме да ја продлабочуваме. Додаваме еден важен сегмент утре – како дигитализацијата може да ни помогне за да ја забрзаме и продлабочиме регионалната соработка. Доаѓам во момент…
Тренерот Унаи Емери најави дека ќе остане во Виљареал и ги демантира шпекулациите за негов трансфер во Њукасл. – Решив да останам овде. Виљареал е мојот дом и верувам 100 % во проектот. Горд сум што врвен клуб е заинтересиран, но лудо сум среќен во овој тим. Затоа му кажав на Фернандо Роиг (претседателот на Виљареал) дека останувам. Сакам да бидам дел од овој проект, бидејќи клубот и играчите многу ме почитуваат. Оваа почит е заемна, објави Емери. Педесетгодишниот тренер ќе го води Виљареал во 2020 година. Тимот ја освои Лигата на Европа минатата сезона, првиот трофеј на клубот досега.…
Американскиот пратеник за Рогот на Африка Џефри Фелтман утре и во петок ќе ја посети Етиопија за да повика на мирно решение во земја во време кога ескалираат судирите меѓу владините сили и бунтовничките групи кои напредуваат кон главниот град Адис Абеба. – САД се сè позагрижени поради растечкиот обем на борбени операции и насилството меѓу заедниците и внимателно ја следат ситуацијата, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот при најавата на посетата. Тој рече дека САД ги повикуваат сите Етиопјани да се ангажираат за мир и да ги решат своите спорови преку дијалог. Бунтовниците на Ослободителниот фронт на народот на…
Постигнувањето на локален и регионален развој е една од клучните цели на Владата. Во насока на остварување на оваа цел во функција се Планот за забрзан економски раст, реформата за унапредување на фискалната децентрализација и Предлог-Буџетот за 2022 во којшто капиталните инвестиции изнесуваат 14 проценти од вкупните расходи, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на настанот посветен на финасирањето на инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој и економско закрепнување што го организираше УНДП. Бесими посочи дека Предлог-буџетот е развоен со што се создава амбиент на развој на целата држава, а во тој контекст и на општините. Со реформата за унапредување на…
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги соопшти конечните резултати од вториот изборен круг на Локалните избори 2021. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на денешната прес-конференција, информира дека со изгласување на предлог заклучокот за известување за Конечност на резултати од гласањето за избор на градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје, по одржан втор круг на гласање на 31 октомври, градоначалници се избрани во: Арачиново – Ридван Ибраими од ДУИ Битола – Тони Коњановски ВМРО-ДПМНЕ Боговиње – Бесник Емши од ДУИ Василево – Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ Вевчани – Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ Врапчиште – Исен Шабани од Алијанса и…
Зголеменото влијание на Кина ги нарушува односите на моќта ширум светот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на посетата на Копенхаген. – Глобалната рамнотежа на силите се менува бидејќи Кина станува поголема и посилна воена сила, рече поранешниот норвешки премиер Столтенберг на средбата со данската премиерка Мете Фредериксен. – Кина е сè поблиску до нас. Ги гледаме во кибер просторот, ги гледаме во вселената, ги гледаме во Африка и ги гледаме на Арктикот. И гледаме како Кина се обидува да ја контролира критичната инфраструктура овде во Европа, додаде тој. Сето ова имаше безбедносни импликации, рече Столтенберг. Севернтоатлантската алијанса во јуни значително го…
На Република Северна Македонија и треба стабилност и предвидливост, а оставката на премиерот Зоран Заев е избрзана, порача денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на средбата со членот на Управниот одбор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Олин Ветингтон. Груби и Ветингтон на средбата разговарале за политичката состојба во земјата, со посебен акцент на локалните избори и периодот по нивното завршување. Како што соопштија од кабинетот на првиот вицепремиер, Груби му порачал на Олин Ветингтон дека на земјата и е потребна стабилност во политиките, наспроти енергетската криза, која се очекува да ја зафати…