Author: НОВА ТВ

Референдумската иницијатива „Да ја заштитиме хрватската куна“ денеска почна да собира потписи на плоштадот Бан Јелашиќ во Загреб за распишување референдум, со кој, како што велат, сакаат да му овозможат на хрватскиот народ да одлучи за сопствената валута. Потписи ќе се собираат на повеќе од 250 локации низ Хрватска, а граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат Уставот да содржи одредба во која ќе биде наведено дека паричната единица на Република Хрватска е куната, која се дели на сто липи и дека одлуката за промена на паричната единица во Хрватска, гласачите ја носат на референдум, објави Хина. – Го претставивме ова…

Read More

Талибанската власт во Авганистан од денеска почнуваат програма за борба против гладта, нудејќи им на илјадници луѓе пченица во замена за работна сила. – Програмата ќе биде спроведена во поголемите авганистански градови и со неа ќе можат да се вработат 40.000 луѓе само во главниот град Кабул, изјави портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид на прес-конференција. – Ова е важен чекор во борбата против невработеноста, истакна Муџахид, додавајќи дека работниците ќе мора „да работат напорно“. Авганистан, кој веќе страда од сиромаштија, суша, прекин на електричната енергија и неуспешен економски систем, сега се соочува со почетокот на сурова зима. Според талибанската програма…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска додели сертификати на учесниците на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование, за 2021 година. На школата, која се реализираше преку четири едукативни семинари во периодот од март до ноември 2021 година, со учество на еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство, учествуваа 41 млади на возраст од 25 до 35 години. Пендаровски при доделувањето на сертификатите, порача дека составот и постигнувањата на оваа прва генерација потврдува дека Школата е на вистинскиот пат да ја оствари оваа цел. -Избрани за учесници на отворен повик врз основа на личните постигнувања и заслуги и…

Read More

Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, поддржана од ВМРО – ДПМНЕ, утрово се сретна со жителите од општина Аеродром. Таа разговараше со пазарџиите и потрошувачите на пазарчето во трговскиот центар Бисер и се сретна со голем број жители на општината. – Се обврзувам дека ќе изнајдеме решенија за сите проблеми со кои се соочуваат жителите од оваа општина уште од првиот ден од мојот мандат и ќе ги решиме во првите две години. Ќе бидам градоначалник кој во договор со сите граѓани ќе работи на проекти кои се од суштинско значење со цел подобрување на квалитетот на животот во…

Read More

На 74 – годишна возраст денеска почина филологот, научник и професор Атанас Вангелов. На него пред десетина дена по повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание му беше доделена државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието. Вангелов беше поет, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар, драмски автор, преведувач. Роден е во Богданци на 6 февруари 1946 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил претседател на Советот на СВП. Бил лектор по македонски јазик и литература во Париз. Работел како новинар во…

Read More

Кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски изјави дека нема да отстапи од хумана урбанизација преку планско градење и заштита на јавниот интерес. Општина Центар и граѓаните претрпеа огромна неправда со ГУП-от од 2012г кој конечно ќе се ревидира следната година, рече Герасимовски. Според него со постоечкиот ГУП во општина Центар било уништено зеленилото пред Градскиот трговски центар за деловен и комерцијален простор, но и многу други зелени површини во општината каде се изградија објекти. – Јас ќе ги ревидирам сите ДУП-ови кои не се совпаѓаат со Градскиот урбанистички план. Досега преку ревидирање на девет ДУП-ви…

Read More

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер најави дека е подготвен да нареди зголемување на бројот на федерални полицајци на границата со Полска за да помогне во борбата против зголемувањето на илегалната миграција од Белорусија, јави ДПА. Зехофер појасни дека 800 федерални полицајци се веќе стационирани на границата и можат да пристигнат дополнителен број доколку е потребно. Тој посочи и дека може да се воведат гранични проверки доколку ситуацијата не се смири. Бројот на мигранти кои се обидуваат илегално да влезат во Европската унија преку Белорусија значително се зголеми во последните месеци, а најголемиот дел од приливот го преземаат пограничните…

Read More

Љубителните на велосипедизмост денеска првпат ја пробаа новата вело шумска патека која се движи низ Средно Водно. Според градоначалникот Петре Шилегов, со оваа патека Средно Водно е поврзавно со велосипед со центарот на градот. – Оние коишто ја пробале кажуваат дека нуди 20-минутно адреналиско искуство. Оваа патека значи дека функционално го комплетиравме проектот Вело Водно со што нашата омилена скопска планина Водно станува функционална рекреативна и туристичка зона, рече Шилегов. – Овие две патеки, придружната инфраструктура Скопје де факто го ставаат Водно на туристичката мапа и станува туристичка атракција. Оваа патека надолната е црешата на шлагот на сите напори за…

Read More

Пешак од село Мала Речица се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од од моторно возило на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Вчера околу 16:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „фиат браво“, со непознати регистарски ознаки, удрило во пешакот А.А.(57) од с.Мала Речица, тетовско, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.А., констатирани во Клинички центар Тетово, посочуваат од МВР во редовниот дневен Билтен.

Read More

Од Управата за хидрометеоролошки работи за утре најавуваат свежо време со пониски утрински температури, кои во вторник некаде ќе се спуштат некој степен под нулата. Наутро на некои места во котлините ќе има услови за појава на магла. Од УХМР информираат дека до средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат. До крајот на денот не очекува променливо облачно и свежо време. Попладне и особено во северните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува…

Read More

Полицијата синоќа пронашла девет мигранти од Индија во оставено возило во близина на царинскиот терминал кај граничниот премин Богородица, а кое претходно не застанало на знакот за сопирање. Во возилото е пронајден и совозачот, кој е приведен, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. – На автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано „Клучка – с.Смоквица“, синоќа во 19 часот полициски сужбеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи со голема брзина кон граничениот премин…

Read More

Полициски службеници од ОВР Виница вчера во 23.20 часот ги лишиле од слобода М.Е.(24) и М.Д.(25), двајцата од Виница, соопштија од Министерството за внатрешни работи. – При преглед во патничко возило „цитроен“, управувано од  М.Д., каде сопатник бил М.Е., биле пронајдени и одземени марихуана, ризла и предмети со остатоци од марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, прецизираат од МВР.

Read More