Author: НОВА ТВ

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс денеска во Москва се сретна со многу влијателниот директор на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев со кого разговараа за „руско-американските врски“. За состанокот е издадено само кусо соопштение од рускиот Совет за безбедност, додека американската Амбасада во Москва не ја коментираше средбата. Посетата на шефот на американската разузнавачка агенција, кој според многумина е најискусниот дипломат на САД, не беше најавена, а рускиот совет за безбедност не откри други детали. Средбата на двајцата високи функционери се одржува во време кога во руско-американските односи има големи контроверзии. Западните земји воведоа санкции кон Русија по нејзината анексија на Крим во…

Read More

Централната влада на Етиопија денеска прогласи вонредна состојба на национално ниво што ќе важи во следните шест месеци, откако Народноослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ) последните денови имаше успешни територијални настапувања, јави ДПА. Вонредната состојба, меѓудругото, овозможува воспоставување блокади на патиштата, откажувања на транспортните услуги, воведување полициски час и преземање на власта од страна на војската во одредени области, наведува Советот на министри. Според овие мерки, секој осомничен за поврзаност со терористички групи, исто така, може да биде приведен без судски налог, пренесува ДПА.

Read More

Граѓаните на Минеаполис денеска гласаат за предлогот за радикални полициски реформи во нивниот град каде што полицијата пред 1,5 година го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, предизвикувајќи масовни антирасни протести. Граѓаните ќе одлучат дали ќе ги „заменат полициските служби со служби за јавна безбедност“, со што поголем акцент би се ставил на превенцијата на криминалот. Резултатот од гласањето, што ќе биде тесен, ќе биде одраз на поддршката за повиците за полициски реформи во САД, кои сега се помалку изразени во контекст на општ раст на убиствата (+30 проценти во 2020 година). Новата полиција ќе ги користи услугите на социјалните работници и…

Read More

Претседателот на Светската хокеарска федерација, Лук Тардиф, изјави дека организацијата нема да ја исклучи кинеската репрезентација од учество на олимпискиот турнир во Пекинг. – За да се разјасни ситуацијата, ИИХФ нема да го повлече кинескиот тим од Олимписките игри, статусот на машката репрезентација како земја домаќин на олимпискиот хокеј турнир е потврден од конгресот и останува непроменет. Работиме со кинеската асоцијација за хокеј на мраз за да ја потврдиме подобноста на нивните играчи да се натпреваруваат според правилата на ИИХФ и ќе продолжиме да им помагаме да го подготват тимот за Олимписките игри, рече Тардиф. Кина како домаќин автоматски се…

Read More

Португалецот Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер на Манчестер јунајтед за октомври, објавено е денес на официјалниот сајт на клубот. Роналдо освои најмногу гласови од навивачите кои одлучуваа кој ќе го добие признанието. Второто место во изборот на фановите на Јунајтед му припадна на голманот Давид де Хеа, додека трет е уште еден напаѓач, Маркус Рашфорд. Триесет и шестгодишниот Роналдо одигра пет натпревари за Манчестер во октомври и постигна два гола со една асистенција. Досега, на десет натпревари оваа сезона, Роналдо постигна седум гола и креира една асистенција.

Read More

Група организации за заштита на слободата на медиумите денеска во Хаг го отворија таканаречениот „народен трибунал“ кој ќе се занимава со убиства на новинари ширум светот. Трибуналот нема статус на суд, односно овластување да ги казнува сторителите, но ќе презентира докази во јавноста со цел да се прошири свеста за нападите врз новинарите, чии сторители често поминуваат неказнети. Се очекува Трибуналот во мај следната година да ја објави првата проценка за бројот на напади врз новинари ширум светот. Првото рочиште се одржа на Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата против новинарите. Пред трибуналот се појави филипинската новинарка Марија Реса, една од двајцата добитници…

Read More

Договорите мора да се почитуваат, без разлика на Владите, а ние очекуваме целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас по средбата во Атина со шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ, јави дописничката на МИА од Атина.  -Истакнав дека ние го поддржуваме пристапниот процес на Северна Македонија и Албанија и ќе продолжиме со нашите напори за што поскоро свикување на првата меѓувладина конференција. Секако, во однос на Северна Македонија, го додадов она што го истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, pacta sunt servanda. Договорите мора да се почитуваат без…

Read More

Моментално има 6.875 активни случаи на Ковид – 19. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.391 тестирања, а регистрирани се 593 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 272, Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8, Кратово – 7, Радовиш и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5, Берово и Валандово – по 4, Гостивар и Гевгелија –…

Read More

Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли денеска беше утврден на владината седница. Во текстот на законот станува збор за гранични контроли со едно застанување или One-stop shop и поедноставни постапки, што се спроведуваат на еден заеднички премин. Од Владата велат дека со концептот на заеднички гранични контроли и поедноставени постапки на единствен граничен премин ќе се постигне побрз и поедноставен протокол на граничните премини. Во рамки на денешната седница, Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за ратификација…

Read More

Експертите на Обединетите нации соопштија дека девет од 10 убиства на новинари во светот и натаму минуваат неказнето. Во заедничка изјава по повод Меѓународниот ден за елиминација на неказнивоста на злосторствата против новинарите, експертите на ОН ги повикаа земјите да го истражат насилството врз новинарите и да ги гонат сторителите. Тие сметаат дека новинарите се уште се несигурни во својата работа и дека има висока стапка на неказнивост за нападите и убиствата врз нив. „Во текот на изминатата година, новинарите ширум светот беа загрозувани, малтретирани, физички напашани, киднапирани, затворани, мачени и убиени – само затоа што ја извршуваа својата работа“,…

Read More

Околу една милијарда деца ширум светот се изложени на ризик од негативните ефекти на климатските промени, предупреди Гаутам Нарасимхан, висок советник на УНИЦЕФ за клима, енергија и животна средина. Нарасимхан смета дека климатската криза во пракса може да се оцени како криза во областа на правата на децата. Вкупно 99 проценти од 2,2 милијарди деца во светот се изложени на ризик од најмалку еден процес поврзан со климатските промени, како што се топлина, урагани, поплави, суши и загадување на водата, рече тој, цитирајќи го првиот индекс на климатски ризик за деца, објавен од УНИЦЕФ во август оваа година Околу една милијарда деца ширум светот…

Read More

Согласно извештајот на Европската комисија, Владата го задолжи Секретаријатот за европски прашања (СЕП), во соработка со ресорните министерства да ја ажурира Агенда Европа дома согласно краткорочните приоритети од Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година најдоцна до 22 ноември 2021 година. – Министрите во Владата денеска ја разгледаа и усвоија и информацијата за клучните наоди и препораки од Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година, во кој се констатира дека земјата продолжува да ги исполнува условите за отворање на пристапните преговори, и дека властите јавно ја демонстрираат својата цврста посветеност за напредок…

Read More