Author: НОВА ТВ

Државните здравствени институции продолжуваат со вакцинација на населението против Ковид-19. Последните податоци што ги објави Министерството за здравство покажуваат дека заклучно со 21 месецов во државава се вакцинирани над 800 000 граѓани, односно 767 800 граѓани се ревакцинирани. Воедно, на пет илјади граѓани ја примиле трета анти ковид доза на вакцината. – Од популацијата над 40-годишна возраст ревакцинирани се 54 отсто, а 33 проценти од лицата од 18 до 39 години примиле најмалку една доза вакцина, велат од МЗ. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 проценти…

Read More

Голем број граѓански организации од целата држава на иницијатива на „Ајде Македонија“ денеска од 10 до 18 часот ќе спроведат национална хуманитарна акција „Нахрани 10 000“ за собирање храна. Станува збор за национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозени граѓани. Како што информираат организаторите, целта е на граѓаните да им се даде можност редовно да донираат храна која ќе заврши во рацете на 10 000 социјално загрозени граѓани. Хуманитарниот чин ќе се одвива во девет градови низ државава: Скопје, Битола, Виница, Струмица, Неготино, Охрид, Струга, Прилеп и Берово. – Хуманитарниот чин ќе се случи…

Read More

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има локален дожд, а вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени. – Во Скопје променливо облачно, наутро со услови за појава на магла во делови од котлината. Попладне и кон крајот на денот ќе има локален дожд и ќе…

Read More

Европската унија нема да финансира „бодликава жица и огради“ на границата за да го спречи доаѓањето на мигрантите, како што бараат дванаесет земји, вклучувајќи ги Литванија и Австрија, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. -Јас бев многу јасна дека Комисијата и Парламентот одамна се согласија дека нема да финансираат бодликава жица и огради, рече лидерката на ЕК по самитот на 27-те земји членки во Брисел на кој се разговараше и за ова прашање. Литванија гради ограда од бодликава жица долж границата со Белорусија за да го запре бранот мигранти, за чие оркестрирано доаѓање го обвинува белорускиот…

Read More

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска оствари работна средба со делегација на OБСЕ, предводена од генералниот секретар на ОБСЕ амбасадор  Хелга Шмид  и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која. Министерот Спасовски се заблагодари на континуираната, плодна и интензивна соработка што Министерството за внатрешни работи ја има со Мисијата на ОБСЕ во Скопје во јакнењето на институционалните капацитети, нагласувајќи ги стратешките приоритети за продолжување на реформскиот процес на полицијата, борбата против сериозниот и организиран криминал, корупцијата, тероризмот, илегалната миграција и кибер криминалот, како и професионализацијата на полицијата и можностите за…

Read More

Бројот на Американци кои добиваат засилувачки вакцини против коронавирус е двојно поголем од бројот на оние кои ја добиваат својата прва доза, покажуваат податоците на Центрите за контрола на болести (ЦДЦ), јави денеска Вашингтон пост.  За изминатата недела заклучно со четврток, дневниот просек на луѓе во САД кои добиле засилувачки вакцини изнесува околу 340.000, додека дневниот просек на оние кои што ја добиле првата доза за истиот седумдневен период изнесува 157.605 лица.  Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, бројките го покажуваат процепот во вакцинацијата меѓу Американците. Оние кои веќе примиле две дози се одлучуваат на дополнителна заштита од…

Read More

Христијан Мицкоски денеска случајно или не призна дека оставката на членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев, е негово дело и по негова инструкција, соопштија од СДСМ. – Со повикот до останатите членови на Комисијата и тие да си дадат оставка, Мицкоски се обидува по којзнае кој пат да ги поткопа позициите на државата и да ги влоши односите со Република Бугарија. И Комисијата и владата ги демантираа лажните вести на Ѓорѓиев за наводни притисоци врз работата, но тоа не го спречува Мицкоски во неговите деструкции. Одамна е прочитано ваквото неодговорно, антинародно…

Read More

Копретседателот на бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, професорот Ангел Димитров, го коментираше 15-от состанок на Комисијата, кој вчера и денеска се одржа онлајн. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Димитров на новинарите на брифингот во бугарското Министерство за надворешни работи им рече дека станува се потешко да ги информира за работата на заедничката Комисија. -До вчера напладне работите одеа добро во разговорите на заедничката историска Комисија, но, нешто се смени во последен момент, наведе Ангел Димитров. Според него, неговите колеги од Северна Македонија не дозволиле идеја…

Read More

Украинската национална хероина Надја Савченко, која некогаш беше приведена во Русија, е фатена со лажна потврда за вакцинација против коронавирус во нејзината земја и и се заканува затворска казна. – Савченко (40) е фатена во Киев со лажен сертификат за вакцинација против Ковид-19, изјави денеска министерот за внатрешни работи Денис Монастирски. Во земјата долетала од Турција со нејзината сестра и сега се соочува со две години затвор. Савченко беше приведена во 2014 година во борбата против проруските бунтовници во источна Украина и предадена на Русија. Таму поранешниот професионален војник и пратеничка беше осудена на 22 години затвор, но во 2016…

Read More

Во време кога сите наши потпорни точки се сериозно предизвикани, во време кога се соочуваме со страдање и смрт на глобално ниво, во време кога пандемијата не дистанцираше од другите, често и од самите себеси, нужно е да ја нагласиме важноста на вредносните котви кои ни даваат стабилност во нестабилново опкружување. Една од нашите заеднички вредносни котви е, секако, она што зад себе како животно дело го остави Блаже Конески, филолог, лингвист, визионер. Ова го истакна, меѓу другото претседателот, Стево Пендаровски пред родната куќа на великанот Блаже Конески во Небрегово. Со денешниот ден посветен на Конески се заокружуваат Отворените денови…

Read More

Етиопските воени воздушни напади врз главниот град на Тиграј денеска ги принудија Обединетите нации да го прекинат слетувањето на хуманитарен авион во Мекел. Портпаролот на етиописката влада, Легесе Тулу изјави дека властите се свесни дека бил планиран лет на ОН во таа област, но рече дека летовите на ОН и воените авиони имаат различни времиња и насоки. Засега не е познато колку етиописките воени авиони се приближиле до авионот на Обединетите нации. Легесе рече дека воздушните напади врз градот Мекел биле насочени кон поранешен воен центар за обука што сега го користат силите на Тиграј. Владата на Етиопија обвини некои…

Read More

Шпанските авиокомпании очекуваат повеќе летови оваа зима отколку во истиот период пред пандемијата, но тие се повеќе се загрижени за зголемувањето на цените на горивото што може да го загрози нивното закрепнување, објави денеска шефот на асоцијацијата на авиокомпаниите АЛА, Хавиер Гандара. – Во моментов се очекуваат 1,9 отсто повеќе летови во претстојната зима, од ноември до март, отколку во истиот период пред пандемијата, рече Гандара, мислејќи на домашните и меѓународните летови. Според него, за Канарските и Балеарските Острови планираните летови ги надминуваат оние од 2019 година за една десетина. – Авионскиот превоз на патници може да го достигне нивото…

Read More