Author: НОВА ТВ

Jавноста има право да знае каква менаџерка била Данела Арсовска и дали досега работела за доброто на Скопје и скопјани, велат од Градската организација на СДСМ, на денешната прес конференција. Оттаму велат дека Арсовска скрила дел од нејзината биографија. – Арсовска се обиде да скрие дека била катастрофален менаџер на скопската сала Расадник, изградена со самопридонес на скопјани, а ја зела под закуп на 25 години за само илјада евра месечно кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска се обиде да ги скрие семејните фирми со седиште на сала Расадник, кои профитирале, додека салата тонела во долгови, се крадела струја во…

Read More

Актуелниот лидер ПСЖ со проблеми во играчкиот кадар го дочекува викендов бранителот на титулата Лил во дерби натпреварот од 12 коло во француското првенство. ПСЖ дефинитивно на натпреварот в сабота ќе биде без услугите на Килијан Мбапе, кој има инфекција на увото, грлото и носот, и според најавите од клубот на теренот ќе се врати идната недела. Со екипата денеска не тренираше ниту Лионел Меси, кој има проблеми со болки во мускулите и неговиот настап против Лил е неизвесен. – Од внимателност донесовме одлука да не тренира., Дали Меси ќе игра против Лил не знаеме, за тоа ќе одлучиме на…

Read More

Светската здравствена организација денеска го претстави новиот план за борба против Ковид-19 во најсиромашните земји и побара 23,4 милијарди долари во следните 12 месеци за негово финансирање. Партнерството на најголемите светски здравствени агенции (наречено ACT акцелератор) има потреба од 23,4 милијарди долари за да им помогне на најризичните земји да набават и да распоредат средства за борба против Ковид-19 од сега до септември 2022 година, се вели во соопштението на СЗО. Таа сума е минимална во однос на илјадниците милијарди долари економски загуби предизвикани од пандемијата и трошоците за плановите за реконструкција. „Нееднаквиот пристап до тестовите, третманите и вакцините за…

Read More

Вчера наутро Итната медицинска помош во полициското одделение Шуто Оризари пријавила дека во дом во Скопје на улицата Гвадалахара има починато бебе. – Полициски службеници од Полициското одделение излегле на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција, наведува МВР во дневниот билтен.

Read More

Во тек се завршните подготовки за Државното првенство во планинско трчање, кое претстојниот викенд ќе се одржи во Националниот парк Пелистер. Организатори на натпреварувањето, кое ќе се одвива во поединечна и екипна конкуренција, се Атлетската федерација и Здружението БОФ Битола. Стартот на државното првенство во планинско трчање е закажан за в сабота во 11 часот пред Хотел „Молика“.

Read More

Ние движиме напред заедно со луѓето. Носиме многу повеќе грижа и многу повеќе ефикасност во служењето кон граѓаните. Тоа е промената која ја внесуваме и во централната, и во локалната власт и внатре во СДСМ како партија. Оваа Влада се грижи и ќе продолжи да се грижи за секој еден граѓанин, искрено и доследно, вели лидерот на СДСМ премиер Зоран Заев преку видео обраќање на својот „Фејсбук“ профил. – Даваме помош и поддршка за луѓето. Особено за социјално загрозените, за послабите и беспомошните во општеството. Ги зголемуваме платите со досега невидено темпо од осамостојувањето на државата.  Цената на струјата не…

Read More

Евтин антидепресив ја намалува потребата од хоспитализација кај високоризичните возрасни пациенти со Ковид-19 покажуваат клиничките испитувања, јавија американските медиуми. Научниците испробале лек против депресија и опсесивно-компулсивно нарушување врз пациенти бидејќи за него имало податоци дека го намалува воспалението и дал ветувачки резултати во мали студии. Резултатите беа споделени со американскиот национален институт за здравје, а авторите на студијата се надеваат дека терапијата ќе биде препорачана од Светската здравствена организација. – Доколку СЗО препорача, ќе биде широко користен, вели коавторот на студијата д-р Едвард Милс од Универзитетот МекМастер во Хамилтон, Онтарио, Канада. Тој додаде дека сиромашните земји ќе можат брзо да…

Read More

Од почетокот на пандемијата досега во земјава се регистрирани 201.292 случаи на Ковид-19. Од нив, 187.695 оздравеа, а 7.098 ја изгубија битката со корона вирусот. Моментално има 6.499 активни случаи на корона вирусот. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 203, Битола – 24, Куманово и Кавадарци – по 22, Велес и Штип – по 21, Прилеп – 19, Кочани – 16, Тетово – 12, Пробиштип – 9, Охрид – 8, Неготино и Свети Николе – по 6,…

Read More

Гевгелија, нема да дозволиме никој да ѝ го украде европскиот дух и да ја врати во времето на барокот, некаде во минато време. Гевгелија, којашто е со отворени порти кон Европа, знам дека нема да дозволи режимот да се инсталира во градот и налик на Скопје, да ви донесат бикови, шмизли, лавови, а вас граѓаните да ве затворат со изолација, во мрак, рече Заев вечерва од Гевгелија заедно со кандидатот за градоначалник Сашо Поцков. – Но не одат заедно другари: режим и демократија, европски вредности и режимски методи на владеење. Обединети – напред е единствениот концепт, којшто во себе го носи…

Read More

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, вечерва оствари средба со граѓани во Општината Сарај. Тој со нив разговарал за тоа што досега е сработено во оваа општина, како и она што се очекува да се сработи во новиот мандат. – Во одржување и реконструкција на уличната мрежа во населените места Глумово, Кондово, Љубин, Крушопек, Сарај и Рашче заедно со реконструкцијата на автобуски постојки во Свиларе и Рашче преку ЈП Улици и патишта инвестирани се околу 50 милиони денари. Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализационата мрежа во висина од 5 милиони денари. Го реконструиравме средното училиште…

Read More

Екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски најави унгарскиот опозиционер, Петер Марки Заи, доколку унгарскиот премиер Виктор Орбан ја изгуби власта, а тој победи на парламентарните избори во Унгарија кои ќе се одржат догодина. ❗️Megmarad a kerítés és ki fogjuk utasítani a Fidesz által betelepített bűnöző migránsokat. Ki fogjuk adni a macedón Nikola Gruevszkit, a jordán Zaid Naffát és a többi, Fidesz által betelepített bűnöző migránst.https://t.co/k7xY1Q69ZT#csakfelfelé #választás2022 #MZP #migráns pic.twitter.com/iEHKiGcgWq — Márki-Zay Péter (@markizaypeter) October 27, 2021 – Оградата ќе остане и ќе ги избркаме криминалните мигранти населени од „Фидес“. Ќе ги екстрадираме Никола Груевски од Македонија, Заид Нафа од Јордан…

Read More

Конгресот на САД усвои закон според кој трговците на уметнички дела треба да го откриваат идентитетот на купувачите и продавачите на уметнички слики, скулптури, антиквитети и други форми на уметност. Со ова, пишува изданието Аксиос, завршува приватноста и анонимноста на пазарот со уметнички дела. Законот стапува во сила во декември и според него се бара потврда за идентитетот на купувачите и продавачите, не само на посредниците при продажбата на уметнички дела. Намерата е да се запре со злоупотреби од типот кога со откупот на скапоцени дела се перат пари заработени на незаконски начин. Измените во регулативата започнаа да се прават…

Read More