Околу една милијарда деца ширум светот се изложени на ризик од негативните ефекти на климатските промени, предупреди Гаутам Нарасимхан, висок советник на УНИЦЕФ за клима, енергија и животна средина.

Нарасимхан смета дека климатската криза во пракса може да се оцени како криза во областа на правата на децата.

Вкупно 99 проценти од 2,2 милијарди деца во светот се изложени на ризик од најмалку еден процес поврзан со климатските промени, како што се топлина, урагани, поплави, суши и загадување на водата, рече тој, цитирајќи го првиот индекс на климатски ризик за деца, објавен од УНИЦЕФ во август оваа година

Околу една милијарда деца ширум светот би можеле да бидат изложени на ризик од негативните ефекти на климатските промени, рече тој.

Климатските шокови на кои се изложени децата, се закана не само за здравјето, туку и за образованието и животниот стандард, рече претставникот на УНИЦЕФ.