Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен: ЕУ нема да финансира „жици и огради“ против мигрантите на границите

0
By НОВА ТВ on October 22, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 22, 2021 19:11

Европската унија нема да финансира „бодликава жица и огради“ на границата за да го спречи доаѓањето на мигрантите, како што бараат дванаесет земји, вклучувајќи ги Литванија и Австрија, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

-Јас бев многу јасна дека Комисијата и Парламентот одамна се согласија дека нема да финансираат бодликава жица и огради, рече лидерката на ЕК по самитот на 27-те земји членки во Брисел на кој се разговараше и за ова прашање.

Литванија гради ограда од бодликава жица долж границата со Белорусија за да го запре бранот мигранти, за чие оркестрирано доаѓање го обвинува белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Литванскиот претседател Гитанас Наузеда денеска во Брисел кажа дека таквите мерки се „неопходни на краток рок за управување со кризата“.

Доколку Литванија ја крене оградата, „може да смета на нашата солидарност. Не е на Литванците сами да ја финансираат“, изјави новиот австриски канцелар Александар Шаленберг.

Министрите за внатрешни работи на 12 земји членки (Австрија, Бугарија, Кипар, Данска, Естонија, Грција, Унгарија, Литванија, Латвија, Полска, Чешка и Словачка) на 7 октомври напишаа писмо до Европската комисија во кое од ЕУ бараат да ја финансира изградбата на таквите препреки на греаниицте.

„Физичката бариера е еден вид ефикасна мерка за заштита на границите, која им служи на интересите на целата ЕУ, не само на земјите-членки од првата линија“, оценуваат тие.

Комесарот за внатрешни работи Илва Јохансон им рече дека земјите имаат способност и право да градат огради, но кога станува збор за европското финансирање „тоа е друга работа“.

Полска, како и Литванија, почна да гради ограда од бодликава тел на дел од границата со Белорусија. Унгарија во екот на бегалската криза во 2015 година крена ограда на границата со Србија и Хрватска, а Словенија го стори истото со Хрватска.

Граници Мигранти Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.